Светски познатата клиника за трансплантација на коса Vatanmed отсега и во Скопје - Канал 5

Светски познатата клиника за трансплантација на коса Vatanmed отсега и во Скопје

Доколку имате проблеми со недостаток на коса, поради тоа сте несигурни и несреќни, за повторно да уживате во својот изглед, повеќе не мора да патувате во далечни земји и да плаќате астрономски бројки. 

Светски познатата клиника за трансплантација на коса Vatanmed отсега и во Скопје

Најефикасните методи изведени според најновите светски стандарди, со политика на цени прилагодена кон клиентот, отсега се достапни и во Македонија.

VatanMed е турска компанија која обезбедува услуги во областа за трансплантација на коса за глава, брада, мустаќи и веѓи.

Компанијата е основана во 2007 година и е распространета низ 17 земји во светот, меѓу кои и некои од нашите балкански соседи: Босна, Србија, Косово, Албанија со главната клиника лоцирана во Истанбул. VatanMed досега бележи над 40.000 задоволни клиенти.

Трансплантацијата на коса е уметност која ги комбинира здравјето и естетиката. За изведување на оваа уметност, VatanMed има структура која ги задоволува потребите на луѓето кои страдаат од проблем со губење на косата. VatanMed обезбедува услуги за сè за косата, вклучувајќи ги и сите операции за нега на коса, со гаранција која важи во сите 17 земји каде има отворено клиники.

Услугите за трансплантација на коса се целосно безболни, а задоволството на пациентите е од најголема важност. Тимот на VatanMed се состои од комплетно професионални експерти и медицински персонал кој е подготвен да му помогне на секој од пациентите во секое време. Секој зафат е проследен со процес на закрепнување од 7-10 дена, за кој е одговорен посебен тим на VatanMed, кој гарантира 24-часовна поддршка.

Како правно одговорна организација, VatanMed се грижи за своите медицински експерти и целиот медицински персонал. Сите операции се извршуваат со високо ниво на удобност во стерилизирана болничка средина.

Повеќе за главните методи за трансплантација на коса:

DHI трансплантација на коса - е метод на директна трансплантација на коса. Овој метод е резултат на потребата на пациентот да не ја потстрижува постоечката коса, а често се нарекува и „техника со молив“. Истата ситуација може да се открие и кај жените, но во нешто помал процент, поточно повеќе од 50% имаат некаков степен на слабеење на косата во текот на животот. Овој метод следи слична процедура како и другите методи за трансплантација на коса. Всушност, хирургот го извлекува фоликулот на косата од еден дел од скалпот на пациентот, најчесто од задниот дел на главата, и ги пресадува истите фоликули на делови кои ги немаат или фоликулите на косата се разредени. Со текот на времето ќе растат нови влакна од овие фоликули.

Метод на сафир - постапката што се изведува со оваа метода е именувана по инструментот кој се користи во хируршкиот процес, чиј врв е направен од скапоцен камен - сафир, што го прави процесот 100% прецизен со минимални зарези, намалено лупење на кожата и побрз период на заздравување.

FUE метода – денес е еден од најчесто користените методи во лекувањето на проблемите со опаѓање на косата. Овој метод често се претпочита поради брзината, безболноста и добрите резултати и станува широко распространет. Постапката е едноставна и безбедна, носи квалитетни резултати, а успешноста на трансплантираните фоликули е дури 98%.

Доколку ви е потребна процедура која навистина ќе ви го промени животот и самодовербата или едноставно сакате да дознаете повеќе детали, слободно јавете се на +389 70 503 490 за македонски / +389 70 503 480 за албански. Можете да ја посетите и facebook страницата и веб страницата

Ординацијата се наоѓа во комплексот на Мавровка, Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци.

Видео: Се урна „самовилски оџак“ во Кападокија поради обилни дождови

Во познатото туристичко место Кападокија во Турција, во близина на Музејот на отворено во Гореме, се урнаа дел од светски познатите таканаречени самовилски оџаци а бројот на жртви засега е три од кои две се брачен пар од Турција а една е странска туристка чија националност се уште не е позната.

Жртвите биле заробени под карпите. Има и пет полесно повредени лица, изјави турскиот министер за здравство Кемал Мемишоглу.

Одронот се случил бидејќи обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, објави гувернерот на невшехир - Хусеин Кок. Полицијата, жандармеријата, агенцијата за катастрофи како и здравствените тимови се испратени во градот Гореме, а потрагата по евентуално исчезнати лица и спасувањето продолжуваат.

Турите со балони на топол воздух по кои исто така е позната Кападокија, поради временските услови од дожд и ветер, привремено се откажани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Во петок (23.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Марио Стојановски

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сирење

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. шпагети

150 гр. сирење

150 гр. кечап

масло

сол и малку магдонос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Евакуацијата започна, подготвени се 25 автобуси, оние што сакаат да заминат имаат рок до 14:00 часот. 

Видео: Започна евакуацијата на жителуте на Олешки во регионот Херсон

Во градот Олешки, во регионот Херсон, започна голема хуманитарна операција, јавуваат руските медиуми. За евакуација на цивилното население обезбедени се 25 автобуси со најмалку 750 седишта.

Рускиот комесар за човекови права, Јана Лантратова, изјави дека се обезбедени сите неопходни безбедносни услови за евакуација, а жителите што сакаат да го напуштат градот ќе можат да го сторат тоа до 14:00 часот, по што ќе започне распределбата на хуманитарна помош.

Во операцијата учествуваат повеќе од 50 медицински експерти, додека во градот пристигнаа и над 50 новинари од различни земји, вклучително и од Соединетите Држави, за да го следат спроведувањето на хуманитарната мисија.

„Американски новинари, новинари од различни земји, вкупно повеќе од 50 претставници на медиумите. Токму затоа сè се одвива отворено, што е многу важно“, изјави Лантратова, пренесува „Спутник“.

Таа потврди дека режимот на прекин на огнот во зоната на хуманитарната операција сè уште се почитува и дека не се забележани никакви инциденти.

„Режимот на прекин на огнот во областа на хуманитарната мисија во Олешки се одржува. Немаше инциденти. Руската и украинската страна целосно ги исполнуваат своите обврски“, напиша исто така Лантратова на платформата „Макс“.

Комесарката исто така најави дека патува во тој град заедно со украинскиот омбудсман, Дмитриј Лубинец, за да ја координира хуманитарната операција. „На пат сме кон Олешки со комесарот на Врховната рада на Украина за човекови права, Дмитриј Лубинец. Заедно ја координираме реализацијата на договорите постигнати со посредување и координација на првата дама на САД, Меланија Трамп“, изјави таа.

Олешки се наоѓа на левиот брег на Днепар, спроти градот Херсон, кој е под контрола на украинските сили. Според руската страна, во градот настанала тешка хуманитарна ситуација поради дејствијата на украинската војска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер