Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
2Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избори
ЗдравјеСЗО и УСАИД обезбедуваат биомедицинска опрема за унапредување на грижата за пациентите со КОВИДСо поддршка од Светската здравствена организација обезбедени се монитори за пациенти, маски за кислород и машини за позитивен притисок на дишните патишта (BiPAP) на две нивоа за што поуспешно справување со КОВИД-19. Биомедицинската опрема, во вредност од 6.244.000 денари е набавена со поддршка од УСАИД и ќе овозможи унапредување на третманот и грижата за пациентите со КОВИД-19. Мониторите за пациенти се суштински алатки за третман и нега на пациенти со респираторни заболувања и на пациенти на кои им е потребна интензивна нега. Тие обезбедуваат информации за виталните знаци, вклучително и отчукувањата на срцето, крвниот притисок, заситеноста со кислород и други респираторни параметри, кои се користат од медицинскиот персонал за третирање на пациентите. Кислородните маски и машините BiPAP помагаат да се спасат животи со обезбедување навремена и соодветна поддршка за кислородна терапија за пациентите со КОВИД-19. “Би сакал да се заблагодарам на Светската здравствена организација и УСАИД за обезбедената опрема, која претставува значаен придонес за нашиот здравствен систем. Со ова дополнително се зајакнува нашиот одговор на КОВИД-19, особено во грижата за пациентите со тешка форма на вирусот. Воедно, сакам да потсетам дека пандемијата е далеку од завршена и дека нашиот здравствен систем мора да остане подготвен и опремен за да спасува животи. За таа цел, заедно со Комисијата за заразни болести во континуитет ја следиме состојбата и искуствата од регионот“, рече министерот за здравство, д-р Беким Сали. Д-р Ане Јохансен, специјален претставник на СЗО во Македонија и в.д. Шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, истакна дека „Од почетокот на пандемијата, ние сме посветени да ги поддржуваме националните здравствени во одговорот на КOВИД-19, и со техничка соработка и со опрема“. „Со ублажување на недостигот на медицинска опрема во назначените центри за КОВИД-19, не само што ги поддржуваме здравствените работници во критичните моменти, туку и подготвеноста на здравствениот систем за задоволување на идните, долгорочни потреби. Покрај денешната донација, СЗО и УСАИД во изминатите два месеца обезбедија и дополнителна ИТ опрема во вредност од 836.908 денари за надградба на ИКТ инфраструктурата на Оперативниот центар за итни случаи за јавно здравје и 10-те регионални центри. Исто така, 932.530 денари ИТ опрема беше обезбедена на Институтот за јавно здравје и Центрите за јавно здравје за поддршка на одговорот на пандемијата. “Пандемијата на КОВИД-19 не е завршена, но оваа пандемија не принуди на глобално ниво да ги препознаеме недостатоците на здравствените системи во однос на одговор на ваква јавноздравствена криза. Медицинската опрема што ја доставуваме денес ќе одговори на некои од тие недостатоци - не само за лекување на пациенти со КОВИД-19, туку и за други на кои им е потребна интензивна нега и следење, особено за респираторни заболувања. Горди сме што продолжуваме со партнерството со СЗО и Министерството за здравство во нашиот заеднички одговор на КОВИД-19, кој исто така има за цел да го зајакне здравствениот систем на Северна Македонија”, рече Џејмс Стајн, в.д. Претставник на Канцеларијата на УСАИД во Македонија. Покрај обезбедувањето биомедицинска и ИТ опрема, како и реагенси и набавки за тестирање COVID-19, СЗО придонесува во националните напори преку партнерство со УСАИД за голем број други иницијативи, вклучително и градење на здравствениот систем за подготвеност за итни случаи и капацитети за одговор на земјата за време на пандемијата со КОВИД-19, развој на оперативен центар за итни случаи на јавно здравје и разузнавачка мрежа со 10-те регионални центри за јавно здравје низ целата земја; поддршка на градењето капацитети на здравствената работна сила, со цел што подобра подготвеност и одговор, како и борба против дезинформациите за да се зголеми довербата во процесот на вакцинација против КОВИД-19.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВардар против Мт Мелсунген на домашен терен ја завршува сезоната во ЕХФ Лигата на шампионите Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 18-45 часот во Јане Сандански ја затвара сезоната на европската сцена. противник на црвено црните е силниот германски преставник Мт Мелсунген.Црвено-црните пред домашната публика ја затвораат европската сезона. РК Вардар 1961 денес, 28 октомври, од 18:45 часот, во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува германскиот МТ Мелсунген во натпреварот од шестото, последно коло од групната фаза на ЕХФ Лигата на шампионите. Црвено-црните ќе се борат за втора победа во европската елита, со желба сезоната да ја заокружат со триумф пред своите навивачи. Поддршката од трибините ќе биде дополнителен мотив за Вардарци да го дадат максимумот и да се обидат да му се реваншираат на германскиот тим за поразот од 33:31 на првиот меѓусебен дуел во Касел, кога Вардар до самиот крај беше во игра за позитивен резултат. Како горд партнер и силен поддржувач на РК Вардар 1961, Видеолотарија Касинос Австрија е повторно со црвено-црните и во овој нивен европски предизвик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупцијаЈавните обвинители денеска избираат нов шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција.Вкупно 187 обвинители со право на глас ќе избираат меѓу петмина кандидати.Во трката се Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето е тајно и ќе трае од 8 до 16 часот. По завршувањето, резултатите ќе бидат сумирани на јавна седница. Кандидатите во своите програми најавија борба против корупцијата и перењето пари.Меѓу приоритетите се и зајакнување на истражните капацитети и финансиските истраги. Се најавуваат и поголема ефикасност и независност на Обвинителството. Изборот се спроведува поради истекот на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Тој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро по неговиот пораз на претседателските избориАмериканскиот претседател Доналд Трамп му одобрил влез во САД на бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро.Одлуката доаѓа по неговиот пораз на претседателските избори во Бразил, пренесува Си-Ен -Ен.Според американски извори, визи добиле членовите на неговото семејство.Болсонаро, според медиумските извештаи, веќе пристигнал во Соединетите држави.не е познато каде слетал, ниту дали директно разговарал со Трамп. Во Бразил тој е под истрага за сомневања за корупција и перење пари.Врховниот суд му наредил да ги предаде пасошите во рок од 24 часа.Болсонаро претходно негираше дека има намера да избега од земјата.Трамп изјави дека би го одобрил неговото доаѓање, критикувајќи го изборниот процес. На изборите Болсонаро загуби од левичарскиот претседател Луис Да Силва кој освои повеќе гласови во вториот круг од гласањето. Заминувањето на Болсонаро предизвика политички реакции и шпекулации за неговата иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39