Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
1Работна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилност
3ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
2Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ЗдравјеСЗО: Ковид-19 останува глобалена вонредна ситуацијаСветската здравствена организација објави дека Ковид-19 сè уште е глобална вонредна ситуација, речиси две и пол години откако првпат беше прогласена.Комитетот за вонредни ситуации, составен од независни експерти, во соопштението посочува дека зголемениот број случаи, постојаната еволуција на вирусот и притисокот врз здравствените служби во голем број земји значат дека состојбата е се уште вонредна. Бројот на пријавени случаи во СЗО се зголеми за 30 отсто во последните две недели, иако зголемениот имунитет на населението, главно благодарение на вакцините, значително ги намали хоспитализирањата и смртните случаи, се вели во соопштението на Комитетот. „Ковид-19 не е ни приближно завршен“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус на виртуелна прес-конференција во Женева. „Додека вирусот не притиска, ние мора да го потиснеме“. Поради Ковид-19, на 30 јануари 2020 година, Светската здравствена организација за прв пат прогласи највисоко ниво на предупредување, познато како јавно-здравствена вонредна состојба од меѓународен интерес. Таквата одлука може да помогне да се забрзаат истражувањата, финансирањето и меѓународните јавно-здравствени мерки за борба против болеста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ЖивотЕтна повторно прави „хаос“ на Сицилија Вулканот Етна повторно е активен, а испуштањето вулканска пепел веќе почна да го попречува воздушниот сообраќај на Сицилија. Облакот од вулканска пепел достигна висина од околу четири километри и се движи кон југ, во правец на Катанија и нејзиниот аеродром „Фонтанароса“, пишува „Ла Сицилија“. Поради опасноста за воздушниот сообраќај, летовите кон и од аеродромот во Катанија се суспендирани . Компанијата SAC, која управува со аеродромите во Катанија и Комизо, соопшти дека поради испуштањето пепел од Етна и правецот на ветровите на поголеми височини, продолжено е затворањето на воздушниот простор што ги опфаќа секторите C1 и B3. Ve #etna tekrar faaliyette! Libya açıklarındaki doğacak siklonun yoğun bulut baskısı yanardağı harekete geçirdi. Basitçe: tonlarca bulutun levhaya yaptığı baskı magmayı sıkıştırarak ilk M4.8 #deprem tetikledi. Sonra Etna'nın lav seviyesini yükseltti. https://t.co/Bc8MkMxJtW — Mustafa Kılıç (@Mkilic76) September 15, 2026 Станува збор за делови од воздушниот простор каде што вулканската пепел би можела да претставува опасност за воздухопловите. Податоците за движењето на облакот се засноваат на пресметки на Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) и се објавуваат преку билтените VONA, односно известувањата од вулканолошката опсерваторија наменети за авијацијата.Тагови: Етна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаРаботна посета на заменик-министерот Ристески на Република Словенија - фокус на трудот и трудовата мобилностДелегација предводена од заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески е во неколкудневна работна посета на Словенија.Во рамки на посетата, заедно со претставници од повеќе институции ќе се реализираат работни средби со високи претставници од релевантните институции во Република Словенија во однос на законската рамка, институционалните практики и примената на правото на Европската Унија во областа на трудот, миграцијата и трудовата мобилност. Во рамки на престојот ќе бидат посетени и реализирани средби со високи претставници на Министерството за економија, труд и спорт, Агенцијата за вработување на Словенија, Министерството за внатрешни и јавни работи, како и Канцеларијата за поддршка и интеграција на мигранти, каде ќе се презентираат искуствата на Република Словенија во примената на релевантното законодавство на Европската Унија и практичното спроведување на политиките во оваа област. Целта на студиската посета е размена на искуства кои ќе дадат придонес во унапредувањето на политиките и институционалната рамка во областа на трудот и трудовата мобилност, во согласност со европските стандарди. Студиската посета е организирана од страна на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), во рамки на проектите „Искористување на потенцијалот на дијаспората за напредување во пристапувањето кон Европската Унија и мобилноста на работната сила во Западен Балкан“ и „Регионалната програма за управување со миграцијата (RMGP) – фокус на Западен Балкан и Република Турција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центритеАрамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот. СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат. Прашањата остануваат. Кој е инвеститорот? Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните? Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар? Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира. Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно. Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. Град во Калифорнија ги забрани на референдум. Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви. Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери. Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни. Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето. СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. Нема проект. Има провизија што бара покритие. Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата. Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook