Светски ракометни шампиони се македонските кадети- убедливо против Израел во финалето - Канал 5

Светски ракометни шампиони се македонските кадети- убедливо против Израел во финалето

Македонската кадетска репрезентација е победник на Светското училишно првенство во ракомет. 

Светски ракометни шампиони се македонските кадети- убедливо против Израел во финалето

Избраниците на Горан Кузманоски го освоија златниот медал, откако во финалето славеа против Израел со 38-32 (20-14). Македонија доминираше на овој шампионат, запиша шест победи во исто толку натпревари.

Кадетите не дозволија неизвесност. Македонските кадети рутински го завршија мечот, иако Израелците се обидоа да приредат пресврт и дојдоа на негатива од два гола, сепак нашите надежи не дозволија поинакво сценарио, цврсто чекореа кон победата и златниот медал на ова натпреварување кое е прво во историјата за Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Започна реконструкција на водоводната линија на улицата „Смилица“

По барање на МЗ „Страшо Пинџур“ и согласно Програмата за работа за 2026 година, ЈП „Комуналец“ започна со реализација на проект за реконструкција на водоводната линија на улицата „Смилица“.

Јанчев: Започна реконструкција на водоводната линија на улицата „Смилица“

Со сопствени средства, Ј.П. Комуналец Кавадарци инвестира во изградба на нова водоводна линија во должина од 200 метри, со што ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето на жителите од улиците „Смилица“ и „Рајко Жинзифов“. Досега овие домаќинства се снабдуваа со вода од ниската зона, а со новата реконструирана линија ќе бидат приклучени на високата водоснабдителна зона, со што значително ќе се подобрат квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето.

Продолжуваме со реализација на инфраструктурни проекти кои обезбедуваат подобри услови за живот на сите граѓани, објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк

Никој не ги соопштува резултатите од анализите на водата во Гостивар. 

Нема резултати за водата во Гостивар- Клековски нема дозвола од Обвинителството, од таму молк

Никој не ги соопштува резултатите од анализите на водата во Гостивар. На прес конференцијата во Владата, на која присуствуваа министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на ИЈЗ Марија Андоновска, директорот на СОЗР Ивица Томовски, не беа соопштени резултатите од направените анализи. Како што истакнаа Клековски и Андоновска, тие биле побарани од ОЈО, и ако дозволат од обвинителството тие ќе ги соопштат резултатите.

На прашање на новинарите во прес центарот на Владата, какви се резултатите, Клековски истакна дека доколку добие дозвола од ОЈО, ќе ги соопшти резултатите.

Од друга страна од Обвинителството се уште нема никакви информации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Велес станува подобро место за живеење.

Николоски: 9 милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

Тој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски престојуваше во работна посета на општина Велес, каде со градоначалникот Марко Колев направија увид на бројни проекти што се реализираат со поддршка на Владата и Министерството.

„Со гордост можам да кажам дека Владата преку Програмата за инфраструктурни проекти во општините и преку проектот кој го имаме со Светска банка инвестира околу 9 милиони евра, што е исклучително значајна сума за развојот на инфраструктурата. Денеска гледаме започнување на работа на две улици, а една е веќе завршена и драго ми е што преку соработката која што ја имаме со Светска банка веќе се завршени 3 проекти, во вредност од половина милион евра, а тоа се: ул. "8-ми Мај", "Љубљанска" и "Луи Пастер", и исто така во скоро време беше завршена и зградата, каде што има социјални станови.“, изјави Николоски.

Вицепремиерот нагласи дека Владата ќе продолжи со силната поддршка за Општина Велес и во наредниот период.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Општина Велес, да соработуваме со градоначалникот, Советот и пратениците, а преку координацијата што ја прави Премиерот да обезбедиме уште повеќе проекти кои ќе се реализираат во интерес на граѓаните“, порача Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер