СветСветските лидери му честитаа на Мерц на победата, а честитки пристигнуваат и за АфДЦДУ/ЦСУ, чиј кандидат за канцелар е Мерц, според првите нецелосни резултати е победник на изборите во Германија со околу 29 отсто од гласовите, пред АфД со околу 20 отсто и социјалдемократите на трето место со околу 16 отсто.Светските лидери му честитаа на лидерот на конзервативната опозициска демохристијанска партија ЦДУ/ЦСУ, Фридрих Мерц, за победата на предвремените парламентарни избори во Германија, додека некои и честитаа на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), која се најде на второто место. ЦДУ/ЦСУ, чиј кандидат за канцелар е Мерц, според првите нецелосни резултати е победник на изборите во Германија со околу 29 отсто од гласовите, пред АфД со околу 20 отсто и социјалдемократите на трето место со околу 16 отсто. Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Трут Сошл (Truth Social) напиша дека неделата е „одличен ден за Германија“. „Исто како и во Соединетите Американски Држави, на Германците им е доста од политиките кои немаат никаква врска со здравиот разум, особено во однос на енергијата и имиграцијата“, напиша Трамп. „Ова е одличен ден за Германија и за Соединетите Држави под водство на господинот Доналд Џ. Трамп. Честитки до сите - нека следат уште победи“, додаде тој. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте му честиташе на Мерц за неговата победа, велејќи дека со нетрпение очекува да работи со него. „Со нетрпение очекуваме да работиме заедно во овој клучен момент за нашата заедничка безбедност. Од витално значење е Европа да ги зголеми трошоците за одбрана и вашето лидерство ќе биде клучно“, рече Руте. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му честиташе на Мерц, велејќи дека се радува на „блиска соработка“ со неговата влада. „Им честитам на Фридрих Мерц и на ЦДУ/ЦСУ за нивната чиста изборна победа денесла. Со нетрпение очекуваме да работиме тесно со вашата претстојна влада за дополнително зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји“, рече Нетанјаху. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во честитката до Мерц изјави дека ЦДУ/ЦСУ извојувала „чиста победа“, додека чешкиот премиер Петр Фијала на X-платформата напиша дека му посакува на Мерц „многу сила и успех во формирањето федерална влада“. „Со нетрпение очекувам натамошно продлабочување на чешко-германската соработка и соработка за зајакнување на Европа“, рече тој. Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини и честиташе на АфД за изборните резултати. „И во Германија победуваат промените. АфД ги удвојува гласовите, и покрај нападите и лагите од левицата: престанете со илегалната имиграција и исламскиот фанатизам, доста со еко-лудило, приоритет на мирот и работните места, Европа мора радикално да се промени“, рече Салвини. Лидерот на десничарската популистичка ФПО во Австрија, Херберт Кикл, и честиташе на АфД за добриот резултат. Моменталните проекции покажуваат дека АфД ќе го удвои својот удел на гласови од изборите во 2021 година на околу 20 проценти - нејзиниот најсилен резултат досега. „Луѓето повеќе не сакаат да го поднесуваат патернализмот, илегалната масовна имиграција, исламистичкиот терор и безбедносниот хаос што резултира, климатскиот комунизам и уништувањето на просперитетот“, рече тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалБарселона во јануари ќе се обиде да ангжира двајца дефанзивциШпанскиот фудбалски шампионБарселона би можела да се обиде да ја засили одбраната за време на јануарскиот преоден рок, при што десниот бек на Тотенхем, Педро Поро, се издвојува како главна цел на каталонскиот гигант. Според новинарот на „Мундо Депортиво“, Роџер Торело, раководството на клубот не ја исклучува можноста за ангажирање и на централен дефанзивец и на бек, доколку на пазарот се појави соодветна можност.Според англиските медиуми, Хрватот Гвардиол исто така е една од желбите на Барса. Тренерот Ханси Флик моментално се соочува со сериозни проблеми во одбранбената линија, предизвикани од повредите на Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Жил Кунде. Ситуацијата во одбраната стана уште позагрижувачка по поразите од ПСЖ и Реал Мадрид. Барселона во моментов остана само на Пау Кубарси и Жерард Мартин како единствени опции на позицијата централен дефанзивец. Сепак, засега ангажирањето на 27-годишниот шпански репрезентативец Поро во јануари ќе биде исклучително тешка задача, со оглед на тоа што Тотенхем летово потпиша нов договор со него, обврзувајќи го на верност кон клубот од Лондон сè до 2031 година. Според тоа, летниот преоден рок се чини како многу пореален период за реализација на овој голем трансфер – под услов Каталонците да успеат да ги обезбедат потребните финансиски средства. Пред да испрати каква било официјална понуда, Барселона ќе мора да обезбеди средства преку продажба на постоечки играчи, за да не го загрози буџетот на клубот. Иако Поро е означен како примарна цел за позицијата десен бек, во моментов нема официјален договор, ниту пак е испратена понуда до англискиот клуб. Одлуката на управата и спортскиот сектор ќе зависи од развојот на ситуацијата со повредените играчи, како и од финансиските можности на клубот во наредните месеци.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиВидео: Неверојатна тепачка во НХЛНатпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута. Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ. ONE OF THE BEST HOCKEY FIGHTS YOU WILL EVER SEE!!! 🤯 MUST SEE TELEVISION 🍿 https://t.co/jXd0MSMtpt — Kalshi Sports (@KalshiSports) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter