Други спортовиСветски рекорд на Ехамер во седмобој Швајцарецот Симон Ехамер го одбележа саботниот ден на Светското атлетско првенство во сала во Торино, поставувајќи нов рекорд во седмобој.Ехамер го освои златото со 6.670 бодови, надминувајќи го за 25 бодови претходниот светски рекорд поставен од Американецот Ештон Итон од 2012 година. Среброто и бронзата ги освоија Американците Хит Болдвин со 6.337 и Кајл Гарланд со 6.245 бодови.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Путин гласаше преку интернет на изборите во Русија, видеото стана хит.Рускиот претседател Владимир Путин вчера гласал онлајн на изборите за новиот состав на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент. Гласањето започна вчера и трае до недела, а се избираат сите 450 пратеници. Ова се првите парламентарни избори во Русија од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година. Право на глас имаат повеќе од 111 милиони гласачи, а овозможено е и електронско гласање, пренесува АП. Кремљ објави видео на кое се гледа како Путин седи пред компјутер во својата канцеларија и го спроведува процесот на електронско гласање. Тој се приближи до мониторот, неколку моменти внимателно гледаше во екранот и кликна со глувчето. Видеото од неговото гласање набрзо се прошири на социјалните мрежи. Откако на екранот се појави потврдата дека успешно гласал, Путин рече „ви благодарам“. State news agency TASS has posted this clip of Putin voting online in the Russian parliamentary election https://t.co/bdkATMFy63 — Francis Scarr (@francis_scarr) September 18, 2026 Видеото од гласањето на Путин брзо стана хит на социјалните мрежи. Многумина забележаа дека тој многу се приближил до мониторот и ги стеснувал очите додека читал од екранот, па некои почнаа да се шегуваат дека му требаат очила.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПретрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин!Извршен е претрес во домот на соработникот на кандидатот на АфД на изборите во Берлин! Медиумите известуваат за дрога и нацистички симбол! Берлинското јавно обвинителство соопшти дека полицијата извршила претрес во домот на соработник на Кристин Бринкер – главниот кандидат на десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) на изборите во Берлин – пет дена пред одржувањето на изборите. Четириесет и осумгодишното лице е осомничено за кршење на германските закони за експлозиви и оружје, соопштија од обвинителството. Во вторникот, полицијата извршила претрес врз основа на судски налог во берлинската населба Лихтерфелде, изјави портпарол на јавното обвинителство како одговор на новинарско прашање. За случајот претходно известија весниците „Билд“ (Bild) и „БЗ“ (BZ). Од обвинителството соопштија дека не се пронајдени докази што би ги поткрепиле сомневањата. Сепак, полицијата заплени други предмети пронајдени при претресот. Тие сега мора да бидат подложени на форензичка анализа за дополнително да се утврди нивното значење во контекст на кривичното право, наведоа од обвинителството. Според медиумските извештаи, истражителите во неговиот дом пронашле дрога и нацистички предмети. Засега, тоа тврдење треба да се припише на медиумските извештаи, бидејќи обвинителството јавно не ги потврдило конкретните наоди. Портпаролот на AfD, Роналд Глазер, го опиша случајот како „приватна работа“. – Го чекаме исходот од истрагата – рече тој. „Билд“ (Bild) ја пренесе и изјавата на Кристин Бринкер. – Никогаш немав никакви индиции дека тој застапува такви ставови. Тој едноставно е колекционер.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ФудбалБаерн Минхен убедлив против Унион Берлин, 100 гол на Кејн за „Баварците“Фудбалерите на Баерн Минхен со „седмица“ дојдоа до победа против Унион Берлин, Кејн го постигна 100-тиот гол за БаварцитеФудбалерите на Баерн синоќа го декласираа Унион Берлин со убедливи 7:0 во четвртото коло од Бундеслигата. Џамал Мусијала погоди во 18. минута и покажа дека болеста е зад него, а потоа Хари Кејн од пенал во 39 минутаго постигна јубилејниот, својот 100-ти гол за Баварците. Кејн повторно се запиша во листата на стрелците во 54. минута, Мајкл Олисе постигна хет-трик (во 43., 73. и 76. минута), а Исмаил Саибари погоди во 70. минута. Баерн е лидер на табелата со 10 бода.Тагови: Баерн М. Хари Кејн Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook