Swiss Re: Економските загуби од природни катастрофи во првата половина од годината изнесуваа 135 милијарди долари - Канал 5

Swiss Re: Економските загуби од природни катастрофи во првата половина од годината изнесуваа 135 милијарди долари

Се очекува економските загуби предизвикани од природни катастрофи да достигнат 135 милијарди долари во првите шест месеци од годината, при што пожарите во Лос Анџелес ги зголемија трошоците за осигурителите, според првичната проценка на Swiss Re.

Swiss Re: Економските загуби од природни катастрофи во првата половина од годината изнесуваа 135 милијарди долари

Тоа е повисоко од првата половина на 2024 година, кога загубите беа проценети на околу 123 милијарди долари, при што загубите во првата половина на 2025 година го надминаа 10-годишниот просек за 36 проценти, соопшти швајцарскиот реосигурител во соопштение за медиумите.

Само пожарите во Лос Анџелес предизвикаа 40 милијарди долари загуби покриени од осигурителните компании.

Swiss Re ги опиша загубите како „екстремно сериозни“ бидејќи пожарите се случија во густо населен дел од САД со концентрација на осигурени средства со висока вредност.

Пожарите ги зголемија загубите на осигурителите во првата половина од годината на 80 милијарди долари, во споредба со 62 милијарди долари во првата половина на 2024 година, според првичната проценка на Swiss Re.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Падот на Вучиќ се уште ја бранува политичката сцена во Македонија

Не стивнуваат партиските реакции во земјава по падот на Александар Вучиќ во Србија. 

Падот на Вучиќ се уште ја бранува политичката сцена во Македонија

Повикувајќи се на информации од свиркачи СДСМ обвинува дека во изминатиот период им се сугерирало на институциите во Македонија да работат преку Алта Банка, за што бараат одговори од премиерот Мицкоски и гувернерот на Народната Банка Славески. Тврдат дека од централата во Белград до Скопје од српските избори до денес биле префрлени над 50 милиони евра, трансфери кои велат дека се дел од криминална мрежа со амин од власта, како попатна станица до Москва.

„Можевме и вчера да го видиме на една дебата, односно не е дебата, туку гостување на телевизија, гледам еден уплашен политичар којшто зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат. Преку свиркачи, СДСМ дојде до информација дека наназад, по влезот на Алта банка во Македонија, институциите во Македонија, вработените во тие институции и компаниите коишто добиваат тендери се терани усно да работат преку Алта банка. “-Андреј Жерновски – член на ИК на СДСМ.

Премиерот Мицкоски уверува дека критериумите за влез на банки во државата се строги и мора да се испочитувани. Во гостување на Само интервју ги отфрли обвинувањата од СДСМ за соработка со Вучиќ и рече дека не очекува српското сценарио да се отслика и кај нас.

„ Не знам дали е се во ред, но за да дојде во Македонија банка има таков клиринг процес во рамки на Народната банка што апсолутно не може било каков фенинг капитал да влезе овдека без да помине низ тој регулатор. /

Бидејќи ова со студентите некако брзо промптно реагиравте на нивните барања, вчера ги примивте.. Дали се плашите можеби да не има некое такво движење и кај нас да се појави? – Зарем ви личам на исплашен човек? Апсолутно, таман работа, прво, јас сум универзитетски професор кој секој ден е на линија со студентите. Второ, како човек никогаш нема да дозволам да се создаде движење коешто ќе биде толку радикално против моите политики, затоа што политиките што ги водам се народни и продржавни, промакедонски. “ - Христијан Мицкоски – претседател на Влада (Само интервју 29.10).

За тврдењата на СДСМ гувернерот Славески изјави дека самиот факт дека средства се префрлаат од една во друга земја не значи дека станува збор за сомнителна активност. Го повтори ставот на Народна банка дека неповерени тврдења за други банкарски системи не требало да се коментираат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание

Четириесет и четиригодишниот скопјанец Игор Дашковски Стојановски обвинет за палењето на две дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје ја призна вината на денешното прво судско рочиште. 

Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание

Посочи и дека никој не го поттикнал, ниту му наредил да ги запали возилата. Кои му биле мотивите, не кажа.

„Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив“, рече Дашковски пред судијката Фанка Јанчулева Михаиловска која го води предметот.

Обвинет е за кривично дело „Загрозување лица под меѓународна заштита“ според кое му се заканува казна затвор од најмалку една година затвор. Настанот се случи на 15 јуни годинава. Според обвинението, Стојановски со автобус пристигнал во централното градско подрачје, по што од бензинска станица наполнил пластично шише со бензин, а потоа ја преминал улицата и се приближил до двете паркирани дипломатски возила. Обвинителката Катерина Коларевиќ вели дека тој бил пресметлив во моментот на извршување на делото.

-Осудителна ќе е секако пресудата, во однос на казната ќе одлучи судот. Има факти кои се изнесуваат во вештачењето кое е изготвено од Д-р Марцикиќ во поглед на психичката состојба на обвинетиот. Па откако ќе ги сослушаме и тие факти ќе биде изведен како доказ вештиот наод и мислење во поглед на пресметливоста на обвинетиот, тој секако е пресметлив како личност и во состојба на пресметливост го сторил кривичното дело. Ќе ја сослушаме и одлуката на судот во поглед на казната,- изјави – Катерина Коларевиќ – Обвинител во ОЈО ГОКК.

Следното рочиште е закажано за 11 ноември... Обвинителството посочува дека бугарскиот амбасадор бил повикан да се произнесе за настанатата материјална штета, а во постапката биле испитани и претставници на амбасадата кои се под меѓународна заштита.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница

Решавање на локалните проблеми или гласање по етничка линија - што ќе биде пресудно во изборот на жителите на Брвеница на нов градоначалник во недела?

Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница

Во вториот изборен круг довербата ќе ја бараат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски и кандидатот на ДУИ и коалицијата, Аркин Јахиј, кои освоија најмногу гласови во првиот круг.

Според изборните комбинаторики се очекува неизвесна трка меѓу двајцата кандидати кои во кампањата деновиве се заблагодарија за поддршката и изразија оптимизам за победа во недела.

-Благодарност до сите граѓани што ми ја дадоа довербата во првиот изборен круг, очекувам поголема поддршка во вториот круг. Очекувам и победа, да славиме сите заедно, изјави Радичевски.

- Во недела, да застанеме заедно за нашата Брвеница, со достоинство, храброст и верба еден во друг. Заедно наспроти сите разлики. Ве повикувам да си подадеме рака за помирување, изјави Јахији.

На гласачките места во Брвеница во првиот круг од предвремените избори гласаа 7.565 избирачи, а излезеноста беше 46,56 отсто.

Изборните математики покажуваат дека ќе следува тесна битка во Брвеница, а гласовите на Вреди можат да го решат победникот. Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ на првото гласање освои 2.945 гласови наспроти Аркин Јахији од ДУИ со 2.152. Според калкулациите, решавачко ќе биде каде ќе отидат гласовите на отпаднатите кандидати Јакуп Хусени од Вреди со 1.528 гласа, Јовица Радевски од СДСМ со 706 гласа, и независните кандидати Душан Богдановски со 55 гласа и Арифе Идризи со 21 глас.

Дилемата е дали поддржувачите од Вреди ќе гласаат етнички, како што повикаа Али Ахмети и Арбен Таравари или според сопствени убедувања како што ги повикаа Мицкоски и Гаши.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер