Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
1Голем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и Куманово
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЗдравјеСЗО и УСАИД со поддршка на здравствените власти за зајакнување на јавното здравјеОд Канцеларијата на СЗО во Скопје порачаа дека заедно со УСАИД ќе го продолжат партнерството со Македонија во делот на напорите за ставање крај на пандемијата на КОВИД-19.Министерството за здравство, Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје и Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) денеска го одбележаа успешното завршување на два едногодишни проекта за зајакнување на капацитетите на здравствениот систем за одговор на вонредни ситуации и вакцинација против КОВИД-19, информираат од Канцеларијата на СЗО во Скопје. Со цел земјата да биде што поподготвена за идни закани по јавното здравје, од Канцеларијата на СЗО информираат дека бил формиран Центар за епидемиолошко следење и управување со вонредни ситуации, се зголемила ефективноста на мрежата на лаборатории во јавното здравство и биле зајакнати капацитетите на здравствениот систем за одговор на пошироките здравствени потреби на населението. – Министерството за здравство тесно соработуваше со СЗО и други национални и меѓународни партнери со цел да можеме полесно да се справиме со КОВИД-19, да обезбедиме социо-економско закрепнување од пандемијата и да ги подобриме резултатите од здравствените интервенции за луѓето во земјата, изјави министерот за здравство Беким Сали. Порачал дека достигнувањата што се дел од овие проекти ќе послужат како поткрепа во воспоставување приоритетни цели на дваесетгодишната Национална развојна стратегија на Северна Македонија 2023 – 2042 година, која, како што информирал, е во фаза на изготвување. – СЗО и УСАИД го поддржаа спроведувањето на вакцинацијата против КОВИД-19 преку повеќе иницијативи, меѓу кои беа поддршката за здравствените власти при осмислувањето, надгледувањето и стратегиското приспособување на интервенциите за одговор на КОВИД-19, безбедната испорака на вакцините, овозможување на нови вештини и знаење за здравствените работници, како и спроведување истражувања со цел да се осознае мислењето и ставовите на граѓаните за да се создадат поволни услови за зголемување на нивната доверба во процесот на вакцинација против КОВИД-19, велат од Канцеларијата на СЗО. Д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО во Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје во своето обраќање истакнала дека ги поддржуваат здравствените власти така што нуделе решенија за одговор на пошироките здравствени потреби на населението за време на пандемијата и порачала дека поддршката продолжува и понатаму. – Сега треба да се фокусираме на напорите за закрепнување и намалување на ризиците за евентуални идни вонредни состојби. Понатамошните инвестиции и реобмислувањето на приоритетите во контекстот на КОВИД-19 создаваат уникатна можност за засилени активности за создавање поздрав свет, затоа што силните здравствени системи спасуваат повеќе животи, истакна д-р Јохансен. Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД истакнала дека сега е клучно време да се осигурат дека сè уште подобро подготвени за иднината, користејќи го тоа што веќе го научиле. – Во наредните месеци, ќе работиме заедно на унапредување на здравствените политики, зајакнување на Агенцијата за лекови и медицински средства, а ќе продолжиме и со поддржување на подготвеноста и спроведувањето на вакцинација против КОВИД-19 во Северна Македонија, информирала Дајбл. Од Канцеларијата на СЗО во Скопје порачаа дека заедно со УСАИД ќе го продолжат партнерството со Македонија во делот на напорите за ставање крај на пандемијата на КОВИД-19, ублажување на разорните социјални и економски последици од пандемијата и изградба на свет кој ќе биде подобро подготвен за идни настани од ваков вид. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолем интерес за гласање кај српските државјани во Македонија, пријавени се 1.438 за гласање во Скопје и КумановоЗначително поголем интерес за гласање од вообичаеното има и кај српските државјани во Македонија, кои гласаат во Скопје и Куманово... 1.438 српски државјани во Македонија излегоа да гласаат на предвремените парламентарните избори во Република Србија. Зголемен број на граѓани кои гласаа во српската амбасада во Скопје и почесниот конзулат во Куманово. И почесниот конзул на Република Србија во Македонија со седиште во Охрид Михајло Филев гласаше за него е важна добрата соработка меѓу двете земји и добриот соживот. Граѓаните веруваат дека гласале за добра иднина на Србија, веруваат дека изборите ќе поминат во демократска атмосфера. Српски државјани кои живеат на повеќе континенти поминале илјадници километри за да го остварат своето гласачко право. „Прелетав девет илјади километри од Виетнам до Србија да гласам, бидејќи верувам во промена и правда.“ „Живеам на Бали, ќе патувам илјада километри само за да гласам. Летам две илјади километри до Џакарта со карта од Виетнам.“ „Секој глас треба да се слушне. Секој глас е важен без разлика каде живеете.“ Овие избори покажаа масовна излезност во сите гласачки места низ светот. Долги редици на гласачи во Чикаго, Љубљана, Загреб, Франкфурт и Штутград, на сите гласачки места скоро тројно бил зголемен интересот за гласање. На овие избори биле регистрирани 102. 147 гласачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканРама најави казни од 5.500 евра за насилните демонстранти (ВИДЕО)Албанскиот премиер Еди Рама денес презентираше нов пакет мерки против „насилството и урбаната анархија“, кој вклучува казни до 5.500 евра за лица кои оштетуваат туѓ имот за време на демонстрациите.Рама на прес-конференција рече дека штетата треба да ја плати лицето кое ја предизвикало и дека мерките не се насочени кон мирни демонстранти, објави албанскиот „Еуроњуз“. „Нормативниот акт за итна компензација за штета на малите бизниси претставува финансиска поддршка за погодените од кражби, грабежи и пожари. Со овој закон, државата ќе покрие од 70 до 100 проценти од штетата на бизнисмените чиј имот е оштетен“, рече албанскиот премиер. Тој додаде дека пакетот мерки вклучува и посебен закон за санирање на штети, измени на законот за собири, посебен електронски регистар за урбани прекршители, измени на етичкиот кодекс за наставници и предлог за измени на Кривичниот законик. Тој рече дека законот се однесува на сите собири на јавни места, без разлика дали се најавени, забранети или спонтани. „Никој не плаќа штета затоа што протестирал или бил присутен на собир од каков било вид. Оваа одговорност за надомест на предизвиканата штета произлегува исклучиво од личното однесување на лицето и овој закон не ја ограничува слободата на собирање и изразување“, тврдеше Рама. Според него, секое лице кое учествува во насилно собирање и не си оди откако ќе биде предупредено од полицијата да си замине, ќе биде финансиски одговорно. „Секој што ќе одлучи да остане во толпа или група што каменува, гори, крши и уништува, ќе биде одговорен“, рече Рама. Додаде дека новинарите, лекарите, набљудувачите, вработените на должност или случајните минувачи ќе бидат ослободени од правилото. Тој нагласи дека мерките се развиени во соработка со европски експерти и италијански и француски партнери. Според него, секоја предложена мерка е во согласност со член 47 од Уставот на Албанија, член 11 од Европската конвенција за човекови права, јуриспруденцијата на Судот во Стразбур, Венецијанската комисија и упатствата на ОДИХР за слобода на мирно собирање. Тој рече дека родителите ќе платат казна ако се покаже дека нивните деца под 14 години предизвикале штета. Рама изјави дека е подготвен да ги сослуша граѓаните кои имаат забелешки кон владата, но изјави дека барањето за негова оставка „не може да се наметне со сила“. „Кој и да бара моја оставка греши ако мисли дека може да се наметне со сила или со која било друга форма на насилство. Јас имам должност да ја заштитам земјата и народот од каков било обид да се врати Албанија назад“, рече премиерот. Тој изјави дека државата има должност да го казни секој што крева рака врз јавниот и приватниот имот и што го загрозува редот и безбедноста.Тагови: Еди Рама Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПолициски кучиња избегале од домот на својот тренер и повредија маж и жена (ВИДЕО) Две лица се сериозно повредени откако две полициски кучиња избегале од дворот на домот на нивниот тренер во Сајлеби.Две лица се сериозно повредени откако две полициски кучиња избегале од дворот на домот на нивниот тренер во Сајлеби, Лестершир, објави „Мирор“. Полицијата потврди дека е започната истрага. Едно куче моментално е на активна должност, додека другото е „пензионирано“. На снимката се гледаат две кучиња, за кои се верува дека се германски овчари, како лаат на улицата и се приближуваат кон жена. Маж во возило застанал да ѝ помогне и очигледно бил каснат од едно од кучињата. @perry_news_hq Breaking news. TWO INJURED AFTER POLICE DOGS ESCAPE HANDLER'S HOME. Sileby police dogs escape garden and injure two people. Two hurt after operational dog bites man in Leicestershire. On Tuesday the twentieth of October in Sileby near Loughborough an operational police dog and a retired one escaped the garden of their handler’s home. The dogs which appear to be German shepherds barked in the street and approached a woman before the operational dog bit a man on the ankle as he stopped to help. His work boots limited the injury to minor cuts. Leicestershire Police called it an isolated incident after a thorough investigation, spoke to the handler about the gate, ordered a safety assessment and apologised to those involved. This is breaking news and a UK news update on the local incident. Sileby police dogs escape Two people suffer minor injuries Operational dog bites ankle Isolated incident police confirm Force apologises to public THIS IS A BREAKING NEWS STORY. DETAILS MAY CHANGE AS MORE INFORMATION COMES IN. SOME THINGS MAY NOT BE MENTIONED IN THIS NEWS STORY BECAUSE DETAILS HAVE CHANGED. THIS REPORT IS BASED ON THE LATEST INFORMATION AVAILABLE AT THE TIME OF PUBLISHING. #breakingnews #news #Leicestershire #PoliceDogs #CapCut ♬ original sound - DR-PERRY-🟦🟩🟥🟪-NEWS-HQ Полицијата соопшти дека станува збор за изолиран инцидент, но потврди дека ќе истражат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook