Светски ден за подигнување на свеста за ХПВ - сериозен, но, превентабилен здравствен проблем и за жените и за мажите - Канал 5

Светски ден за подигнување на свеста за ХПВ - сериозен, но, превентабилен здравствен проблем и за жените и за мажите

На 4 март го одбележуваме Светскиот ден за подигнување на свеста за хуманиот папилома вирус (ХПВ) - еден од најчестите вируси што се пренесуваат по сексуален пат и главен причинител на карцином на грлото на матката. 

Светски ден за подигнување на свеста за ХПВ - сериозен, но, превентабилен здравствен проблем и за жените и за мажите

Овој ден е потсетник дека станува збор за сериозен, но, превентабилен здравствен проблем, соопштија денеска од Македонската асоцијација на гинеколози и опстеричари (МАГО).

- ХПВ претставува група од повеќе од 200 типови вируси, од кои околу 40 се пренесуваат преку сексуален контакт. Се проценува дека повеќе од 80 проценти од сексуално активните лица ќе дојдат во контакт со вирусот барем еднаш во текот на животот. Кај повеќето, инфекцијата поминува без симптоми и организмот сам ја елиминира. Но, кај дел од лицата вирусот може да перзистира и со тек на време да доведе до преканцерозни промени и карцином, информираа од МАГО.

Во нашата држава, карциномот на грлото на матката е меѓу најчестите малигни заболувања кај жените. Годишно се регистрираат приближно 150 до 170 нови случаи. Инциденцата изнесува околу 20 нови случаи на 100.000 жени годишно, што е повисоко од посакуваните европски стандарди. Дополнително загрижува фактот што се регистрираат случаи и кај многу млади жени.

- Речиси 99 проценти од случаите на карцином на грлото на матката се поврзани со долготрајна инфекција со високоризични типови на ХПВ. Ова ја прави оваа болест една од ретките малигни болести што може ефективно да се превенира, потенцираа од МАГО.

Вакцинацијата е клучна превентивна мерка. Како што нагласија од МАГО, кај нас ХПВ вакцинацијата е дел од националниот календар за имунизација и се препорачува за девојчиња и момчиња во адолесцентна возраст. Вакцината е безбедна, ефикасна и обезбедува заштита од најчестите високоризични типови на вирусот.

- Сепак, опфатот со вакцинација во земјата изнесува околу 50-55 проценти, што е значително под препорачаниот опфат од најмалку 90-95 отсто потребен за колективна заштита. Ова укажува на потребата од дополнителна едукација и подигање на јавната свест, додадоа од МАГО.

Меѓународните искуства покажале дека земјите со висок опфат на вакцинација бележат драматично намалување на преканцерозните промени и на новодијагностицираните случаи на карцином на грлото на матката кај младите генерации.

Скринингот спасува животи.

- Покрај вакцинацијата, редовните гинеколошки прегледи се од суштинско значење. ПАП тестот и ХПВ тестирањето овозможуваат рано откривање на преканцерозни промени, кога третманот е едноставен и високо успешен. Важно е да се нагласи дека ХПВ инфекцијата често не предизвикува симптоми, па затоа редовните контроли се неопходни, дури и кога лицето се чувствува здраво, истакнаа од МАГО.

Нагласија дека ХПВ не е „болест на одредена група“ - туку ги засега и жените и мажите.

- Стигмата, дезинформациите и стравот можат да доведат до одложување на вакцинацијата и прегледите. Едукацијата, отворениот разговор и поддршката од здравствените институции се клучни за заштита на идните генерации. Со комбиниран пристап - висока стапка на вакцинација, организиран скрининг и информирана популација - можно е значително намалување, па дури и елиминација на карциномот на грлото на матката како јавно-здравствен проблем. Четврти март е потсетник дека превенцијата е во наши раце. Информираноста, навремената вакцинација и редовните прегледи спасуваат животи, апелираа од МАГО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно; неисполнувањето на нормите резултира со казнување

Откако ФБИ ги обвини севернокорејските хакери за кражба на 6,3 милијарди долари (приближно 10,8 милијарди КМ) од „Binance“, „Reuters“ разговараше со поединци во Сеул .

ИТ-армијата на Северна Кореја работи и до 19 часа дневно; неисполнувањето на нормите резултира со казнување

Откако ФБИ ги обвини севернокорејските хакери за кражба на 6,3 милијарди долари (приближно 10,8 милијарди КМ) од „Binance“, „Reuters“ разговараше со поединци во Сеул кои следат како Пјонгјанг регрутира и обучува ИТ-кадар – принудувајќи ги да обезбедуваат средства за режимот.

Нападот врз најголемата светска берза за криптовалути, што се случи кон крајот на октомври, претставува најголема кражба во историјата на криптовалутите.

ФБИ го поврза инцидентот со група позната како „TraderTraitor“ – истите актери за кои Бирото смета дека се одговорни за минатогодишната кражба на 1,5 милијарди долари (приближно 2,6 милијарди КМ) од берзата „Bybit“.

Северна Кореја негира каква било поврзаност со нападот. Алек Зебрик, виш менаџер за азиско-пацифичкиот регион во компанијата за блокчејн-аналитика „Chainalysis“, изјави за „Reuters“ дека во светот на сајбер-криминалот, честопати е доволна само една грешка за органите на прогонот да го фатат сторителот. Сепак, тој напоменува дека кај севернокорејските хакери ситуацијата е поинаква.

„Тие се поддржани од државата; го прават ова за режимот. Токму затоа ќе продолжат – без оглед на тоа дали ќе успеат или ќе доживеат неуспех – бидејќи за меѓународната заедница е многу тешко да преземе каква било реална акција против нив“, изјави Зебрик.

На прашањето дали во нападот врз „Бинанс“ (Binance) била користена вештачка интелигенција, тој одговори дека е невозможно да се тврди со сигурност, но напомена дека севернокорејските сајбер-криминалци веќе многу успешно ја користат вештачката интелигенција во своите кампањи.

Режимот во Пјонгјанг со години се фали со своите програмери.

Севернокорејската државна телевизија, KRT, емитуваше документарен филм во кој се прикажува како студенти од Универзитетот за наука, во 2013 година, го освоиле првото место на меѓународен онлајн натпревар по програмирање, организиран од индиската платформа „КодЧеф“ (CodeChef).

Нам Бада, извршен директор на организацијата PSCORE со седиште во Сеул – која се фокусира на човековите права во Северна Кореја – вели дека за многу млади Севернокорејци, ИТ-секторот претставува ретка можност за заработка.

„Постојат многу малку области во кои луѓето можат да заработат толку многу, па затоа голем дел од најбистрите севернокорејски студенти сакаат да студираат ИТ и да работат во таа област“, ​​изјави Нам за Ројтерс. Работа без одмор Според него, севернокорејските ИТ-работници моментално се активни во Кина, Русија, Југоисточна Азија, па дури и во Африка и Монголија, бидејќи овие локации им овозможуваат пристап до интернет.

Тие живеат во посебно одредени простории, се дружат исклучиво меѓусебно и работат од 12 до 16 – а понекогаш дури и 19 – часа дневно, речиси без никакви слободни денови.

На секој од нив му е одредена квота. Парите мора да стигнат на сметката на претпоставениот до крајот или почетокот на месецот; дури тогаш се смета дека целта е исполнета.

Оние што нема да успеат во тоа, вели Нам, се соочуваат со разни казни или јавно понижување – сè со цел нивниот живот да стане неподнослив.

По нападот, Binance објави дека располага со доволни резерви за да покрие 90 отсто од украдените средства и почна да им ги враќа парите на корисниците, ветувајќи дека сите ќе бидат целосно обештетени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваат

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во понеделникот во Брисел се сретнала со четворица претставници на Студентската листа од Србија. 

Марта Кос одржа средба со четворица претставници на Студентската листа – нивните имиња не се откриваат

Ова е прв контакт на движењето со високи претставници на Европската Унија по изборната победа во Србија, а разговорите биле насочени кон демократијата и внатрешните политички прашања во земјата, пренесуваат српските медиуми.

Претставниците на Студентската листа оваа недела го одржале својот прв состанок на високо ниво во Брисел, но во фокусот не било подобрувањето на односите со ЕУ, туку внатрешната состојба во Србија.

Можеби ќе ве интересира: ЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија

– Србија има шанса за нов почеток. Новата Влада на Србија има можност да сврти нова страница, да ги зајакне демократските институции и основните права и да ги преземе неопходните чекори за напредок на патот кон пристапувањето на Србија во ЕУ – изјавила Марта Кос во средата пред пратениците во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Состанокот се одржал во периодот кога Европската комисија го финализирала извештајот

Кос потврдила дека претходно оваа недела се сретнала со претставниците на Студентската листа, во периодот кога Европската комисија ја завршувала годишната проценка на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Извештајот укажува на негативни трендови во областа на основните права и присуство на антиевропска реторика. Сепак, периодот опфатен со извештајот завршил пред изборите, поради што нивните резултати не се земени предвид.

– Се сретнав со претставници на Студентската листа. Разговаравме за многу работи, меѓу другото и за тоа како тие ја гледаат примарната улога на Србија во повторното воспоставување на демократијата во земјата – рекла Кос.

Можеби ќе ве интересира: Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје

Состанокот бил одржан во понеделникот попладне во Брисел, на покана на Марта Кос. На него присуствувале четворица претставници на Студентската листа, кои ѝ соопштиле на еврокомесарката дека нивниот приоритет е обновување на владеењето на правото и демократијата во Србија – заради европската иднина, но пред сè заради сопствените граѓани.

– Тие во Србија го сакаат истото што Европската Унија го бара од Србија, а тоа значи борба против корупцијата, слободни и независни медиуми, слободно и независно судство, добрососедски односи и, секако, стратешко усогласување со Европската Унија. Подготвени сме да ѝ помогнеме на новата влада да ги спроведе сите неопходни реформи – додала Кос.

Разговорот бил фокусиран на внатрешните прашања, наместо на процесот на проширување на ЕУ, бидејќи нерегуларностите на повеќе избирачки места го одложуваат финализирањето на изборните резултати, а со тоа и формирањето на новата влада.

Студентската листа сè уште треба да ги разјасни своето раководство и плановите за идната влада, поради што делегацијата настапила како група. Европската комисија, според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, одбила да потврди кои лица учествувале на состанокот.

Ова е прв разговор на претставници на Студентската листа на високо ниво со функционер на Европската Унија. Според објавениот распоред на состаноци на Европската комисија, тие истиот ден немале средба со ниту еден друг еврокомесар.

Извор: Блиц

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија

Залудни се фалбите за наводни успеси и „рекорден економски раст“, Европската комисија денес повторно со шлаканица од Брисел нѐ соочи со суровата реалност: напредок нема!

ЛДП: Владата со „нема напредок“ доби шлаканица од Брисел, последиците се врз Македонија

Повеќе од 30 пати во најновиот извештај за напредокот на Македонија се повторува констатацијата дека „нема напредок“. Нема напредок во борбата против корупцијата, нема напредок во изборните реформи, нема напредок во степенот на слобода на медиумите, нема напредок во јавните набавки и нема напредок во евроинтеграциите.

При презентација на извештаите за напредокот за кандидатите за ЕУ, еврокомесарката за проширување Марта Кос за Македонија ги наведе уставните измени како неопходен чекор во евроинтегративниот процес и дека без тоа, нема да има напредок.

ЛДП уште пред повеќе од една година го понуди единствениот одржлив излез од дипломатскиот лавиринт преку носење на уставните измени со одложено дејство кои ќе важат дури откако земјите-членки ќе ги ратификуваат пристапните протоколи, проследено со воведување на национални самозаштитни клаузули. Овие решенија веќе уживаат отворена поддршка кај европските либерали (АЛДЕ), кои и ден денес лобираат за ревидирање на ветото и воведување систем на фазна интеграција. Ова е можност за Владата наместо да ја држи државата во заложништво на дневнополитички калкулации, да покаже политичка храброст и да преземе одговорност пред гласачите!

Секако, на крајот од денот, одговорност ќе мора да има. Македонија не е и не смее да биде држава во која единствен континуитет ќе биде континуитетот на неуспесите и пропуштените шанси!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер