Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
1Герасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во Центар
3Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст
ЗдравјеСЗО: 90% од светското население има имунитет на Ковид-19Светската здравствена организација изрази задоволство од фактот дека Кина релаксираше некои од своите рестрикции воведени во текот на пандемијата коронавирус, оценувајќи дека „многу е значајно владите да ги слушаат своите луѓе, кога тие страдаат“.Според директорот на вонредни ситуации во СЗО, Мајкл Рајан, увезувањето на одредени вакцини, како оние на Фајзер и Модерна, претставуваат солидна опција за Кина за засилување на имунитетот во своето население. Глобално, СЗО проценува дека светот е сѐ поблиску до крајот на пандемијата, заради високата стапка на вакцинација, но и прележаност на вирусот. „СЗО проценува дека најмалку 90% од светската популација веќе има барем некое ниво на имунитет на сарс-ков-2, заради претходна инфекција или вакцинација. Многу сме поблиску до тоа да може да кажеме дека вонредната фаза на пандемијата е завршена, но се уште не сме таму“ – вели Тедрос Гебрејезус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалУште на следното Светско првенство ќе има 64 репрезентации!? Дали на Светското првенство во 2030 година ќе учествуваат дури 64 репрезентации?Според претседателот на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), Алехандро Домингез, одговорот е потврден. Првиот човек на јужноамериканскиот фудбал на социјалната мрежа „Икс“ (X) објави дека јубилејот – 100 години од првото Светско првенство – ќе биде одбележан со турнир со рекорден број учесници. „Следното Светско првенство се игра дома. Во 2030 година, Уругвај, Аргентина и Парагвај ќе бидат домаќини на Светското првенство. Ова е одлична можност фудбалот да го прослави еденвековниот јубилеј на Светското првенство со натпреварување во кое ќе учествуваат 64 национални тима“, напиша Домингез. ¡El próximo se juega en casa! En 2030 se viene el Mundial de Uruguay, Argentina y Paraguay, Una gran oportunidad para el fútbol, para celebrar el Centenario de la Copa del Mundo con una competencia con 64 equipos pic.twitter.com/ocIjHYCN5f — Alejandro Domínguez (@agdws) July 20, 2026 Неговата изјава звучи како потврда на проект за кој тој долго време се залагаше. Најавата на Домингез уследи само неколку дена по изјавата на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој потврди дека сериозно се размислува за проширување на Светското првенство, но дека конечна одлука сè уште не е донесена. „Сите треба да имаат можност да учествуваат на Светското првенство, а не само Европа или Јужна Америка. Тоа е тема за која надлежните тела на ФИФА ќе дискутираат по ова Светско првенство“, изјави Инфантино во интервју за швајцарскиот „Блувин“ (Bluewin). Главни организатори на следното Светско првенство ќе бидат Шпанија, Португалија и Мароко, додека три натпревари ќе се одиграат во споменатите јужноамерикански земји во чест на еден век од постоењето на Мундијалот. Поради тоа, веќе се познати дури шест учесници на турнирот. Предлогот за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 репрезентации првпат беше претставен од претседателот на Уругвајската фудбалска асоцијација, Игнасио Алонсо, за време на состанокот на Советот на ФИФА во март 2025 година. КОНМЕБОЛ потоа ја поддржа иницијативата, а Домингез истакна дека јубилејот заслужува посебно издание на турнирот, со оглед на тоа што првото Светско првенство се одржало во Уругвај во 1930 година. Според италијанските медиуми, ФИФА ги интензивирала разговорите за овој проект во последните месеци.Тагови: ФИФА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Ги повикуваме младите да аплицираат, досега е исплатена 71 субвенција за возачка дозвола во ЦентарОпштина Центар ги повикува младите жители да аплицираат за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија.Заклучно со 31 јуни 2026 година се исплатени субвенции во вкупен износ од околу 710.000 денари, а обезбедени се средства за сите заинтересирани до крајот на годината. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека мерката е важна поддршка за младите и нивните семејства, но и за безбедноста во сообраќајот. „Мотото на овој проект е „Вози совесно“, а токму тоа ни е и целта, младите навремено да се стекнат со возачка обука, да бидат подготвени и одговорни кога ќе седнат зад воланот. Со оваа мерка не само што им помагаме финансиски, туку вложуваме и во поголема безбедност во сообраќајот“, порача Герасимовски. Право на еднократна субвенција од 10.000 денари имаат младите родени 2007 и 2008, кои ќе достават барање, копија од лична карта и трансакциска сметка, доказ за уплата во автошкола и потврда дека автошколата е регистрирана на подрачјето на Општина Центар. Од оваа година, општината овозможи и исплатата да се изврши на сметка на родителот, доколку така е побарано. Барањата се поднесуваат во архивата на Општина Центар, барака број 6, секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот, до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31 декември 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен шок, Мицкоски најавуваше намалување а цените на горивата поскапеаНаместо поевтини горива, како што ветуваше Мицкоски граѓаните се соочуваат со нов ценовен шок. Горивата повторно драстично поскапеа. Со последните две поскапувања дизелот е поскап за над 11 денари и сега чини 94 денари за литар. А мерки за заштита на стандардот на граѓаните нема. Секоја негова најава за намалување доведува до нов раст на цените. Граѓаните веќе се плашат од неговите најави за „мерки“. Ова второ последователно големо поскапување за само една недела, ќе значи и нов бран на поскапување на храна, превоз и услуги. Секој ден е нов ценовен шок. Додека народот се прашува како ќе го преживее месецот, Мицкоски нема намера да го заштити животниот стандард. Повторно нема никакви конкретни мерки - ниту за работниците, ниту за пензионерите, ниту за земјоделците, ниту за социјално ранливите. Луѓето го бројат секој денар за живот. Платите, ниту просечната, ниту минималната не стигнуваат за да се протурка месецот. Минималната потрошувачката кошничка повторно е скоро 70.000 денари Само за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни над 25.000 денари месечно. Ако се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, трошоците се 83.873 денари. Тоа е реалноста со Мицкоски и неговата ВМРО -ОКГ - за нив луксуз и тендери, за граѓаните трошки. Во Македонија секој ден е борба за преживување, математика за како да се купи храна, како да се платат сметки, како родителите да ги издржуваат своите деца - животот е се потежок. Каква трета економија во Европа, вистината е дека Мицкоски и неговата Влада системски го уништија стандардот на граѓаните, а економијата ја донесоа пред колапс. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook