Светски ден за слобода на медиумите

Како основно човеково право слободата на изразување обезбедува услови за заштита и промоција на сите останати човекови права. Но, неговата примена не се случува по автоматизам, туку бара безбедна средина за дијалог каде сите ќе може да зборуваат слободно и отворено без страв од репресија.

Oва се вели во заедничката порака на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова по повод 20 годишнината од одбележувањето на Светскиот ден за слобода на медиумите.

Годинашното мото под кое се одбележува овој ден е „Безбедно е да зборуваш: да се обезбеди слободата на изразување во сите медиуми“, а акцентот особено е ставен на прашањето за безбедноста на новинарите, борба против неказнивоста на дела против слободата на изразување и обезбедување слободен и неограничен пристап на интернет.

Според најновиот извештај на Фридом хаус објавен завчера, генерално во светот лани е забележан пад на медиумската слобода, а процентот на светската популација, која живее во земји со целосно слободни медиуми паднал на најниско ниво во последните 16 години.

Македонија и натаму е во групата на делумно слободни земји. На листата од 197 држави 66 се оцененти за слободни, 70 како делумно слободни, а 62 земји се сметаат за неслободни.

Во Извештајот за најслободни се оценети медиумите во Норвешка и Шведска, а најмала медиумска слобода има во Северна Кореја и Туркменистан.

Светскиот ден за слобода на печатот беше прогласен од страна на Генералното собрание на ОН во декември 1993 по препорака на Генералната конференција на УНЕСКО. Тоа е можност да се реафирмираат основните принципи на слобода на печатот, да се процени состојбата со слобода на печатот во светот, да се одбранат медиумите од нападите по нивната независност и да се оддаде почит на новинарите кои ги загубија животите вршејќи ја нивната должност.


Шолц: Приходите од замрзнатите руски средства треба да се вложат во воена помош за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека околу 90 отсто од приходите остварени од замрзнатите руски средства треба да се потрошат за купување оружје за Украина.

„Важно е да се согласиме дека овие пари може да се користат за купување оружје не само во ЕУ, туку и ширум светот“, изјави Шолц за новинарите по состанокот со членовите на владите на трите балтички земји во Рига.

Тој изјави дека Германија и трите балтички земји се посветени на брзото проширување на производството на оружје во Европа и додаде дека производството на муниција и системи за противвоздушна одбрана веќе е зголемено.

Четворица македонски тенисери утре на фјучерс во Србија

 Четворица македонски тенисери утре ќе настапат на фјучерс турнирот М25 во српскиот град Куршумлиска бања.

Тројца од нив, Обрад Марковски, Шендрит Деари и Стефан Мицов, ќе ги играат финалните дуели од квалификациите и со победи ќе обезбедат пласман на главниот турнир.

Директен пласман има само Горазд Србљак, кој, пак, утре ќе го игра мечот од првото коло против Никола Јовиќ од Србија.

На женскиот дел од турнирот во Куршумлијска Бања настап во првото коло ќе има Магдалена Стоилковска, чија противничка в среда ќе биде третата носителка Пемра Озген од Турција (37 години, 658 ВТА место).

Најдобрата македонска Лина Ѓорческа е дел од фјучерс турнир во словачкиот град Трнава.

Ѓорческа во првото коло утре ќе игра против младата тенисерка од Русија, Полина Кудерметова (20 години, 178 ВТА место).

Анкета: Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми

Мнозинство од Американците сметаат дека економијата и инфлацијата се најважни проблеми кои одредуваат за кого ќе гласаат.

Економијата е најважниот од проблемите што американските гласачите ги разгледуваат во оваа изборна година и одредува кому ќе дадат доверба на следните претседателски избори, но исто така важни прашање се инфлацијата, криминалот и безбедноста или имиграцијата и пристапот до абортус.

Според најновата анкета на Ипсос и „Еј-би-си њуз“ 88 отсто од испитаниците укажале дека економијата им е најважана во овие избори. Мнозинството или 46 отсто би дале доверба на Доналд Трамп во справување со економијата, додека 32 отсто доверба би дале на Џо Бајден.

Втор по значајност проблем на овие избори е инфлацијата (87 отсто). Како и со економијата, мнозинство од испитаниците или 44 отсто би му ја дале довербата на Трамп во справување и со инфлацијата, додека само 30 отсто би му ја дале на Бајден.

Трамп исто така води со 41 отсто наспроти 33 отсто и во справувањето со криминалот и безбедноста, проблем за кој 77 отсто од испитаниците рекле дека е најважна.

Во проблемот справувањето со заштитата на демократијата е изедначено, односно 38 отсто од испитаниците рекле дека би му дале доверба на Трамп, исто толку и на Бајден.

Во пробемот здравствена заштита води Бајден. Односно 39 отсто од гласачите би му дале нему доверба во справување со здравствената заштита, наспроти 34 отсто на Трамп.

Во давањето доверба за справување со проблемот на имиграцијата на американско-мексиканската граница убедливо води Трамп кому дале доверба 47 отсто од испитаниците, додека Бајден добил доверба од 30 отсто.

За проблемите оружено насилство и позицијата на САД во светот гласачите исто така повеќе доверба би дале на Трамп отколку на Бајден (37 наспроти 34 отсто и 41 наспроти 34 отсто).

Во горливиот пробем со пристапот до абортусот, 41 отсто од испитаниците доверба даваат за Бајден наспроти 29 отсто за Трамп.

И во последниот по значајност проблем – војната меѓу Израел и Хамас води Трамп, 37 отсто од испитаниците довербата за ова би ја дале за него, наспроти 29 отсто за Бајден.

притисни ентер