Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЗдравјеСветски ден за подигнување на свеста за аутизмотЗабележан е тренд на зголемување на бројот на дијагностицирани случаи со аутизам, во Македонија, во последните пет години, информира Институтот за јавно здравје на 2 Април, Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот. Како што велат од таму, најголемиот број новодијагностицирани се во Скопје, каде и пристапот до дијагностички центри, како Заводот за ментално здравје „Младост“ и Клиниката за детски болести е најголем. -Ова не мора да значи ‘епидемија’, туку е резултат на подобрените дијагностички методи, поголемата информираност на родителите и зајакнатите капацитети на стручните кадри. Важно е да се разбере дека аутизмот не е болест која се ‘лекува’, туку е специфичен начин на функционирање на мозокот. Македонија сѐ уште се соочува со потребата од национален регистар кој попрецизно ќе ги следи потребите на овие лица од раното детство, па сѐ до зрелоста “ велат од - Институт за јавно здравје. Аутизмот, или Спектарот на аутистични нарушувања (САН), е сложена невроразвојна состојба која вообичаено се појавува во раното детство и трае во текот на целиот живот. Тој влијае на начинот на кој едно лице комуницира и стапува во интеракција со другите луѓе и со светот околу себе. Од Институтот сметаат дека реалната бројка на лица со аутизам во земјата, од официјалната, во која се регистрирани околу 1000 деца. Според проценките, во Македонија се регистрирани околу 1.000 до 1.500 деца со официјална дијагноза (Ф84.0), но се претпоставува дека реалната бројка е значително повисока, со оглед на тоа што многу случаи остануваат недијагностицирани или се водат под други категории на пречки во развојот. Според последните податоци на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), се проценува дека 1 на секои 36 деца во САД има дијагноза од спектарот на аутизам, што е значителен пораст во споредба со претходните децении. Во земјите на Европската Унија преваленцата варира, но просекот се движи околу 1 на 100 лица, што значи дека околу 7 милиони луѓе во Европа живеат со аутизам.Тагови: аутизам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветГолема акција во Турција: 350 кг кокаин пристигнале со брод од БразилТурската полиција заплени 350 кг кокаин скриен на брод што пристигна во пристаништето Мерсин, прекинувајќи го синџирот на шверц со дрога од Јужна Америка, објавија денес медиумите во земјата.Министерот за правда Акин Гурлек по повод ова изјави дека турските власти ќе продолжат решително да се борат против злосторствата поврзани со дрога, од изворот до мрежата за дистрибуција, од финансиерите до нарко-босовите. „Нема да има толеранција за трговците со дрога и нема да има дупки во законот за нарко-босовите“, рече тој, според Хабертурк. Дрогата, вредна приближно 1,5 милијарди турски лири (околу 26,6 милиони евра), беше запленета, а девет осомничени идентификувани преку технички и физички надзор беа уапсени. Против осомничените е покрената судска постапка за кривично дело производство и трговија со наркотични или стимулативни супстанции. „Операцијата против трговците со дрога беше спроведена како резултат на работата на Одделот за наркотици на Полициската управа во Истанбул и Одделот за наркотици и разузнавање на Полициската управа во Мерсин“, се вели во соопштението на полицијата. По информациите дека на брод кој отпловил од Јужна Америка и пристигнал во пристаништето Мерсин има голема количина наркотици, беше утврдено дека товарен брод од Бразил се закотвил во пристаништето. За време на претресот на бродот, запленети се приближно 350 килограми кокаин во 12 големи пакети, заедно со опрема за нуркање и подводен скутер. Министерот Гурлек во објава на својот профил на социјалните мрежи изјави дека турските власти се борат против нарко-босовите и меѓународните криминални мрежи што ги воспоставиле. Потсетувајќи дека Ислам Јакут, водачот на меѓународна организација за трговија со дрога, кој беше во бегство од 2017 година, беше уапсен во Истанбул пред два дена, Гурлек објави дека денес нанеле удар врз мрежа за трговија со дрога во Мерсин, која планирала да транспортира кокаин испратен по море од Јужна Америка. Гурлек изјави дека, како дел од истрагата предводена од Канцеларијата на главниот јавен обвинител на Мерсин, Полициската управа открила план за криење на дрогата во трупот на брод под површината на водата, нејзино извлекување со помош на нуркачи и нејзино транспортирање во западните провинции. Извор: Б92Тагови: дрога турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45