СВР Велес: Трите починати лица во Црвени Брегови на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник

Трите починати лица што беа пронајдени во неготинското село Црвени Брегови биле на возраст од 71 и 66 години и еден малолетник, а нивните тела се предадени за обдукција, потврдија вечерва за МИА од СВР Велес.  

- Првичната информација е дека во 16.35 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во објект во село Црвени Брегови, неготинско, биле пронајдени три починати лица- Ј.Ј.(71) од Битола, Ф.Е.(66) од Ресен и малолетник од село Црвени Брегови. Лекар од Итна медицинска помош Неготино констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Неготино. По наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени на обдукција, појасни портпаролката на СВР Велес Биљана Ѓаковска за МИА.

Претходно случајот го потврдија од Јавното обвинителство од каде наведоа дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци извршил увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години.

- При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле, изјавија од Обвинителството за МИА.

ПОЦ: За една недела во Општина Центар „пајакот“ отстранил 132 непрописно паркирани возила

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила.

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 13.01. до 19.01.2025 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар денеска апелираа до граѓаните да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за безбедно однесување во сообраќајот со цел да се зачува безбедноста на останатите учесници во сообраќајот и реши проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На автопатот Демир Капија - Неготино синоќа околу 20 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода Е.Ф.(19) од Радовиш, затоа што во возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки превезувал шест лица мигранти, три од Непал и три од Индија.

- Претходно, на наплатна станица Демир Капија, тој не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници и продолжил со движење кон Гевгелија, при што влегол во тунел каде се изведувале градежни работи и со возилото удрил во работна машина, соопштија денеска од МВР.

Mигрантите се сместени во Транзитниот центар Табановце за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Нејмар го напушта Ал-Хилал, се враќа во родниот Сантош

 Бразилската ѕвезда Нејмар ја заврши својата авантура во Саудиска Арабија. Од него се очекуваше многу, но никогаш не успеа да го покаже потенцијалот во Ал-Хилал, а паралелно со тоа проблеми му правеа и многу повреди.

Нејмар ја напушта арапската земја за да се врати во Бразил. Според последните информации, постигнат е договор и Нејмар ќе се врати во Сантос на позајмица во следните 6 месеци. Разбирањето е веќе факт и ќе биде официјализирано во следните неколку дена.

Во неделата, претседателот на Сантос, Марсело Тешеира и директорот Педро Мартинс се сретнаа со претставниците на Нејмар и преговараа за платата на играчот.

притисни ентер