СЗО: Бројот на заразени и починати од коронавирус намален за четири отсто

Минатата недела беа пријавени повеќе од 5,5 милиони случаи на коронавирус и повеќе од 90.000 смртни случаи ширум светот. 

Во споредба со неделата претходно, бројот на заразени и на починати се намалија за четири отсто, според Светската здравствена организација (СЗО).

„Во светски рамки, бројот на нови случаи и смртни случаи од Ковид-19 се намали малку оваа недела: повеќе од 5,5 милиони луѓе се заразени и повеќе од 90.000 починаа", соопшти СЗО во својот неделен епидемиолошки билтен, додавајќи дека и покрај малиот пад, нивото на инфекција останува високо.

Инфекциите се зголемија во регионот на Југоисточна Азија (за 6 отсто), во кои СЗО ја вклучува и Индија, додека во Европа бројот на нови инфекции е намален за 23 проценти, во Источен Медитеран – за 13 отсто, во Африка – за 5 проценти, во Северна и Јужна Америка – за 4 отсто.

Смртноста значително се зголеми во Западен Пацифик (34 отсто) и Југоисточна Азија (15 отсто), но се намали во Европа (18 проценти), Источен Медитеран (13 проценти), Америка (4 отсто) и Африка. (Со 3 проценти).

Фото: Нивес повторно провоцира

Хрватската пејачка и манекенка повторно ги остави без здив нејзините фанови.

Таа овој пат е облечена во боите на Хрватска за да им пружи поддршка на фудбалските репрезентативци кои учествуваат во ЕУРО 2020.

- И денес сончање во соодветни бои ... Каде го гледате натпреварот? - напиша Нивес.

„Ма каква Карлеуша, бомба си “, стои во еден од коментарите на фотографијата.

Затворена најголемата онлајн продавница за украдени податоци

„Slilpp“ - најголемата онлајн продавница со украдени податоци, конечно е затворена.

„Slilpp“ постои од 2012 година и се проценува дека сопствениците на оваа страница заработиле милиони долари.

Тие продавале украдени податоци, од обични налози за плаќање преку Интернет до податоци за кредитни картички, тековни сметки во банка и тн.

За девет години се проценува дека е направена штета од 200.000.000 американски долари преку оваа страница.

Продадени се повеќе од 80 милиони податоци за најавување на одреден налог.

Околу 1.500 компании настрадаа од „Slilpp“ .

Интернет експерти предводени од експерти од Соединетите Американски Држави конечно и ставија крај на оваа страница и таа е под контрола на ФБИ.

Фото: Ким Кардашијан има необично Ламборџини

Ким својот автомобил го обложи сто ткаенина која наликува на крзно.

Тешко дека на обожувателите на Ламборџини би им се допаднала оваа идеја, но зад екстравагантниот потег стои добро смислен маркетинг.

Имено, Ким го направи своето Ламборџини Урус во крзно со цел да ја промовира својата продавница „Скимс“.

Ова сигурно не е најчудниот персонализиран автомобил на некои од личностите од светот на шоу-бизнисот што сме го виделе досега, но Ким успеа во тоа што го посакуваше - да го привлече вниманието на обожавателите кон нејзината продавница.

притисни ентер