ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"
1ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"
ФормулаСветскиот шампион Хамилтон најбрз на „огненото“ Гран при во БахреинВозачот на Мерцедес Луис Хаилтон е победник на Големата награда на Бахреин од шампионатот во Формула 1.Трката во Бахреин мина во знакот на инцидентот во кои експлодира болидот на Себастијан Грожан, кој за среќа остана скоро неповреден излегувајќи од запаленото возило. Актуелниот шампион Хамилтон продолжува со доминацијата во Ф1 циркусот и сигурно чекори кон петтата последователна титула во шампионатот. Хамитон стигна до 95 победа во кариерата со која ја зголемува предноста од легендарниот Михаел Шумахер, кој застана на 91 триумф. На победничкиот подиум во Бахреин покрај победникот Луис Хамилтон се искачија и возачите на Ред Бул Макс Верстапен и Александер Албон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Талогот на СДС, Венко Филипче опкружен со наркомани и насилници со правосилни пресуди, кои ги хушка да прават инциденти, ги нарекува „деца на Македонија"Талогот во СДС не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати.Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат. Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, каде што предавникот Филипче се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл, за сега кои беа со него, осудени наркомани и насилници, да ги претстави како „деца на Македонија“. Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви како што сака да ги претстави, не се деца, а најмалку невини. За дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела поврзани со насилство и наркотични средства. Едниот од нив, Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер во „Тотал Инженеринг“. Ефтимов, заедно со Илија Стојанов, е правосилно осуден на условна казна затвор во траење од една година и шест месеци за крвнички тепање луѓе на плоштадот во Струмица. Илија Стојанов, пак, покрај насилство, има и правосилна условна пресуда за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. И ова не е сè. Во паничното обраќање на Филипче од Ново Село, до него стоеше и Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДС, кој според јавно достапните информации станува збор за лице кое се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки. Меѓу другото, Трифуновски бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а во 2023 година, СДС го назначи за директор на МЖ Инфраструктура. Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа. Наместо да се дистанцира од лица со ваков багаж, насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги, талогот од СДС сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, како што тоа го направи и во Ташмаруништа. Недолжни луѓе да настрадаат, за талогот од СДС и Венко Филипче политички да профитираат. Токму такви насилници и корисници на дрога, како што се Ефтимов, Стојанов, Трифуновски, Филипче ги носи со себе и се обидува да ги претстави како симбол на младоста и иднината на Македонија. Ваквите ликови ниту можат да бидат „децата на Македонија“, ниту можат да се продаваат како новото лице на СДС. Тие единствено можат да бидат и се талогот во македонското општество, кои се фатиле за позиции и со сите сили се обидуваат да ги задржат, додека за вистинската, чесна и образована младина не отстапуваат место. На таквите лица не им е местото ниту во политиката, ниту во високите општествени кругови каде шират тези за да им ја убијат надежта на граѓаните. Сите тие кои цел живот се на државни и партиски позиции, кои освен за своите џебови, за државата не направија ништо, заедно со народот ќе ги поразиме. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите хероиМинистерот за спорт Борко Ристовски, заедно со делегација на Владата на Република Македонија, денеска на Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината.Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет имиња кои Македонија нема право да ги заборави. Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава. Тие застанаа во нејзина одбрана тогаш кога беше најтешко и за Македонија го дадоа најскапоценото што човек може да го даде – сопствениот живот. Карпалак не е само место на нашата колективна болка. Карпалак е место на кое се потсетуваме што значат храброста, должноста, честа и љубовта кон татковината. Наша обврска е нивните имиња да ги чуваме од заборав, нивната жртва да ја почитуваме, а на идните генерации да им ја пренесеме вистината за луѓето кои застанаа во одбрана на Македонија. По повод 25-годишнината од нивното загинување, пред нивната жртва денеска се поклонуваме со длабока почит и благодарност. Вечна слава на хероите од Карпалак. Никогаш заборавени. Да живее Македонија!Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
Култура„Flowers Symphony“ повторно ја освојува публиката: Над 100 уметници на сцена во Битола и Охрид„Flowers Symphony“ се враќа со нова програма и две концертни вечери во Битола и ОхридМузичкиот проект „Flowers Symphony“ на Оркестар DIVA (Битолски камерен оркестар) ова лето повторно ќе ја воодушеви публиката со нова програма која ги обединува симфонискиот звук, оперските арии, италијанските канцони и најпознатите филмски мелодии. Концертите ќе се одржат на 17 август во 21:00 часот во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола, а на 18 август во истиот термин во Долни Сарај – Охрид. На сцената ќе настапат повеќе од 100 уметници, меѓу кои оперските солистки Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази-Рамадани, хорот „Гортинија“ од Гевгелија под водство на Илија Атанасов, како и специјалните гости Наде Талевска и Билјана Талевска. Публиката ќе има можност да ужива во дела од големите филмски композитори Енио Мориконе, Џон Вилијамс и Ханс Цимер, но и во избор од познати оперски арии и италијански песни. Целокупната програма ќе ја изведе Оркестар DIVA, под диригентската палка на Владимир Димовски. По успешната премиера минатата година, „Flowers Symphony“ се враќа со освежена и проширена програма, создавајќи музичко-сценско доживување кое спојува различни генерации уметници и жанрови во една впечатлива концертна целина. За концертот во Битола местата се ограничени поради капацитетот на Пациото на НУ Завод и Музеј. Билетите се достапни онлајн на yournextevent.info, како и во Тобако Димпо и кај Аздер. „Flowers Symphony“ е вечер исполнета со емоција, моќни вокални интерпретации и безвременски мелодии во изведба на врвни солисти, хор и оркестар. Тагови: Flowers Symphony битола музика охрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16