СЗО Европа Ханс Клуге: Македонија ги спроведува препораките на СЗО

Нема потреба за тревога и за паника. Се работи за нов вирус и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат меѓу 60 илјади и 65 илјади лица.

„Здравствените власти и Владата во државата ги спроведуваат препораките од Светската здравствена организација (СЗО), дури и пред да се јави вчерашниот прв случај со корона беше формиран мултисекторски комитет за итни ситуации под директно раководство на премиерот. Заедно со помош на СЗО беше направена проценка на капацитетите, не само на човечките ресурси, туку и на инфраструктура. Секој ден се комуницира со граѓаните и тоа двапати дневно, постојат установи кои се на располагање и се подготвено за евентуален прием на пациенти. Исто така во делот на превентивата вклучени се и 10-те регионални центри за јавно здравје“, истакна д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа на денешноит Втор национален форум за здравје.

Тој порача дека нема потреба за тревога и за паника. Се работи за нов вирус и да не се заборави дека во различни делови на европскиот дел на СЗО секоја година од сезонски грип умираат меѓу 60 илјади и 65 илјади лица.

Граѓаните ги советува да ги почитуваат мерките за заштита од заразни болести. Инаку, на светско ниво има 81.104 случаи со коронавирус, во 46 држави, од кои 20 земји се во рамки на Европскиот регион на СЗО во кој вкупно има 53 земји. Во последните 24 часа има уште седум дополнителни земји каде што се јавија нови случаи, од кои 97 проценти од сите случаи се во Кина.

Руски воен авион се урна во близина на Крим

Руски воен авион денеска се урна во морето во близина на кримското пристаниште Севастопол, изјави гувернерот на регионот назначен од Русија.

„Пилотот безбедно се катапултирал и бил спасен. Цивилни објекти не се оштетени“, изјави гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев, пренесува Ројтерс.

Претходно руските канали Телеграм објавија дека руски борбен авион Су-35 се урнал во близина на Севастопол.

Не е јасно како дошло до инцидентот.

Таравари на панел дискусијата за интеграција на лицата со попреченост

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија .

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари, заедно со претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, учествуваа на важна панел дискусија за интеграцијата на лицата со попреченост во општеството.

На панел дискусијата се разговараше за потребите и барањата на оваа значајна категорија.

Темата за интеграција на лицата со попреченост во општеството е многу важно прашање за кое е важно да се има широка свест и соработка на општествено и политичко ниво, а учеството на Таравари на овој панел ја покажува неговата посветеност да се справи со проблемите со кои се соочуваат оваа категорија лица и да се промовира поинклузивно и еднакво општество за сите.

Покрај дискусијата за потребите и барањата на лицата со попреченост, важно е оваа дискусија да води кон конкретни акции и политики ориентирани кон нивна поддршка, се наведува во соопштението.

Јапонската сонда, иако немаше добар старт, ги надмина сите очекувања-преживеа втора лунарна ноќ

Јапонската сонда SLIM немаше одлично слетување на Месечината - слета на нос и брзо остана без струја.

Сепак, таа ги надмина овие проблеми, успеа да оживее, а сега да ја преживее втората лунарна ноќ и да испрати нови слики на Земјата.

- Синоќа добивме порака од СЛИМ, која потврди дека леталото по втор пат ја преживеа лунарната ноќ. Откако изгреа сонцето, сè уште беше високо, а опремата премногу жешка, па направивме само неколку снимки од необичниот пејзаж со навигациската камера - објави JAXA, јапонската вселенска агенција, на Икс (Твитер), додавајќи:

- Според собраните податоци, некои температурни сензори и неискористени ќелии на батерии почнуваат да откажуваат, но повеќето од функциите што ја преживеаја првата лунарна ноќ успеаја да преживеат и по втората лунарна ноќ.

На 19 јануари SLIM успешно слета на Месечината, со што Јапонија стана петта земја (по СССР, САД, Кина и Индија) која успешно изврши таканаречено меко слетување. Иако ја постигна целта и слета на само 55 метри од целта, сондата слета на нејзиниот нос, предизвикувајќи проблеми со напојувањето поради што таа се исклучи по помалку од половина час работа на површината на Месечината. Повторно беше вклучен по околу една недела, но беше исклучен на 1 февруари поради почетокот на лунарната ноќ.

На SLIM неодамна му се придружи американското вселенско летало Одисеја, прво испратено на површината на Месечината од 1972 година, но не успеа да ја преживее лунарната ноќ. Дури и индиското вселенско летало Викрам, кое слета во август, но престана да работи откако ќе се стемни, не можеше да ги преживее екстремно ниските температури во текот на лунарната ноќ.

притисни ентер