ТенисСвитолина поуспешна од Ивановиќ на Ролан Гарос Шампионката на Ролан Гарос од 2008 година, Ана Ивановиќ го заврши настапот оваа година во 3. коло откако денеска беше поразена во два сета од Елина Свитолина од Украина. Двата сета Свитолина ги доби со идентични 6:4 во гемови. Ова е прв триумф на Свитолина по седумте претходни порази од Ивановиќ. Во следната рунда Свитолина ќе игра со победничката од мечот Серена Вилијамс – Кристина Младеновиќ. Пласман во осминафиналето на досега завршените мечеви обезбедија уште Јулија Потинцева која ја совлада Карин Кнап со 2-0 во сетови и Тимеа Башчински, која беше подобра од Полин Парментие со истиот резултат. Според програмата денеска ќе се играат уште пет меча од 3. коло кај жените и седум мечеви во машка конкуренција. Од машкиот дел од турнирот Шпанецот Марсел Гранољерс е во осминафиналето откако вчера поради повреда Рафаел Надал мораше да го откаже настапот. Денеска на терените на Ролан Гарос ќе настапат и првите носители во двете конкуренции Серена Вилијамс кај жените и Новак Ѓоковиќ кај мажите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТранспортерите следниот понеделник излегуваат на протест пред делегацијата на ЕУ во СкопјеИдниот понеделник македонските превозници излегуваат на двочасовен протест пред делегацијата на ЕУ во земјава. Бараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. Простестот како што посочија од асоцијацијата Макам Транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање. Пред канцелариите на ЕУ според најавите ќе има минимум 20 возила и голем број сопственици, возачи и други вработени, а двочасовни протести од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Црна Гора. „Со сите превозници од Западен Балкан се договоривме да направиме еден симболичен протест на 31.08 со почеток во исто време во 12 часот ќе трае два часа со цел да испратиме порака до надлежните органи во Европската унија за изнајдување на преодно решение додека да се смени визната стратегија бидејќи самите признаа, што ќе се случува по натаму ќе зависи од состаноток во Брисел ние сите разговараме правиме анкети и анализи и ќе бараме најоптимално решение кое не би довело до штета на нашите држави.“- Биљана Муратовска – МАКАМТранс. Од транспорт и денеска повторија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери и се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот. „Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени. Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија...“ -Александар Николоски – министер за транспорт. И додека властите преговараат со земјите членки поединечно, од асоцијацаијта макам транс, велат доколку на состанкот на први септмеври не се доенсе преодно решение, на 14 ти е можен нов протест но на граничните премини... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПожарот на Китка, меѓу Студеничани и Зелениково го обви во чад и Скопје Пожарите во околината на Скопје, го обвија главниот град во густ чад и непријатна миризба. Граѓаните од претпладнето се жалат на чадот, кој е раширен буквално во сите населби. Во центарот на градот е Афродита Рамос. Афродита се знае ли точно на што се должи ваквата состојба? -Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега дејствуваше хеликоптерот на МВР. До овој момент ЦУК нема пријава за можен пожар на Водно, освен двата пожари на сува трева и ниско деградирана шума во Општина Илинден, ЦУК. Во моментов во Македонија се активни неколку пожари. Каде се има жаришта и каде е најкритично? -Најкритично меѓу Студеничани и Зелениково Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: пожари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПопладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветерТоплото време ќе продолжи, но метеоролозите најавуваат дека попладнево на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Слично време се очекува и во Скопје. Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook