Светски ден против туберкулозата - во Македонија се намалува бројот на заболени - Канал 5

Светски ден против туберкулозата - во Македонија се намалува бројот на заболени

Во последните 10 години во континуитет има постојано намалување на вкупниот број болни од туберкулоза.

Светски ден против туберкулозата - во Македонија се намалува бројот на заболени

Во 2012 година во Македонија се регистрирани 355 случаи со туберкулоза, а во 2002 година-730 случаи. Се бележи и намалување на процентот на заболени деца, минатата година се откриени 29 случаи, истакна директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Билјана Илиевска Поповска по повод 24 Март, Светски ден против туберкулозата.

Светската здравствена организација оваа година Светскиот ден против туберкулозата го одбележува под мотото „Запрете ја туберкулозата во мојот животен век“.

Таа посочи дека вакцината е заштитна мерка за детската туберкулоза во околу 80 отсто до случаите, што значи 20 проценти од вакцинираните деца можат да заболат. Заболуваат деца кои имаат слаб имунитет и кои во семејството живеат со некој постар кој е заболен од туберкулоза.

Во Македонија се применуваат најновите стандарди за дијагностицирање, лекување и превенирање на туберкулозата според препораките на СЗО и други светски институции кои се инкорпорирани во Националната програма за контрола на туберкулозата. Минатата година е намален и бројот на луѓето кои повторно се раболуваат од туберкулоза и нивниот број првпат се симнува под 10 проценти за разлика од претходните години. Значително е подобрена бактериолошката потврденост на болните, што е важен момент бидејќи е фактор кој овозможува адекватно лекување на овие болни.

Во последната година бројот на болни од туберкулоза кај вулнерабилните групи бележи тренд на намалување. Минатата година во затворите е откриен само еден случај, во психијатриските болници три случаи, а кај ромската популација се бележи намалување на бројот на болни. Во последните четири пет години не е регистриран случај кој истовремено има ХИВ инфекција и туберкулоза. Од 2000 година до денес во Македонија се регистрирани пет вакви случаи. Бројот резистентни слоеви на туберкулозни бактерии изнесува 16 од кои само четири случаи се со мултирезистентна форма на туберкулоза.

Лекувањето за сите болни е бесплатно, лекови има за сите случаи на туберкулоза. Пред еден месец првпат во Македонија воведен е брз дијагностички тест базиран на молекуларна дијагностика на туберкулозните бактерии кој овозможува дијагноза поставена во тек на 24 часа и многу брза детекција на резистентните слоеви на туберкулозни бактерии. Воведен е и нов тест познат како Квантиферон тест кој ја открива туберкулозната инфекција, со што се овозможува брза и точна дијагностика на овие лица и нивно соодветно лекување.

Пред неколку дена почна да се користи новиот флуоробус, подвижен рендген апарат наменет за откривање на болеста во поран стадиум кај ризичните групи во затвори, психијатриски болници, бездомници, ромска популација итн.

Министерството за здравство секоја година изготвува посебна Програма за спречување на појава и ширење на туберкулозата, која годинава изнесува шест милиони денари.

Туберкулозата е заразна болест која најчесто се пренесува преку воздухот, најчесто се инфицирани белите дробови но може да бидат опфатени и другите органи. Здравиот организам обично успешно ја совладува инфекцијата и не дозволува појава на болест. Ако поради различни причини, имуниот систем не успее да ја совлада инфекцијата, тогаш организмот заболува од белодробна туберкулоза. Лицето инфицирано од туберкулозни бацили може да нема симптоми на заболување, а подоцна (по повеќе години) тие да предизвикаат болест. Кај 5-10 отсто од инфицираните во текот на животот настанува туберкулозно заболување, а тоа се случува кога отпорноста на организмот ќе опадне од разни причини: нередовна и слаба исхрана, лоши хигиенски услови за живот и работа, преголем физички и психички напор, стрес, консумирање на големо количество на алкохол и цигари, некои други заболувања (карцином, дијабет и др).

Туберкулозата е болест на сиромаштијата, начесто ја напаѓа младата популација од населението во нивните најпродуктивни години. Деведесет и пет отсто од туберкулозните смртни случаи се во земјите во развој.

Туберкулозата во светски рамки е на трето место како причина за смрт кај жените во репродуктивниот период, и четврто место како причина за смрт кај жените од сите возрасти. Повеќе од половина милион жени умираат од туберкулоза секоја година.

Туберкулозата е втора водечка причина за смрт меѓу инфективните болести во светот, веднаш по ХИВ инфекција. Во 2011 година во светот се откриени 8,7 милиони нови случаи со туберкулоза, а истата година од болеста починале 1,4 милиони од кои 70.000 се деца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штрајк во Грција. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати...“

Работниците во грчкиот јавен сектор, заедно со неколку синдикати од приватниот сектор, денес одржуваат штрајк на национално ниво, барајќи повисоки плати и поквалитетни јавни услуги – потег што предизвика нарушувања во транспортот низ целата земја.

Штрајк во Грција. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати...“

Фериботскиот сообраќај кон островите е прекинат, а работата на метрото е запрена во утринските и вечерните часови. Истовремено, откажани се летови на некои регионални аеродроми, бидејќи на штрајкот им се придружија поморци, како и работници од секторите транспорт и телекомуникации.

Штрајкот, организиран од најголемиот синдикат во грчкиот јавен сектор, АДЕДИ, бара повторно воведување на годишните бонуси на плата – кои беа укинати за време на грчката должничка криза – како и зголемување на средствата за здравството и образованието.

Се очекува вработените во јавниот сектор, од наставници во училиштата до лекари во болниците, во текот на денот да излезат на улиците во Атина и во другите градови за да протестираат и да ја изразат својата поддршка за штрајкот.

Овој штрајк во Грција – трет во последните неколку недели – се совпаѓа со растечкиот бран протести на млади луѓе низ Европа, поттикнати од лошите услови во образованието, зголемените трошоци за домување и падот на животниот стандард.

„Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија...“

„Се бориме за значително зголемување на платите што ќе го надомести губењето на нашата куповна моќ“, изјавија од АДЕДИ. „Нема да прифатиме раст на цените, замрзнати плати, енергетска сиромаштија, ниту пак катастрофалната состојба во јавното здравство и образованието“, додадоа тие.

Грција, една од најзадолжените земји во еврозоната, се опорави од финансискиот колапс кој, меѓу другото, доведе до намалување на платите во замена за пакети финансиска помош во вредност од приближно 280 милијарди евра.

Иако во последните години платите се зголемија, а даноците се намалија, многу домаќинства сè уште се соочуваат со тешкотии поради наглиот пораст на кириите и трошоците за живот – ситуација која дополнително се влошува поради повисоките цени на храната и енергенсите, што е последица на војните во Украина и на Блискиот Исток. Премиерот ветува божиќни бонуси и повисоки плати

Владата на десниот центар, предводена од премиерот Киријакос Мицотакис – кој беше реизбран во 2023 година, а напролет го очекуваат национални избори – најави даночни олеснувања и субвенции во вкупна вредност од околу 2,2 милијарди евра за оваа година, со цел да им се помогне на граѓаните со ниски примања и на пензионерите.

Тој вети божиќен бонус од 500 евра за околу 700.000 државни службеници, почнувајќи од декември 2027 година, како и просечна месечна плата од 1.800 евра во сите сектори до 2030 година – што претставува зголемување во однос на сегашниот износ од околу 1.400 евра.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“

Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. 

Мицкоски од Бутел: Пуштен е во употреба доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски при пуштање во употреба на доградениот објект во ОУ „Ацо Шопов“.

Добар ден и од мене.

Би сакал во оваа прилика да изразам задоволство што еве ова основно училиште добива нови училници. Дечињата ќе можат да имаат навистина современи услови за да стекнуваат знаење и тоа знаење понатаму да го користат во животот. Ќе имаме едносменска настава, како што веќе беше споменато.

Ние како Влада продолжуваме да ги реализираме приоритетите, продолжуваме да реализираме тоа што е ветено и во рамките на тие проекти е и овој проект, и уште многу други проекти, повеќе од 1.200 проекти, се реализираат како резултат на онаа Програма, каде што децентрализиравме средства од централниот Буџет кон општините. И размислуваме, бидејќи даде ефект, сето ова да го продолжиме и во годините коишто следат, се разбира во зависност од расположливоста на буџетските средства.

Од друга страна би сакал да му честитам на градоначалникот за посветената работа, што ја прави овде во Општина Бутел. Би сакал да се заблагодарам на советниците, на администрацијата, коишто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на министерката, Министерството за образование и наука, на колегите од Владата коишто сите се дел од овој проект којшто навистина додава вредност. И убеден сум дека сите заедно вака мотивирани ќе продолжиме и во периодот којшто следи.

Уште еднаш им посакувам многу убави училишни денови на дечињата, а на наставниците им посакувам што повеќе знаење да пренесат на учениците.

Ви благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаник Синер се јави од болница

 Еден од најдобрите свтески тенисери, Италијанецот Јаник Синер успешно се подложи на помал хируршки зафат за подобрување на состојбата на неговата илиотибијална лента. 

Јаник Синер се јави од болница

Операцијата ја изврши ортопедскиот хирург, професор Лас Лемпаинен. Италијанскиот тенисер сега ќе го започне процесот на рехабилитација во соработка со својот медицински тим.

„Во текот на изминатите неколку месеци, мојот тим и јас направивме сè што можевме за да ја санираме повредата без операција. Иако првично имаше многу охрабрувачки напредок, моето колено, за жал, не реагираше онака како што сите се надевавме. Затоа, денес се подложив на помал хируршки зафат за да ја подобрам состојбата на мојата илиотибијална лента. Навистина ми недостасува теренот, а сега ќе го започнам процесот на закрепнување заедно со мојот тим“, изјави Јаник Синер.

Се проценува дека периодот на рехабилитација ќе трае три месеци. Синер нема настапено на терен уште од 12 јули и финалето на Вимблдон, на кое победи.

Во 2026 година тој одигра шест финалиња и победи на сите шест. Редоследно триумфираше на турнирите во Индијан Велс, Мајами, Монте Карло, Мадрид, Рим и Вимблдон, каде што го одигра и последниот натпревар во сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер