Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
МакедонијаСВР Скопје расчисти случај на уцена, лишен од слобода 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди пари од 61-годишникПо целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 14.05.2026 на подрачјето Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Е.И.(26) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од Кривичниот законик. Имено, на 13.05.2026 во полициска станица, 61-годишен скопјанец пријавил дека во периодот од 09.05. до 13.05.2026 на мобилна апликација на негов број добивал пораки од едно лице кое го уценувало и барало од него да му исплати 8.000 евра, во спротивно за него ќе објавел компромитирачки фотографии, видео материјали и разговори. Како што е пријавено, тој со лицето договорил да му даде 4.000 евра и го договорил местото и времето на примопредавање на парите, по што пријавил во полициска станица и му биле дадени крим-технички обработени пари. Откако лицето ги земало парите со ковертот било забележано од полициски службеници и било лишено од слобода, по што било утврдено дека станува збор за Е.И. од Скопје. При лишувањето тој турнал полициска службеничка, која се здобила со повреди и се обидел да побегне, но бил фатен и приведен. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПоранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвотоШефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи. Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот. -Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи. На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана. Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила. -Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. -Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризитеДенес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата. СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот. За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси. Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото. Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаСавески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последицитеНевладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter