СветСветските лидери го поздравија мировниот договор за ГазаСветските лидери го поздравија мировниот договор меѓу Израел и Хамас, постигнат со посредство на претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го „историски чекор кон ставање крај на двегодишната војна во Газа“.Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ја поздрави објавата за договорот со кој се предвидува прекин на огнот, ослободување на заложниците и овозможување на хуманитарна помош за Газа. – Ги повикувам сите страни целосно да го почитуваат договорот. Борбите мора еднаш засекогаш да престанат, а страдањето на цивилите мора да заврши, изјави Гутереш, додавајќи дека ОН ќе помогнат во спроведувањето и обновата на Газа. Британскиот премиер Кир Стармер оцени дека договорот претставува „момент на длабоко олеснување“ и повика на итно укинување на ограничувањата за хуманитарна помош. - Ова е првиот чекор кон праведен и траен мир, рече Стармер, изразувајќи благодарност до Египет, Катар, Турција и САД за нивните дипломатски напори. Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи го нарече договорот историски и најави дека ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир. Канадскиот премиер Марк Карни изрази надеж дека заложниците наскоро ќе бидат ослободени, додека владата на Нов Зеланд оцени дека ова е „позитивен прв чекор кон завршување на страдањата“. Јапонскиот министер Јошимаса Хајаши го нарече договорот „голем чекор“ кон решението за две држави, додека германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок истакна дека договорот носи „зрак надеж по повеќе од 700 дена смрт и уништување.“ Во Тел Авив, семејствата на заложниците и нивните поддржувачи ја слават веста за договорот, извикувајќи „Нобелова награда за Трамп!“ Во интервју за Фокс Њуз, Трамп изјави дека Хамас „веројатно“ ќе почне со ослободување на заложниците в понеделник. - Ова е повеќе од Газа — ова е чекор кон мир на Блискиот Исток, рече тој. Според соопштението на катарското Министерство за надворешни работи, Израел и Хамас постигнале договор за механизмите за спроведување на првата фаза од мировниот план, која вклучува прекин на огнот, размена на заложници и затвореници, и влез на хуманитарна помош. Во наредните денови, Хамас треба да ги ослободи сите 20 живи заложници во замена за палестински затвореници, додека израелската војска ќе почне со повлекување од поголемиот дел од Газа. Израелскиот премиерот Бенјамин Нетанјаху порача дека „со Божја помош, сите заложници ќе бидат вратени дома“. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаКобила за ождребила на булеварот „Илинденска“Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.Тагови: Илинденска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНовата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифатиМедведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност. Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин. Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите. Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура. Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру. Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.Тагови: москва украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook