СЗДМ: За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин - Канал 5

СЗДМ: За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин

Почитувани, во врска со состојбата на недостиг на инсулин и терпаија Ве известуваме дека СЗДМ со особено внимание, континуирано ја следи и се информира со состојбата на достапност на терапија до лицата со дијабетес на инсулинска терапија.

СЗДМ: За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин

За жал, повторно ни се случува недостиг на инсулин, за кој поставивме прашање до Министерството за здравство, од каде добивме официјален одговор дека заради реевидирање на количините на Ryzodeg согласно количините предвидени во реалзиација на тековниот тендер, се делат само останати количини по бројка, за сите други пациенти треба да се консултираат со своите специјалти - еднокринолози/дијабетолози и заеднички направат вистинки избор за замена на инсулинска терапија.

Воедно ја известуваме јавноста дека се појавува недостиг на терапија Ozeмpik i Rybelsus, дека побаравме информација од Министерството за здравство со чиј одговор, во моментов не мислислме дека е реален и продолживме со консултација со компаниите, нашите информации говорат дека има терапија, за сите постојни пациенти до потпишувањето на договоорот за набвака и планираните дополнителни количини, но за жал не сите и секој ја добиваме континуирано и навремено. Затоа ќе споделиме дополнителен став за состојбата со овие терапии.

СЗДМ изјавува дека моменталната состојба само ги потврдува нашите долгогодишни барања за промени во моделот на достапност на терпија и помагала со Отворен пазар и воведување на Референтни цени. Ние, сакаме да сериозно го подигнеме квалитетот на животот на лицата со Дијабетес, со конкретни мерки и активности од државата.

Затоа АПЕЛИРАМЕ на сериозност на Министерството за здравство и транспаретно да се делува и навремено да имаме информации во тековниот период.

Почитувани соборци, кои сте подложни на промени, исклучиво да се консултираат со специјалистот и со нов извештај да направат промена, со Ваш избор од можните замени!

Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија (СЗДМ)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во центарот на Киев: Руски дрон го погоди седиштетона украинската разузнувачка служба (ВИДЕО)

Руски дрон го погоди седиштето на безбедносната служба на Украина (SBU) во центарот на Киев, а официјални лица изјавија дека нападот бил директно насочен кон канцеларијата на нејзиниот шеф.

Хаос во центарот на Киев: Руски дрон го погоди седиштетона украинската разузнувачка служба (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека дронот ја погодил централната зграда на SBU на улицата Володимирска, спроти историската катедрала „Света Софија“ во градот, објави „Дејли меил“.

„Дронот бил насочен директно кон канцеларијата на шефот на безбедносната служба во таа зграда“, рече Зеленски по разговорите со вршителот на должноста шеф на SBU, Олександр Поклад.

Во нападот се повредени пет лица, според градоначалникот на Киев, додека густ црн чад се издигаше од местото на настанот. Зеленски рече дека службите за итни случаи се на местото на настанот.

Директниот удар се случил по неколкудневни речиси постојани руски воздушни напади врз украинскиот главен град. Снимки од последиците од нападот беа објавени и на социјалните медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во официјална посета на Украина, во чии рамки оствари средба со својот украински колега, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха.

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Во фокусот на разговорите беа можностите за натамошно продлабочување на политичкиот дијалог и соработката меѓу двете земји, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Посебен акцент беше ставен на унапредувањето на економската соработка, европската перспектива на двете земји, актуелните безбедносни предизвици, како и на можностите за учество на нашата држава во процесот на закрепнување и реконструкција на Украина.

Министерот Муцунски ја потврди цврстата и континуирана поддршка за Украина, нагласувајќи ја принципиелната позиција во однос на почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и меѓународното право.

„Стоиме со Украина. Украина е суверена држава. Нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува. Границите не можат да се менуваат со сила. А меѓународното право не може да биде прашање на избор кога неговото почитување не ни одговара“, истакна Муцунски.

Во разговорите беше нагласено и поширокото значење на безбедноста на Украина за европската и трансатлантската безбедност, како и потребата од заеднички и координиран ангажман на сојузниците и партнерите во создавањето услови за праведен и траен мир.

„Американското лидерство и европската одговорност мора да дејствуваат заедно. Така го зајакнуваме одвраќањето денес. Така ги создаваме условите за мир утре. И така обезбедуваме тој мир да биде траен“, порача министерот.

Муцунски ја потврди и подготвеноста на Македонија да продолжи да придонесува кон меѓународните напори за поддршка на Украина, како и активно да се вклучи во процесот на нејзино закрепнување и реконструкција.

„Кога разговорот повеќе нема да биде за одбрана и преживување, туку за обнова и просперитет. Сакаме тој ден да дојде што е можно поскоро. И кога ќе дојде, мојата држава има намера да биде тука – не само како пријател кој стоел со Украина во тешките времиња, туку и како партнер во нејзиното закрепнување и реконструкција“, нагласи Муцунски.

Двајцата министри ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на билатералната и мултилатералната соработка, како и за унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји.

Во рамките на посетата, министерот Муцунски оствари средба и со Олександр Корниенко, прв заменик-претседател на Врховната рада на Украина, а заедно со министерот Сибиха положија цвеќе пред Ѕидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Погребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврски

Поранешниот командант на босанските Срби и осуденик за воени злостроства, Ратко Младиќ, чие тело синоќа беше донесено во Србија, ќе биде погребан во понеделник на гробиштата Топчидер во Белград.

Погребот на Младиќ во понеделник во Белград, Вучиќ нема да присуствува поради службени обврски

Како што објавија српските медиуми, комеморацијата на Младиќ кој минатата недела почина во притворското одделение во Хаг, ќе се одржи утре во Домот на армијата.

Вчера ковчегот обвиткан со српско знаме беше пренесен од Холандија со авион на српската влада, по што беше пречекан со воени почести. Ковчегот од авионот го изнесоа шестмина војници, во придружба на синот на Младиќ и српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, кој рече дека семејството на Младиќ ќе ги објави плановите за погребот во наредните денови. Српскиот претседател Вучиќ денеска изјави дека поради службени обврски нема да присуствува на погребот на Младиќ, на кој се очекуваат голем број луѓе. Тој појасни дека во понеделник и во вторник треба да биде домаќин на претседателот на Узбекистан во Белград, посета која била закажана пред четири месеци. Комесарот за човекови права на советот на Европа, Мајкл О’флаерти, денеска порача дека јавното величење на починатиот воен злосторник претставуваат кршење на законите и директна навреда за жртвите на геноцидот во Сребреница и воените злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер