Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“ во Охрид - Канал 5

Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“ во Охрид

Светскиот поетски патувачки фестивал е проект на Библиотеката од Охрид, дел од нејзината Годишна програма за работа финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.

Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску – поглед кон иднината“ во Охрид

Во организација на Националната установа Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид и Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од романскиот град Крајова од денеска до 22 април во Охрид ќе се одржува Светскиот поетски патувачки фестивал „Прличев и Еминеску - поглед кон иднината“.

Предвидено е во Охрид во рамки на фестивалот да присуствуват поетите Јон Деаконеску, Константин Барубу од Романија, Тибор Залан од Унгарија, Бојко Ламбовски од Бугарија, Атила Балаж од Словачка, Градимир Гојер од Босна и Херцеговина, Јетон Келеменди и Љуљзим Тафа од Косово како и македонските поети Зоран Анчевски, Славе Ѓорѓо Димоски и Иван Антоновски.

Во рамки на тридневната програма поетите утре во Прличевата одаја на охридската библиотека заеднички ќе ги прошират видиците преку размена на информации за животот и творештвото на двајцата исклучителни поети Григор Прличев и Михаи Еминеску кои живееле и твореле во 19 век, не се познавале, но според критиката, секој засебно се симбол на најпознати и најценети поети од тој период во македонската и романската книжевност и култура.

Учесниците на Светскиот поетски фестивал следните два дена ќе имаат можност преку неколку читања да го претстават своето лично творештво. На кафе-средба во барот „Аквариус“, во манастирските комплекси „Св Наум„ и „Св Спас“ ќе се инспирираат за да ја напишат најубава песна за Охрид.

Светскиот поетски патувачки фестивал е проект на Библиотеката од Охрид, дел од нејзината Годишна програма за работа финансирана од Министерството за култура на Република Македонија.

Меѓународната академија „Михаи Еминеску“ од Крајова - Романија меѓу своите основачи има двајца добитници на Нобелова награда. Академијата е единствена институција во Романија поканета од Кралската Шведска академија и Нобеловиот комитет да номинира кандидати за Нобеловата награда за литература.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Со големо задоволство споделуваме дека караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден", по повод 35 години независност на Македонија, на 11 август пристигнува во Битола, на платото на Офицерски дом, со почеток во 20:30 часот.

Караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден" по повод 35 години независност стига во Битола!

Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл, ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата татковина, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.

Во пресрет на 8 Септември, кој годинава го одбележува големиот јубилеј – 35 години независност, ќе се реализира музички караван со настапи на познати македонски изведувачи и актери во 11 градови низ државата.

Караванот започнува во недела (9 август) во Охрид, а потоа продолжува во Битола (11 август) и Велес (12 август). Во наредниот период ќе посети уште осум градови низ Македонија, носејќи ја празничната атмосфера поблиску до сите граѓани. Останатите градови ќе бидат дополнително објавени.

Се гледаме на „Силно светнал ден", за заедно, на емотивен и спектакуларен начин да го започнеме одбележувањето на 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли.

Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика.

Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за издавачките куќи „Хиперион“ и „Ави“, а за три од нив се добитници на престижната награда „Издание на годината“ од страна на музичкиот магазин „Грамофон“. Нивниот прв албум „Пердув на здивот Божји – химни и секвенци од Хлидегард од Бинген“ до денес е еден од најпродаваните албуми на средновековна музика на сите времиња, додека пак новите албуми „Непознат љубовник“ и „Лаурел за Ландини“ продолжуваат да се закитуваат со одлични критики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина.

Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата

„Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша организација“, вели во видео членот на Извршниот одбор на ЛДП, Бобан Јанкоски.

„Го прашувам директорот на ЈП Македонија пат, колку време му треба за да ги постави М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? Зарем 2 години не му беа доволни?“, прашува Јанкоски.

ЛДП предлага веднаш и без одлагање да се постават М-ТАГ уредите на сите патарини во државата и да се олесни сообраќајот на сите клучни патишта во Македонија.

„Државата за поставувањето ќе плати еднаш, а придобивките и заштедите на средствата ќе може да ги користи со години“, завршува Јанкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер