Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
ЗдравјеСЗО ќе им даде друго име на мајмунските сипаници, за да се спречи дискриминација Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ќе го преименува вирусот на мајмунска сипаница за да избегнат дискриминација и стигматизација.Тедрос Аданом Гебрејезус, генерален директор на СЗО, рече дека организацијата „соработува со партнери и експерти од целиот свет за да го преименува вирусот на мајмунска сипаница, неговиот вид и болестите што ги предизвикува“. Одлуката доаѓа откако научниците повикаа на итна промена на името што тие го опишале како неточно, дискриминаторски и стигматизирачко. Тедрос рече дека новото име ќе биде објавено „што е можно поскоро“. Слична загриженост се појави во екот на пандемијата на коронавирус кога новите варијанти на КОВИД беа именувани по земјите или регионите во кои првпат беа откриени, што доведе до забрани за патување и други ограничувања. СЗО затоа воведе систем за именување кој новите варијанти ги именува по буквите од грчката азбука, пишува The Guardian. Научниците изјавија дека преовладува перцепцијата во медиумите и научната литература дека вирусот на мајмунски сипаници е ендемичен за африканските земји. Тие предупредуваат на „растечкиот наратив во медиумите и меѓу многу експерти кои се обидуваат да ја поврзат актуелната глобална епидемија со Африка, Западна Африка или Нигерија“. Да потсетиме, британската здравствена агенција минатиот месец забележа вирус на мајмунска сипаница кај лице кое пристигнало во Лондон од Нигерија на 4 мај. Оттогаш вирусот почнал да се шири во западните земји, главно меѓу мажите кои имаат секс со други мажи. Постојат два вида на мајмунски сипаници - западно африкански и конгоански. Годинашната епидемија ја предизвика првиот тип, кој е многу помалку опасен од вториот. „Во контекст на актуелната глобална епидемија, континуираното спомнување и номенклатура на овој вирус како африкански не само што е неточно, туку е и дискриминаторски и стигматизирачко“, пишуваат експертите, критикувајќи ја употребата на фотографии од африкански пациенти со лезии од големи сипаници во извештаите во медиумите. Британската здравствена агенција денеска извести дека уште 52 случаи на сипаници се пријавени во Англија, уште еден во Шкотска и еден во Велс, што значи дека до 14 јуни во Британија се регистрирани 524 инфекции со вирусот. Повеќе од 1.800 случаи на мајмунски сипаници се потврдени ширум светот во десетици земји надвор од Африка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter