ЗдравјеСЗО: Бројот на заболени од сипаници во светот минатата година се зголемил за 20 отстоСе прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година.Бројот на случаи на мали сипаници на глобално ниво се зголеми за 20 отсто лани поради недостиг на вакцинација во најсиромашните земји во светот и оние кои се погодени од конфликти, соопштија Светската здравствена организација (СЗО) и американските центри за контрола и превенција на болести. Се прецизира дека минатата година биле регистрирани околу 10,3 милиони случаи на заразени со сипаници во споредба со 8,65 милиони во 2022 година. Повеќе од 22 милиони деца ја пропуштија првата доза вакцини против сипаници минатата година, се нагласува во соопштението. Бројот на смртни случаи поврзани со таа болест се намали за осум отсто минатата година на 107.500 поради подобриот пристап до здравствени услуги и вакцини во земјите со високи приходи, како што е Европа. Во соопштението се наведува дека речиси половина од сите епидемии на сипаници се случиле во африканските земји, каде што бројот на смртни случаи е зголемен за 37 отсто.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрадоначалникот лукровски со порака за мир, љубов и заедништво по повод Голема БогородицаПрвиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска го одбележа големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, со посета на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје. Во духот на празникот, градоначалникот упати честитки до сите православни верници, со желби за добро здравје, духовен мир, благосостојба и семејна среќа. „Овој голем празник нè потсетува на најважните човечки вредности - верата, љубовта, надежта, милосрдието и грижата за ближниот“ - порача Лукровски. Успението на Пресвета Богородица, познато меѓу народот како Голема Богородица, е еден од најголемите празници посветени на Божјата Мајка и има особено значајно место во православната духовна традиција. ОПШТИНА КАРПОШТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на МакедонијаИван Стоилковиќ, министер во Владата на Македонија, до вчера заменик-премиер, денеска јасно покажа каде му е местото и кои му се вредностите.За него босанскиот српски лидер Ратко Младиќ - осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е величина и херој. За него тој е „негов генерал“ - среде Македонија. Ова е дел од поширока агенда: Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник. Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество - ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните. Министер во Владата на Мицкоски јавно велича човек осуден за геноцид во Сребреница. Тоа не е ниту личен став, ниту „културна разлика“. Тоа е директна порака: во оваа Влада има место за оние кои ги слават воените злосторници од најмрачните страници на балканската историја. СДСМ најостро го осудува овој чин. За вакви како Стоилковиќ нема место во ниту една демократска, европска и цивилизирана влада. Мицкоски мора да одговори - дали ова е официјален став на неговата Влада или личен испад на неговиот министер? Граѓаните на Македонија не заслужуваат да имаат министер кој воениот злосторник го нарекува „мој генерал“. Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние имаме министри во Владата кои ги величаат воените злосторници. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожариВо текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци Денеска (28.08.2026) полициски службеници од СВР Скопје на територија на општина Сарај реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми. Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Штип и Отсекот за превенција при СВР Тетово, пак, спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај. На наплатната станица „Кадрифаково“ во склоп на кампањата „Безбедно лето - вози одморен“, полициски службеници од СВР Штип на возачите во непосредна комуникација им укажаа за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, поточно на влезот во село Лешок, ги информираа возачите за последиците што можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол. Во текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност – Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook