МакедонијаСВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа на ул. РадишанскаПо преземени мерки и активности, СВР Скопје лиши од слобода едно лице во врска со сообраќајната несреќа во Скопје во која вчера загина 19-годишен мотоциклист од скопско.На 07.08.2026 во 12:12 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Радишанска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „алфа ромео“ со италијански регистарски ознаки, управувано од С.Б.(47) од Скопје со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски таблички, управуван од Н.М.(19) од с.Побожје, скопско. Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот Н.М.. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Додека, со телесни повреди се здобил возачот С.Б., констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски“. За време на вршење на увидот и по преземени мерки и обезбеден видео запис дојдено е до сознание дека во предизвикување на несреќата, но без физички контакт, учествува и патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото без да им укаже помош на повредените. По дополнително преземени мерки, околу 19:40 часот во с.Арачиново, скопско, пронајдено е возилото и возачот С.О.(46) од с.Арачиново. Тој е лишен од слобода, спроведен е во полициска станица и со него е извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Радишани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаEУ предлага нови санкции против Русија – на удар се банките, нафтата, спортот и руските војнициЕвропската комисија предложи нов, 22-ри пакет економски санкции против Русија поради продолжувањето на нападите врз Украина.Целта е дополнително да се зголеми притисокот врз Москва и да се ограничи финансирањето на војната. Предлогот предвидува исклучување на уште 60 руски банки од системот Свифт и ограничувања за криптоплатформите. Се предлага и забрана европските компании да вршат поправки на руски енергетски објекти, особено нафтени рафинерии. Новите мерки предвидуваат и забрана за влез во ЕУ на поранешни руски војници кои учествувале во војната во Украина. Комисијата предлага и исклучување на руските спортисти кои настапуваат под националното знаме од спортските настани во ЕУ. Ќе им биде забрането и финансирање и учество во управните тела на европските спортски федерации. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, изјави дека санкциите ќе продолжат сè додека Русија не покаже искрена намера за траен мир. За пакетот треба да одлучат земјите-членки, а Брисел се надева на негово усвојување во декември.Тагови: ЕУ русија санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо сослушување на сведоци на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00
ТехнологијаГермански медиуми: Русија би можела да лансира нуклеарно оружје во вселената уште во декемвриЗападните разузнавачки служби проценуваат дека Русија планира оваа година во вселената да лансира сателит опремен со нуклеарно оружје. Активирањето на такво оружје во орбитата би можело да уништи или оштети голем број сателити, што би имало катастрофални последици за цивилниот живот и воените операции на Земјата, се наведува во истражувањето на германските медиуми WDR, NDR и „Зидојче цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung), за што известува „Тагесшау“ (Tagesschau). Можноста за нуклеарна експлозија во вселената со години се разгледува во воените и разузнавачките кругови. Уште во февруари 2023 година, САД интерно предупредија за руските планови, а американските претставници тогаш зборуваа за „сериозна закана за националната безбедност“. Сателитот би можел да биде лансиран уште во декември. Според информациите на германските новинари, западните разузнавачки служби, вклучително и германската Федерална разузнавачка служба (BND), имаат сознанија дека Русија се подготвува да лансира сателит опремен со нуклеарно оружје. Сателитот, наречен „Спутник-С“, наводно е завршен уште пред неколку години и се чува во пошироката област на Москва. Разузнавачките предупредувања од почетокот на ноември укажуваат дека тој би можел да биде лансиран во рок од 60 дена и набргу потоа да стане оперативен. Вселенската команда на германската војска проценува дека лансирањето би можело да се случи уште во декември. Германското Министерство за одбрана одби да ја коментира оваа информација, повикувајќи се на доверливост. Руската амбасада ги отфрли обвинувањата како неосновани, нарекувајќи ги дел од пропагандна кампања и нагласувајќи дека вселенските активности на Русија се од исклучиво мирољубив карактер. Во октомври, американската Одбранбена разузнавачка агенција (DIA) објави проценка според која Русија развива сателит наменет за носење нуклеарно оружје. Поставувањето на таков сателит во орбитата би претставувало кршење на Договорот за вселената од 1967 година, со кој се забранува распоредување на нуклеарно оружје – како и друго оружје за масовно уништување – во орбитата околу Земјата. Од DIA предупредуваат дека, откако таков сателит ќе стигне во орбитата, можностите за негово запирање би биле крајно ограничени. Генерал Стивен Вајтинг, командант на Командата за вселенски операции на САД, процени дека нуклеарна експлозија би можела да доведе до откажување на приближно една третина од сателитите во ниската орбита околу Земјата, во текот на првите неколку часа или денови. Во текот на наредните месеци, и преостанатите сателити би можеле да престанат да функционираат. Последиците од таква експлозија нема да бидат ограничени само на вселената. Нуклеарна детонација би можела да создаде облак од отпадоци што би ги загрозил другите сателити, додека моќен електромагнетен импулс би можел да ги наруши електронските системи. Опасностите од нуклеарни експлозии на големи височини се познати уште од 1962 година, кога Соединетите Држави – како дел од тестот „Старфиш прајм“ (Starfish Prime) – детонираа нуклеарна бомба на височина од приближно 400 километри над Тихиот Океан. Експлозијата предизвика силен блесок, ги поремети уличното осветлување и телекомуникациите на Хаваи, а оштети и неколку сателити. Денес, во орбитата околу Земјата има повеќе од десет илјади активни сателити, што значи дека последиците од слична експлозија би можеле да бидат значително посериозни. Западните разузнавачки служби со години го следат рускиот сателит „Космос-2553“, кој беше лансиран во февруари 2022 година – непосредно пред почетокот на руската инвазија врз Украина. Русија тврди дека тој се користи за научни истражувања, но западните разузнавачки служби се сомневаат дека служел за тестирање технологија поврзана со нуклеарно оружје во вселената.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Млади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска ценаМлади брачни парови до 35 години ќе купуваат станови за најмалку 20% пониска цена, а студентите добиваат картичка со 20 проценти попуст преку М-услуги.ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки за младите продолжува активно да работи на подобро утре за секој млад човек. ВМРО-ДПМНЕ веќе ги најави трите клучни мерки кои адресираат егзистенција и домување на младите. Тоа се конкретни проекти, подготвени да се преточат во законски решенија, со однапред јасен начин на спроведување. Првата мерка се однесува на младите брачни парови до 35 години и предвидува најмалку 20% попуст на пазарната цена за станбен простор. За нејзино спроведување ќе се донесе закон според кој секоја градежна компанија, за да добие дозвола за градба, ќе мора да издвои најмалку 10% од станбената површина за брачни парови до 35 години, по цена најмалку 20% пониска од пазарната. Втората мерка исто така е наменета за млади до 35 години, но за оние што сакаат да градат свој дом. Секој млад брачен пар што ќе се одлучи на градба нема да плаќа комуналии на општината. И за оваа мерка исто така е предвидено законско решение. Третата мерка е за студентите. Секој студент ќе добие студентска картичка со низа поволности и 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користи преку апликацијата М-услуги. За да се спроведе истата ќе соработуваат сите надлежни институции, со цел студентите да добијат не само усогласување на студентскиот оброк со инфлацијата, туку поволности и за други услуги. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за на младите да им овозможи квалитетно образование, услови за професионална кариера, шанси за сопствен бизнис, создавање семејство и достоинствен живот во земјава. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО - ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook