1 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЖивотСЗО: Електронските цигари и тутунските производи сè попопуларни меѓу младите во ЕвропаСпоред новиот извештај, 53 земји во Европа и Централна Азија до 2030 година ќе останат дел од светот со најголема потрошувачка на тутун. И покрај опаѓањето на пушењето тутун, младите Европјани се поттикнати сè повеќе да користат електронски цигари и нови ароматизирани производи со никотин, предупреди Одделот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европскиот регион, пренесе Јуроњуз. Според новиот извештај, 53 земји во Европа и Централна Азија до 2030 година ќе останат дел од светот со најголема потрошувачка на тутун. - Употребата на тутун веќе предизвикува повеќе од 1,1 милиони смртни случаи од незаразни болести секоја година во европскиот регион, и без забрзана акција во 2030 година ќе бидеме регион во светот со најлош резултат – рече директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Во 2024 година, околу 173 милиони луѓе во европскиот регион на СЗО биле корисници на тутун. - Имаме одговорност сега да го промениме курсот, да ги заштитиме младите луѓе од зависност од никотин, да го спречиме мешањето на индустријата во здравствената политика и да спроведеме прописи кои ќе ја спречат доживотната штета што може да се избегне – укажа Клуге. Се проценува дека во европскиот регион тутунски производи користат четири милиони деца на возраст од 13 до 15 години. За СЗО најитен предизвик е сузбивањето на порастот на користењето електронски цигари бидејќи ги користат 14,3 отсто од децата на возраст од 13 до 15 години, при што стапката е речиси идентична кај момчињата и девојчињата. Меѓу возрасните, Европа со околу 31,4 милиони корисници е втора во светот по употреба на електронски цигари, веднаш зад Северна и Јужна Америка. Европскиот регион е единствениот во светот за кој не се очекува дека ќе ја исполни целта за намалување на употребата на тутун меѓу жените за 30 проценти до 2025 година. Достапните податоци предвидуваат пад од само 12 проценти од 2010 година. Повеќе од 40 проценти од возрасните жени пушачи во светот – околу 62 милиони – живеат во европскиот регион, со преваленција на оние кои пушат од 17,2 проценти, што е речиси двојно повеќе од следното највисоко ниво од 9,1 проценти во двете Америки. Тој тренд се одразува и на електронските цигари: во речиси половина од земјите со достапни податоци, забележа СЗО, преваленцијата на употреба на електронски цигари била поголема меѓу девојчињата отколку кај момчињата. - Тоа не е случајност, тоа е резултат на намерна стратегија на индустријата насочена кон младите луѓе со производи со вкусови и софистициран маркетинг на социјалните мрежи – рече Клуге. Тој додаде дека Белгија, Данска и Холандија докажуваат дека е можно да се спротивстави на тоа со регулирање на новите производи, забрана на вкусовите и ограничување на огласувањето. - Секоја земја во европскиот регион би требало да го прави тоа за да ги заштити идните генерации – рече Клуге. Европската унија ги таргетира тутунските производи со нов сет европски даноци, а Шпанија презема чекори за заострување на правилата за тутун, казнувајќи ги родителите ако нивните малолетни деца пушат. СЗО забележа дека меѓу 53 земји во европскиот регион само 18 имаат закони за забрана на пушење кои ги покриваат сите јавни простори. Некои земји како Франција, Финска, Италија и Шведска, наметнуваат ограничени забрани на плажите, во училиштата и парковите. Во Европската унија продолжуваат преговорите за ревизија на Директивата за оданочување на тутунот. Меѓутоа, првичниот предлог на Европската комисија до 2028 година да се зголемат даночните стапки, вклучително и на електронските цигари, се соочува со противење од државите членки и потенцијално одложување на воведувањето на тие мерки.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
ХороскопДневен хороскоп за 26. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“Вечерва во „Само вистини со Видиновски“ гости ќе бидат Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав ЛабудовиќКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„На кавга со Иван“ - Иво Ранѓеловиќ Вечерва во 23.00 часот на Канал 5 Телевизија, а претходно на Youtube во 21.30 Иво Ранѓеловиќ ќе му гостува „На кавга“ на Иван Мирчевски. Иво Ранѓеловиќ е политиколог и магистер по компаративна политика и демократија од University College London (UCL), еден од најпрестижните универзитети во светот. Вечерва на актуелни теми ќе дебатира со Иван Мирчевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook