Кога ќе се запалат електричните автомобили, тие незапирливо горат, без разлика од каде се или колку се убави. Работите се сосема јасни, како и дека гаснењето пожар на само еден електричен автомобил може да биде тешка задача која ќе трае со часови.
Како што е познато, постојат неколку начини за гаснење на пожар во електричен автомобил, а сите имаат за цел да елиминираат една од трите услови на горење. Најчесто тоа се однесува на воздухот, поточно кислородот од воздухот, кој е неопходен за согорување.
За да се спречи тоа, пожарникарите го користат класичното решение на покривање со ќебе. Меѓутоа, овде е класичен само методот, но не и ќебето или прекривката што мора да издржи екстремно високи температури. Ваквите прекривки денес сѐ повеќе се дел од стандардната противпожарна опрема, а најчесто се користат во комбинација со други средства за гасење пожар.
Во овој случај, тоа беше истурање вода врз батериите за да се изладат и да се спречи понатамошна термичка реакција.
Добрата вест е дека пожарите во електричните автомобили не се вообичаена појава. Според Националниот одбор за безбедност на транспортот на САД, на секои 100.000 продадени електрични возила во САД има околу 25 пожари. Можеби звучи загрижувачки, но имајте на ум дека бројката за автомобили на бензин е далеку поголема - 1.530 пожари на 100.000 автомобили.