КултураСветски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на ХераклеаСимон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола. На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова. Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“. Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност. Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија. „Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМаѓар: Земјите од Западен Балкан направија многу, а Македонија дури го промени иметоУнграскиот премиер ги расчисти дилемите. Нема забрзано членство за Украина. Предност треба да имаат земјите од Западен Балкан кој предолго чекаат. Како пример ја наведе и Македонија. Не постои вонредна процедура, нема забрзана процедура. Украина е земја во војна и очигледно е дека не е подготвена за членство во ЕУ, без разлика што лидерите на ЕУ или државите членки се обидуваат да ѝ претстават на Украина. Тоа е погрешно. Колку кластери ЕУ отвори со Србија? Два од шест за 15 години. Сепак, Србија, и не само Србија, туку и други земји од Западен Балкан, како Албанија, Црна Гора, Македонија, тие направија многу, а една земја дури и си го смени името.- вели Маѓар Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаКос најавува историска есен за проширувањето на ЕУ ЕК на крајот од месецов ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, најави еврокомесарката Марта Кос, за време на неформалниот состанок на Советот за Општи за работи во Даблин. Фокусот на Брисел е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите. Освен ова, реформата предвидува построги проверки за земјите кандидатки и нова методологија, документ кој треба да биде официјално потврден од Европскиот Совет на 15 октомври. -Оваа есен ќе биде есен на проширувањето во две насоки – едната е за подготвување на кандидатките за членство, другата е тоа што го правиме внатре во ЕУ за да се подготвиме за ова. 2026-та е веќе рекордна година. Оваа година направиме многу повеќе од минатата 2025-та и можеме да испорачаме уште повеќе. Некои од земјите кандидатки можат да ги завршат преговорите до крајот на оваа декада. На крајот на септември, 30-ти, ЕК ќе ги претстави резулататите од т.н. претпристапен преглед и секако ќе дискутираме како да направиме една поента, но секако и многу други, се со цел процесот на одлучување да е поефикасен, изјави Кос. Македонија на состанокот ја претставува министерот за европски прашања, Беким Сали, кој порача дека на проширувањето повеќе не е политички избор, туку геополитичка неопходност. Сали нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на европската интеграција и дека очекува напредокот да биде препозанен. -Ја поддржуваме визијата на еврокомесарката Кос за постепена интеграција. Како земја кандидат ќе испорачаме видлив напредок за нашите граѓани и за бизнисисте во нашата држава. Македонија ја избра ЕУ, изјави Сали. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, пак, на синоќешниот партиски настан по повод 35 години независност на Македонија, порача дека европските интеграции не се ниту партиско, ниту лично прашање, туку најголем државен интерес. Според него не е доволно тоа само реторички да се нагласува, а ништо да не се презема. опозицијата ќе продолжи да притиска за да се најде решение, кажа Филипче. - Само идните непристрасни генерации можат правилно да оценат колкава е цената на прифатените компромиси, а колкава е загубата од бескомпромисноста и изгубените децении на побрз сестран развој. Ако има подобро решение нека го донесе. Ако има реална гаранција нека обезбеди. Ако има нова преговарачка рамка нека ја покаже. Но, ако нема тогаш чесно е да им се каже на граѓаните да престанат да плаќаат со години за партиските ветувања дадени во предизборните кампрањи и секојдневните намипулации и лаги, изјави Филипче. Освен новата реформа за проширување, земјите – членки паралелно ја разгледуваат и идејата за евентуална промена на начинот на одлучување, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство, со цел да се намали можноста од вето за клучни надворешно политички прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоскапе меѓуградскиот превоз – најпогодени се студентите Новите цени на меѓуградскиот автобуски превоз го зголемија месечниот трошок за илјадници семејства, а меѓу најпогодените се средношколците и студентите кои патуваат од град во град. Додека во голем број европски земји младите и студентите користат субвенциониран или значително поевтин јавен превоз, а во одредени градови и бесплатни линии, кај нас останува трошоците за патување студентите и нивните семејства да ги покријаваат од свој џеб. Најмногу реакции предизвика поскапувањето на релацијата Тетово–Скопје, каде месечниот билет порасна од 5.500 на 6.500 денари, што за граѓаните, значат дополнителни 1.000 денари месечно или 12.000 денари годишно само за превоз. Повисоки цени има и кај автобускиот превоз меѓу Куманово и Скопје. Цената на билетот во еден правец е зголемена од 170 на 200 денари, додека повратниот билет чини 400 денари, реагираат граѓаните на социјалните мрежи. Од Универзитетското студентско собрание на УКИМ велат дека поскапувањето дополнително ќе го погоди буџетот на семејствата на студентите и средношколците кои секојдневно користат меѓуградски превоз. „Овој бран на поскапување на цените на билетите дефинитивно удира директно по студентскиот стандард. Ние како УСС го увидовме овој проблем уште кога се појави и работиме на иницијатива којашто ќе ја споделиме со јавноста во следниот период. Треба да најдеме компромис со институциите со кој би им го олесниле овој товар на студентите.“ – Ангела Василевска, претседателка на УСС-УКИМ Засега нема најава дека државата ќе го субвенционира меѓуградскиот превоз за студентите. Министерката за образование Весна Јаневска вели дека бесплатниот превоз важи таму каде што веќе постојат такви одлуки, но посебна мерка досега не била предвидена. „Таму каде што имаме можности, таму каде што има одлуки, студентите имаат бесплатен превоз мислам на Град Скопје. Меѓуградски досега не сме предвиделе. Јас би сакала да нагласам дека основното и средното образование се бесплатни. Студирањето е речиси бесплатно, затоа што имаме минимална партиципација во земјава – вели Јаневска. Премиерот Христијан Мицкоски по реакциите во јавноста најави дека институциите ќе го разгледаат поскапувањето. „Да, ќе го преиспитаат покачувањето на цените на меѓуградскиот превоз.“ – Христијан Мицкоски, премиер Приватните превозници засега немаат дадено официјално објаснување за причините за зголемувањето на цените токму пред почетокот на новата учебна и академска година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter