Светскиот шампион Шпанија пресилен за Македонија - Канал 5

Светскиот шампион Шпанија пресилен за Македонија

Македонија многу далеку од изненадување, црвената фурија од Скопје си замина со лесен и сигурен триумф од 24-17.

Светскиот шампион Шпанија пресилен за Македонија



Ракометен танц на светскиот шампион Шпанија во Борис Трајковски. Црвената фурија вечерва пред скопската публика демонстрираше зошто во моментов е најдобриот ракометен тим на планетата.

Шпанските ракометари со цврста и граните одбрана од почетокот на мечот покажаа дека во Скопје допатувале по нов победа во квалификациите за ЕП во Данска во 2014 година.
Црвено жолтите со новиот предводник на клупата Хрватот Ивица Обрван беа немоќни да и се спротивстави на фуриозната Шпанија. Во ниту еден миг од мечот нашиот национален тим не успеа да биде рамноправен противник на силната Шпанија.

Прашањето на победникот во Борис Трајковски беше решено по првите десет минути кога шпанските репрезентативци не ни дозволија ниту еднаш да го совладаме нивниот голман октоподот пред стативите Арпад Штербик.

Македонската селекција посебно во првиот дел имаше голем проблем со реализацијата на нападите . По 30 минути игра црвено жолтите имаа постигнато само 7 голови, и беа многу далеку од онаа игра која ја посакуваме реприза на изданијата од Еврошампионатот во Србија.
Капитенот Кире Лазаров кој поради повреда по само 20 минути го заврши мечот ,пред повредата беше немоќен пред шпанскиот гранитен бедем.Во нападот ни недостасуваа и одбраните од искусниот Боркко Ристовски.

Во вториот дел со влегувањето на Ангелов во игра добивме поголема сигурност во одбраната на десната крилна позиција се појави Госе Георгиевски тандемот на Металург донесе значителни проблеми во играта и постигнавме лесни два гола. Но Шпанците повторно не потсетија кој е актуелниот светски шампион и набрзина ги со два гола ги прекинаа нашите надежи за некаква резултатска неизвесност во Борис Трајковски.
На крајот сосема заслужено Шпанија го доби мечот со 24-17 , црвено жолтите во недела во Гвадалахара на гостински терен ќе имаа шанса да го поправат впечатокот .

Најдобри во нашиот состав покрај голманот Ангелов кој бранеше само во второто полувреме се Миркуловски , Мојсовски и Недановски со по 3 голови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 28 возачи поради „безобѕирно управување возило“. 

Лишени од слобода 28 возачи за „безобѕирно управување возило“, 25 возеле без возачка дозвола

Од нив, 25 лица управувале возило без возачка дозвола (осум лица во Скопје, четири во Битола, по две лица во Велес, Свети Николе, Тетово и Кичево и по едно лице во Делчево, Кочани, Кавадарци, Неготино и Куманово). Иако имале активна забрана за управување патничко возило, затекнати се како управуваат возило по едно лице во Чашка и тетовско, додека со брзина поголема од дозволената управувало едно лице во гевгелиско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

За настанот е известен јавен обвинител.

Лишен од слобода пробиштипјанец кој со закани изнудил пари од 18-годишна девојка

На 07.07.2026 во 22:25 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода Ј.Ј.(40) од Пробиштип, постапувајќи по претходна пријава дека со закани во два наврати од 18-годишна девојка од Пробиштип изнудил да му даде пари. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

Владата на ВМРО-ДПМНЕ го штити интересот на граѓаните, се проширува позитивната листа на лекови, се обезбедува поголем избор и пониски цени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири дезинформации за лековите

СДС продолжува со лаги и манипулации на граѓаните.

Чии интереси штити СДС? Тврдењата дека „се излажани пациентите" се неточни и намерно ја игнорираат целата слика.

Точно е дека референтната цена на „Фостер" беше намалена откако генеричкиот лек влезе на позитивната листа, токму со цел да се создаде конкуренција и пациентите да добијат алтернатива, наместо да зависат од еден единствен производител. Алтернативата е достапна во земјата.

Ова е стандардна пракса и препорака на СЗО за внесување на генерики кои ќе донесат заштеда, средства кои остануваат за здравствениот систем, а не за странски фармацевтски компании.

Обвинувањата за „хаос и негрижа" не објаснуваат зошто СДС молчеше кога хронично болните пациенти со онколошки заболувања, останаа без биолошка терапија под нивна власт или кога умираа пациенто со цистична фиброза!

Наместо да се бараат политички поени врз грбот на пациентите, властите преземаат конкретни чекори, проширување на позитивна листа и намалување на цените. И да, заштедените средства повторно ќе бидат употребени за нови лекови за истите пациенти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се грижи за граѓаните. Позитивната листа е проширена со три нови антикоагулантни лекови еноксапарин, надропарин и ривароксабан, кои од 1 јули се достапни во аптеките во земјата. Кај еноксапаринот се достапни два бренда, кај надропаринот е достапен еден бренд и кај ривароксабанот во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Тоа ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап.

СДС молчеше додека Филипче профитираше за време на корона кризата, а пациентите останаа без лекови.

За разлика од изминатите 7 години, кога здравството беше во колапс и ликови како Филипче го руинираа и ограбуваа здравството за лични и партиски интереси, сега работиме на враќање на довербата кај граѓаните и здравство кое ќе биде исклучиво за пациентите.

СДС да не собира политички поени врз здравјето на граѓаните. Тоа е СДС. Расипничкото владеење на СДС и ДУИ го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, а цената ја плаќаа граѓаните.

Здравството е приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се зголемуваат плати, се реновираат оддели и се купува нова медицинска опрема.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер