Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
1Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија
2Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици
ЗдравјеСветски ден за борба против туберкулоза, имаме континуиран пад на бројот на заболениСтапката на смртност од туберкулоза во 2019 година е 0,2/100 000 и е најниска стапка на смртност забележена досега.Во 2019 година во нашата земја биле регистрирани 199 случаи на туберкулоза со што Република Македонија за прв пат се вбројува во земјите со ниска стапка на инциденца на туберкулоза, информираат од Институт за белодробни заболувања и туберкулоза по повод 24 Март – Светскиот ден за борба против туберкулоза. Стапката на смртност од туберкулоза во 2019 година е 0,2/100 000 и е најниска стапка на смртност забележена досега. Светскиот ден на туберкулозата се одбележува на 24 март секоја година и има за цел подигнување на свесноста за оптеретеноста со туберкулоза во целиот свет, да се потенцираат можностите за превенцијата и за контрола на болеста која се уште претставува проблем од огромни размери во поголем дел од светот. Светската здравствена организација годинава го одбележува овој ден под мотото „Време е за акција за крај на туберкулозата" и се оддава посебно признание на улогата и на медицинските сестри и акушерките во дијагностицирањето, лекувањето и превенирањето на туберкулоза и затоа тие се во центарот на вниманието на кампањата – Во Република Северна Македонија се применуваат најновите стандардни за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулоза, кои се инкорпорирани во националната стратегија за контрола на туберкулоза 2018-2022 година базирана на Целите за одржлив развој и глобалната стратегија на Светската здравствена организација насловена како „Крај на туберкулоза до 2030 година". Благодарение на усогласените активности и мерки за контрола на туберкулоза во нашата земја, од 2002 година до денес бележиме континуирано и постепено намалување на бројот на заболени од туберкулоза, се наведува во соопштението од Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза. Од туберкулоза, стои во соопштението од Институтот, се уште почесто заболува машката популација околу 65 проценти и младите на возраст од 25-45 години, додека од вкупниот број на регистрирани околу шест проценти се деца на возраст од 0-14 години. – Во 2019 година 90,5 проценти од болните се новозаболени, а 9,5 отсто се лица кои повторно се лекуваат од туберкулоза. Најчеста локализација на болеста е белодробната. Појавата на резистентни и мултирезистентни форми на туберкулоза во РСМ е под контрола иако повремено се регистрираат варирања во бројот на откриените соеви на резистентни бактерии: сепак во 2019 години регистриран е само еден случај со МДР ТБ и еден случај со Рифампицин резистентана туберкулоза што покажува тенденција кон намалување во споредба со претходните години, се вели во соопштението од Институтот. Од 2007 до 2018 година регистрирани се вкупно седум болни со туберкулоза меѓу ХИВ позитивните лица, а во 2019 година регистриран е само еден случај на ТБ/ХИВ. Туберкулозата е болест поврзана со социјални детерминанти, лоши услови на живеење и затоа особено внимание се посветува на контрола на болеста меѓу ризичните, вулнерабилни групи, како што е популацијата во казнено поправните установи, психитриските болници, ромската популација. Бројот на болни од туберкулоза во казнено-поправните установи во 2019 година е намален во однос на претходните години и изнесува два случаи. Во психитриските болници во 2019 година откриени се три слуачи со туберкулоза. Меѓу ромската популација бројот на новооткриени случаи со туберкулоза не се зголемува и е идентичен со 2018 година -16 лица. Превентивната програма за контрола на туберкулозата кај населението во нашата земја за 2019 година е финансирана од Министерството за здравство и предвидува реализирање на поголем број на активности за дијагностика, лекување и превенирање на туберкулоза.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид.„Добар ден на сите, би сакал да изразам своја голема благодарност, но и задоволство што инвеститорот заедно во соработка со Владата одлучија да инвестираат токму тука во Охрид, во нов, производен погон за производ кој што е меѓу светските лидери. Нешто што за нас како Влада, за Охрид, но и за Македонија како држава претставува посебна гордост; да имаме еден од светските лидери токму дома, кој што токму овде во Охрид само ја продлабочува својата трага која ја остава во локалната, но и државната, националната економија. Ние како Влада сме партнери, ќе го подржиме се разбира овој инвестициски проект, затоа што веруваме дека има голема додадена вредност и на тој начин само ќе се потрудиме заедно со инвеститорот дополнително да ја потврдиме лидерката позиција во светски рамки. Инаку кое што за мене како претседател на Владата посебно претставува задоволство, но и како професор е тоа што оваа линија ќе биде комплетно роботизирана, ќе се користат апликации на вештачка интелигенција, нешто што претставува современа технологија, врвна технологија. И јас сум убеден дека токму тука од Охрид, од овој произведен капацитет ќе ги стимулираме сите идни инвеститори во Македонија да применуваат вештачка интелигенција, роботизирани системи- технолошки со што ќе го зголемат и ќе го оптимираат своето производство.“- изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЗабаваФото: Емили Ратајковски во секси фустан без долна облекаМузејот на уметноста во Лос Анџелес беше одбележана од провокативната креација на една од најубавите жени на светото, моделот Емили Ратајковски.Убавата Емили на свеченоста се појави во секси фустан со многу отвори под кој можеше да се забележи дека гаќичките ги оставила дома, исто како и градникот, поради што градите малку фалеше да излезат од фустанот. – таа е жив скандал. Емили покажа повеќе отколку што требаше... Синоќа, во Музејот на уметност на округот Лос Анџелес (LACMA) се одржа хуманитарниот гала-настан „LACMA Art + Film“, кој собра бројни ѕвезди од целиот свет. Многу дами имаа можност да блеснат, а некои од нив дадоа сè од себе за нивните модни изданија да се паметат сè до следната година. Во Музејот, атрактивната манекенка блесна во фустан од модната куќа „Гучи“ станува збор за бел сатенски фустан со асиметричен израз. Не треба да го изоставиме длабокиот шлиц на бутот, кој откри дека манекенката не носи гаќички, како и отворениот грб што го заокружи овој секси изглед. https://www.instagram.com/reel/DferhmrBVid/?utm_source=ig_embedТагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаПијанист од крузер спасен по девет часа во Тихиот ОкеанПијанист од крузер е спасен откако поминал девет часа во Тихиот Океан, на околу 32 километри од брегот на Калифорнија. Мажот, вработен во компанијата „Ројал Карибиан“ (Royal Caribbean), паднал од бродот и пливал сè додека во петокот не го забележале двајца рибари. Неговиот идентитет сè уште не е објавен, пренесува Би-Би-Си (BBC). Рибарите Грант Герет и Шон Нортон го забележале мажот во близина на островот Каталина. „Си помислив: ’Тоа е човек. Гасете го бродот, повлечете ги сите јажиња‘“, раскажа Герет. Мажот им кажал дека работи како пијанист на „Овејшн оф д сиз“ (Ovation of the Seas) – крузер со 14 палуби. „Единственото нешто што ни го кажа беше: ’Ви благодарам. Мислев дека ќе умрам‘“, додаде Нортон. Според американската крајбрежна стража, спасениот пијанист е пренесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба. Крајбрежната стража за Би-Би-Си (BBC) потврди дека ги истражува околностите на инцидентот. Службите за спасување сметаат дека мажот паднал во морето околу 02:30 часот по полноќ – речиси девет часа пред да биде пронајден. Адам Јасенда, капетан на спасувачката служба во Њупорт Бич, изјави за Си-Би-Ес (CBS) дека мажот се наоѓал на 25 до 30 километри од брегот – практично среде океанот. Шон Нортон смета дека пијанистот преживеал исклучиво поради невообичаено топлата вода. „Ова е година на екстремен ’супер Ел Нињо‘. Човекот веројатно поминал десет часа во водата, а температурата на морето изнесувала 24 степени “, објасни тој. „Во која било друга година, тој не би имал никакви шанси за преживување.“ Научниците кои го следат Тихиот Океан потврдија дека тековниот климатски феномен „Ел Нињо“ е најсилниот некогаш забележан. Температурите на океанот се за околу три степени Целзиусови над просекот. Компанијата „Ројал Карибијан Груп“ (Royal Caribbean Group) даде коментар за случајот. „Му ја пружаме сета потребна поддршка и помош на нашиот член на екипажот. За да ја заштитиме неговата приватност, не можеме да откриеме дополнителни детали“, изјави портпарол за Би-Би-Си.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook