Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
1Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУ
2Народната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноември
КултураСветскиот ден на детските:Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладитеСега кога ќе погледнам од дистанца на пандемиските денови, можам слободно да кажам дека ние театарските дејци, поминавме низ едно искуство кое реши неколку дилеми и стравови за театарот. Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите, да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село, да им овозможиме на децата квалитетен културен живот и да израснеме силни генерации со вистински уметнички вредности, вели во пораката по повод Светскиот ден на детските театри 20-ти Март, претседателката на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ, Јулијана Мирчевска. -Сега кога ќе погледнам од дистанца на пандемиските денови, можам слободно да кажам дека ние театарските дејци, поминавме низ едно искуство кое реши неколку дилеми и стравови за театарот. Страв дека ќе живеме на дистанца, и ќе заборавиме на големи собирања. Собирања за заедно да изгледаме и доживееме претстава. Страв дека ќе ни бидат доволни компјутерските и телевизиските екрани пред нас. Страв дека можеби театарот полека ќе исчезне со напредокот на технологијата и другите медиуми. Но токму тие пандемиски денови ни потврдија дека сé минува, освен човековата потреба за близина со други луѓе. Потребата за споделување на своите мисли, чувства, желби, искуства, идеи и потребата да се слушне другиот, наведува во пораката Мирчевска. Таа нагласува дека не постои друго место како театарот. -Место за учење на најкреативен начин, место за дружба, место во живо да ги сретнете омилените јунаци, да ги чуете најубавите приказни, да се смеете и да плачете. Место од каде може светот да го промените на подобро. Затоа оваа година ја започнавме со голема промена, голем чекор - создавање на Македонски национален центар АСИТЕЖ. Ги повикуваме сите детски театри, организации, здруженија и театарски дејци кои творат за деца или работат со деца да се вклучат во нашата мисија - со театар да расте секое дете. Да се вклучат во националниот центар зашто сме должни да го промениме светот, за најмладите, повикува Мирчевска. Должноста на детскиот театар вели понатаму Мирчевска е да израсне силни генерации со вистински уметнички вредности. -Оние на кои пандемијата им го скрати дружењето, образованието, детството. Должни сме да излеземе на сцена и да создадеме магија. Да заиграме на сцената, да ги оживеме приказните, да допреме до детските срца и да всадиме љубов, почит, емпатија... Да ја поттикнеме нивната креативност. Да ги вклучиме во театарските процеси, па и ние некогаш да украдеме од нивната фантазија. Да израснеме силни генерации со вистински уметнички вредности, подвлекува Мирчевска. Таа се осврнува и на улогата на АСИТЕЖ и на потребните напори за тој да стане дел од Светската асоцијација на детски тетари -Должни сме заедно да го отвориме патот на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ до полноправно членство во Светската асоцијација на детски театри АСИТЕЖ интернационал. Како прв претседател на Македонскиот национален центар АСИТЕЖ во наредните четири години заедно со моите соработници ќе се стремиме кон што поголемо обединување, соработка, заеднички проекти и нивна презентација во светски рамки. Должни сме повеќе од кога било со уметност да ги прегрнеме најмладите. Да го однесеме театарот до секое дете, во секој град и село. Да им овозможиме на децата квалитетен културен живот, и заедно да создаваме убави спомени од детството на секое дете. Нека ни е честит 20-ти Март Светскиот ден на детските театри!, се наведува во Пораката од Мирчевска по повод 20 Март - Светскиот ден на детските театри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Англија ја прекина импозантната серија без пораз на светскиот шампион Шпанија Меч за историја во Мадрид, – 60 минути совршенство, а потоа половина час драмаФудбалската репрезентација на Англија оствари една од најголемите победи во ерата на селекторот Томас Тухел, совладувајќи ја Шпанија со 3:2 во Лигата на нации, во Мадрид. „Гордиот Албион“ ја прекина неверојатната серија на актуелниот светски шампион од 43 натпревари без пораз. Германскиот селектор Тухел најави спектакл пред големото дерби во Лигата на нации, а неговите избраници го исполнија ветувањето на импресивен начин. Во првите 65 минути, Англија со висок пресинг и многу трчање целосно го надигра светскиот шампион Шпанија и стекна предност од 3:0. Хари Кејн им донесе водство на гостите од пенал, а Езри Конса и Бен Вајт дополнително ги шокираа домаќините. Играта на Англичаните беше особено импресивна, бидејќи со висок притисок целосно ја неутрализираа црвената фурија. Сепак последниот половина час од супер дуелот во Мадрид донесе драма. Фудбалерот на Англија Елиот Андерсон поради прекршок над Ламин Јамал во 65 минута доби црвен картон, што значеше почеток на драмата. Шпанската фурија со сите сили запопна канонада на голот на противникот и предноста на Англија почна да се топи. Микел Ојарзабал реализираше пенал, а Николас Вилијамс го намали резултатот на 3:2, на 15 минути пред крајот. Шпанија тргна по израмнување, но Англија издржа голем притисок, најмногу блгодарејќи му на одличниот голман Џејмс Трафорд кој беше брилијантен а одбраната на гостите покажа карактер и ја зачува големата победа.Тагови: Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЧетири земји одбиваат да ја финансираат Украина. Германија се заканува дека ќе го блокира буџетот на ЕУЕвропската комисија има намера да предложи нов заем од 45 милијарди евра за помош на Украина, кој би бил покриен со гаранции од заедничкиот буџет на Европската унија. Овој предлог доаѓа во момент кога Киев се подготвува за својата најтешка зима од почетокот на руската инвазија, пренесува „Фајненшел тајмс“. Се проценува дека буџетот на Украина следната година ќе се соочи со дефицит од 70 милијарди евра. Европската комисија вети дека ќе покрие две третини од овој износ и ги повика другите западни сојузници, исто така, да ја засилат својата поддршка. Според четворица соговорници запознаени со планот, Комисијата во среда ќе им претстави на земјите-членки предлог за задолжување гарантирано од буџетот на ЕУ. Моделот на финансирање би бил ист како оној што се користеше за постојниот заем од 90 милијарди евра за Киев. Тие средства беа наменети за покривање на потребите на Украина во текот на оваа и следната година, но ескалацијата на уништувањето предизвикано од војната создаде дополнителен финансиски јаз. Во случајот со претходниот заем од 90 милијарди евра, на три земји – Чешка, Словачка и Унгарија – им беше одобрено ослободување од плаќање на трошоците за камата. За нов заем од 45 милијарди евра потребна е согласност од сите 27 земји-членки. Сепак, истите три земји – на кои сега им се придружи и Бугарија – веќе најавија дека немаат намера да учествуваат во идното финансирање на Украина. Овој став го наведе германскиот политичар Фридрих Мерц минатата недела да се закани со блокирање на договорот за буџетот на Унијата за периодот 2028–2034 година. Тој својата согласност ја услови со учество на сите земји-членки во финансирањето на Украина, како во текот на следната година, така и во иднина. Германија е најголемиот придонесувач во буџетот на ЕУ и најголемиот европски билатерален донатор за Киев. Од друга страна, четирите земји што се противат на учеството во финансирањето се, всушност, земји кои добиваат повеќе средства од буџетот на Унијата отколку што уплаќаат во него. Според тројца поединци запознаени со преговорите, по заканата на Мерц, одлуките во врска со помошта за Украина и заедничкиот буџет на Унијата станаа цврсто поврзани. Лидерите на ЕУ треба да разговараат за двете прашања на состанок во Брисел на 26 и 27 ноември, со цел да се постигне договор до крајот на годината. Поврзувањето на овие теми се гледа како начин да се обезбеди идно финансирање за Украина и да се заштити процесот од потенцијални вета. Следствено, земјите што зависат од средства од буџетот на ЕУ ќе бидат принудени да избираат меѓу поддршка за Киев и ризик од губење на европската финансиска помош. „Ова ги зголемува влоговите, но исто така значи дека нема шанси овие прашања да се решаваат одделно. Сè е дел од еден голем пакет“, изјави еден од изворите запознаени со ситуацијата. Портпарол на Европската комисија одби да ја коментира оваа информација. Брисел и Берлин стравуваат дека обезбедувањето средства за Украина ќе стане сè потешко, со оглед на претстојните избори во Шпанија, Франција, Италија и Полска. Марин Ле Пен, лидерката на француската десница – која според анкетите води пред претседателските избори во април – веќе најави дека ќе ја прекине поддршката за Украина доколку стане претседател.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНародната банка презема чекори за обезбедување нов сопственик на „АЛТА банка“ – првата аукција на 30 ноемвриВо насока на изнаоѓање нов сопственик и создавање услови за натамошно стабилно работење на „АЛТА банка“ АД Битола, Народната банка ја објави постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во Банката. Станува збор за 372.742 обични акции, односно 95,336% од вкупниот број акции, во сопственост на „Алта банка“ АД Белград – во стечај. Продажбата ќе се спроведе преку Македонската берза на хартии од вредност, по моделот „сè или ништо“, што значи дека се продава целиот понуден акционерски пакет, без можност за купување само на дел од акциите. Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година. Почетната цена е утврдена врз основа на тековната берзанска цена и изнесува 3.777 денари по акција. Доколку акциите не бидат продадени на првата аукција, следните аукции ќе се одржуваат последователно, на 1, 2, 3, 4 и 7 декември 2026 година. На секоја наредна аукција почетната цена ќе биде намалена за 10% во однос на почетната цена на претходната аукција. Заинтересираните инвеститори треба најдоцна до 19 ноември 2026 година да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во Банката, како и писмена изјава дека ќе ги уплатат средствата потребни за купување на акциите. На аукциите ќе можат да учествуваат лицата што ги исполнуваат законските услови. Постапката е дел од активностите насочени кон обезбедување нов сопственик на Банката, создавање услови за нејзино натамошно работење и зачувување на интересите на штедачите и останатите клиенти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter