Светски познатиот готвач за прв пат објави видео во кое зборува, сите се изненадени (ВИДЕО) - Канал 5

Светски познатиот готвач за прв пат објави видео во кое зборува, сите се изненадени (ВИДЕО)

Обожавателите на Солт Бае, чие вистинско име е Нусрет Ѓокче, биле изненадени откако готвачот објави видео во кое тој за прв пат зборува.

Светски познатиот готвач за прв пат објави видео во кое зборува, сите се изненадени (ВИДЕО)

Досега објавувал видеа на Инстаграм, но не зборуваше во нив.

"Чекај, чекај. Сакам да кажам нешто за Лондон. Лондон е мојот голем сон. Еден ден. Следниот ден. Секој ден. Постојано. Го сакам Лондон. Лондон е различен. Како злато", вели Нусрет во видеото.

Тогаш одговорил човекот зад камерата и го прашал Нусрет каков е неговиот англиски јазик.

„Мојот англиски јазик е речиси како британски. Знаете... На здравје. Се надевам дека ќе се видиме наскоро во Лондон“, рекол Нусрет на крајот од видеото.

Многумина биле изненадени од видеото, и поделени во коментарите бидејќи не сите биле импресионирани од она што го виделе.

„Прв пат го слушам како зборува“

"Тој зборува!"

„Овој човек повеќе ми се допаѓаше додека молчеше“

„Што не е во ред со твојата уста човеку?!“

„Те сакам, но зошто по ѓаволите зборуваш?

„Ве молам, некој да ми го преведе ова“, се дел од коментарите под видеото.

Претходно оваа недела, тој споделил со следбениците дека заминува од Лондон за да го отвори 28-от ресторан во Ријад.

Солт Бае стана сензација и меме на социјалните мрежи во 2017 година благодарение на методот на зачинување на месото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Маж загина во пожар што доцна синоќа избил во барака во скопската населба Жданец.

Маж загина во пожар во барака во скопски Жданец

Од МВР информираат дека бараката, сопственост на 56-годишен скопјанец целосно изгорела, а дека откако огнот бил изгаснат, во објектот биле пронајдено тело на починато машко лице. Од Центарот за управување со кризи информираат дека во гасење на пожарот кој избил половина час пред полноќ, интервенирале 19 пожарникари од Скопската противпожарна бригада со седум противпожарни возила. Засега не се познати причините за пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер