Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗдравјеСЗО : Изолацијата не е доволна за да ја искорениме епидемијатаЗемјите кои воведоа ограничувања на движење за своите граѓани за да го спречат ширењето на епидемијата, мора да го искористат тоа време за борба против вирусот преку нивните здравствени установи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).„Барањето луѓето да останат дома и да го ограничат движењето на населението е губење време и помал притисок врз здравствениот систем. Но, само тоа нема да ја искорени епидемијата“, рече генералниот директор на Светската здравствена заштита Тедрос Аданом Гебреизус. Тој ги повика државите да го искористат времето на изолацијата на своите граѓани за да го искоренат вирусот. Гебреизус рече дека СЗО препорачува шест мерки. Првата е да се зголемат човековите капацитети на здравствените услуги, да се обучуваат здравствените работници и да се користат за борба против ширењето на коронавирусот. Втората е да се воспостави систем за откривање на секој сомнителен случај на ниво на заедница. Третата е да се зголемат капацитетите за третман и изолација на пациенти, Четвртата е да се идантификуваат приспособат и опремат установи што ќе се користат за лекување и изолација на пациентите. Петата е да се воспостави јасен план за изолирање на заразените од секакви контакти И шесто, да се фокусираат цели влади на борба против ширењето на коронавирусот. Овие мерки се најдобриот начин да се спречи и да се запре пренесувањето на болеста, така што вирусот, откако ќе бидат укинати ограничувањата, повторно да не еруптира, рече директорот на СЗО.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЗлатото и среброто бележат раст на светските берзиЦените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари. Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари. Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последициПо бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани. По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница. Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската тркаФранцуската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува. Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите. Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто. Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто. Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови. Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.Тагови: ле пен Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter