Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тошковски на Форумот на шефови на гранични полиции: Европската безбедност се гради заедно со Западен Балкан
2Тензии во Ал Наср. Постекоглу го замени бесниот Роналдо и го пресвртна резултатот од негатива од 0–2
ЗдравјеСЗДМ бара задржување на минимум квалитет на CGM системи, глукометри и ленти при јавната набавкаСЗДМ бара задржување на минимум квалитет на CGM системи, глукометри и ленти при јавната набавка за 2025 и 2026 годинаСледејќи ги активностите на надлежните институции и Владата на Македонија, за здарвство во реализација на годишните програми за справување со ДИЈАБЕТЕСОТ во државата за 2025 година, а во контекст на подготовките за нова набавка на системи за мерење на гликемија кај Лицата со дијабетес на инсулунска терапија, СЗДМ денес достави јавни барања до г-дин Христија Мицкоски, Претседател на Владата, г-дин Арбен Таравари, Министер за здравство и Националната комисија за дијабетес за потребата од придржување на минумум квалитет по стандари на глукомери, ленти за мерење шеќер во крвта и CGM ситеми - сензори, за сите 40.000 лица со Дијабетес на инулинска аптека, од кои 4.000 со Тип1 за кои бараме CGM - сензори. Имено, оваа година ќе се распишува редовна јавна набавка за глукомери, ленти и сензори, за нив бараме ГЛАВНИ минимални критериуми да се квалитет пропишпан по Европската агенција за лекови - ЕМА и усогласени со Американската агенција за лекови АДА. Исто така, бараме да се пропишат за главен критериум минимални стандарди а не минимална цена, согласно расположливоста на достапност на глукемри, ленти и сензори - системи, регистрирани во МАЛМЕД! За нас, останува приоритетно барањето за трансформација на моделот за достапност на глукомери и ленти до секој пациент Тип 2 на инсулин во аптеките по „референтна цена“ без одлагање, согласно ЕУ правилата и намерите на Министерството за здрасвтво и Министерот за здравство уште оваа година, имајќи во предвид дека се работи за префрлање на надлежност кон ФЗОСМ со подзаконски акти, тоа да се спроведе најбрзо. Нагласуваме, дека останувањето на истите правила за набавка на глукомери и ленти, како и досегашните набавки ќе ни донесат повторно и повторно најнеквалитетни глукомери и ленти, кои не се ни во производство, кои не се ни препознаени во овој регион, а за развиените земји да не коментираме! Да спречиме, беспотребни трошоци и загуби во здравствениот буџет со превенција од комлкикации заради неквалитетно и немање на менаџирање на Дијабетесот! Сојуз на здруженија на дијабетичари на МакедонијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаЛоши вести за „Google“ во Русија: Пристигна пресудата, мора да платат повеќе од 1,63 милијарди евраРускиот суд ја отфрли жалбата на гигантот: „Google Ireland“ мора да плати рекордна сума на сопствената филијала поради спорни трансакции и раскинување на договори.Московскиот окружен арбитражен суд ја отфрли касациската жалба на „Google Ireland Limited“ и „Google International LLC“ против одлуката за наплата на 160,3 милијарди рубљи (околу 1,63 милијарди евра) во корист на руската филијала на „Google“, објави денес Комерсант. Во февруари, московскиот суд му наложи на „Google Ireland“ да плати 101,7 милијарди рубљи (околу 1,04 милијарди евра) од главниот долг и дополнителни 58,6 милијарди рубљи (околу 601,6 милиони евра) камата. Деветтиот арбитражен суд во Москва ги отфрли жалбите на меѓународните структури на „Google“ во јуни, по што тие поднесоа касациска жалба, која сега е одбиена од Московскиот окружен арбитражен суд. Спорот го покрена стечајниот управник на руското правно лице „Google“, Валериј Таљаровски, кој побара одредени трансакции меѓу рускиот и ирскиот дел од компанијата да бидат поништени. Предмет на спорот беше раскинувањето на договорот за препродажба на рекламен простор од 2009 година, како и склучувањето на нов договор во април 2018 година. Таљаровски, исто така, ги оспори плаќањата извршени од руската филијала кон „Google Ireland“ во вкупен износ што надминува 373,7 милијарди рубљи (околу 3,84 милијарди евра), извршени од април 2018 година до март 2022 година. Судот го прифати барањето на стечајниот управник. Руските судови претходно донесоа и други одлуки против „Google“. Во февруари оваа година, Врховниот суд на Русија не прифати да го разгледа барањето на „Google International“ за преиспитување на одлуките на пониските судови што ги признаа тужбите на руските телевизиски канали против рускиот „Google“ за блокирање на нивните канали на „YouTube“. Извор: Б92Тагови: Google русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме МакедонијаНиколоски потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување Автопатот Скопје–Блаце е значаен инфраструктурен проект кој треба да го зајакне транспортното и економско поврзување на Македонија и регионот, истакна денеска заменик пртеседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. Тој потенцира дека проектот ќе донесе развој и посилно регионално поврзување, отворајќи нови можности за пристап до пристаништата Драч и Бар и дополнително зацврстувајќи ја позицијата на Македонија како транспортна раскрсница на Балканот. "Навистина е убаво кога се почнуваат нови проекти и кога се гледа нешто што во следните неколку години ќе донесе дополнителен развој, едно силно поврзување на нашата држава со Косово и со Црна Гора, отворање кон најмалку две пристаништа – дополнително отворање кон пристаништето Драч и отворање кон пристаништето Бар – и уште повеќе зацврстување на Македонија како една раскрсница на Балканот. Кога оваа Влада беше формирана во 2024-тата година, јасната политика и визија на премиерот Мицкоски беше дека Македонија треба да стане раскрсница на Балканот, да ја искористиме нашата уникатна положба каде што два паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10 – се пресекуваат, а на нив се надоврзуваат и Коридорот 11 и Коридорот 6", истакна вицепремиерот Николоски. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНиколоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53 Одбележување на роденденот на Мајка Тереза11:05Мицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
ФудбалРахим Стерлинг се соочува со затворска казнаПоранешниот фудбалер на Челзи, Манчестер Сити, ...Рахим Стерлинг би можел да се соочи со казна затвор до две години доколку биде прогласен за виновен за опасно возење.Против 31-годишниот фудбалер се покренати обвиненија откако учествувал во судир на автопат додека го управувал својот „Ламборгини“, чија вредност изнесува 270.000 фунти (315.000 евра). Тој исто така се товари за поседување азотен оксид наменет за вдишување и за одбивање да даде примерок за тестирање, пренесува Goal.com. Портпарол на полицијата во Хемпшир и на Островот Вајт го потврди случајот. „Возачот треба да се појави пред суд следниот месец и да одговара на обвиненијата по судирот на автопатот М3. Ex-England footballer Raheem Sterling veers his £270k Lamborghini across three lanes while driving erratically on the M3, minutes before crash He can be seen with what looks to be a balloon filled with 'hippy crack' as he turns back into the inside lanehttps://t.co/rbklDnj6iC pic.twitter.com/1A43BM7Fl2 — Video Forensics (@Video_Forensics) June 1, 2026 Рахим Стерлинг (31) од Беркшир е обвинет за опасно возење, поседување азотен оксид за недозволено вдишување и одбивање да даде примерок“, се наведува во соопштението. Обвинението поврзано со поседувањето на азотен оксид – познат како „гас за смеење“ – е особено сериозно бидејќи оваа супстанца е класифицирана како дрога од класа Ц уште од ноември 2023 година. Неговата употреба и понатаму претставува проблем во професионалниот фудбал, со оглед на потврдените ризици од срцев удар, мозочен удар и оштетување на мозокот. Стерлинг беше пуштен на слобода со кауција за време на истрагата и сега мора да одговара пред судот по поднесените обвиненија. Незгодата се случи во близина на клучката „Минли“; сведоците пријавија дека автомобилот удрил во заштитната ограда на автопатот. Во судирот немаше повредени, но Стерлинг е обвинет за сериозен прекршок поради начинот на кој управувал со возилото, според описите на очевидците. По инцидентот, поранешниот англиски репрезентативец ретко се појавува во јавноста и само повремено објавува содржини на социјалните мрежи, поминувајќи го времето со своето семејство. Слободен играч без клуб Овие правни проблеми доаѓаат во момент кога фудбалерот, кој четири пати ја освоил Премиер лигата, се соочува со тешка фаза во својата кариера. По периодот исполнет со трофеи во Манчестер Сити, неговиот трансфер во Челзи во 2022 година, вреден 56 милиони евра, се покажа како лоша одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook