3Принцот Хари со силна порака по апсењето на таткото на Меган: Децата заслужуваат да се чувствуваат безбедно
КултураСветски ден на театаротТеатарот може да ни каже се - и како боговите живеат на небо, и како затворениците скапуваат во пештерите, и како страста возвишува, и како љубовта погубува, и како добриот човек не е потребен и како измамата царува, и како луѓето живеат по станови додека деца венеат по кампови за бегалци, и како сите потоа треба да се вратат во пустината, и како заљубените се разделуваат. Театарот може да ни раскаже се.Ова го пишува рускиот режисер Анатолиј Василев во годинашната меѓународна порака за одбележувањето на Светскиот ден на театарот 27 Март, во која тој наведува дека во последниве педесет или седумдесет години, театарат е особено потребен. - Затоа што од сите јавни уметности само театарот се случува од уста в уста, од очи в очи, од раце в раце, од тело - кон тело... Театарот е потребно да е секаков. Само еден театар е непотребен. Тоа е театарот на политичките игри, театарот на политичките стапици, театарот на политичарите, политичкиот театар. Театарот на секојдневниот терор – личен и колективен, театар на трупови и театарот на крв на улиците и плоштадите, во главните градови и провинциите, меѓу религиите и етникумите, пишува Василев во пораката. Режисерот Бранко Ставрев, пак, автор на македонската порака за Светскиот ден на театарот во 2016-та, прашува: Може ли театарот со „добра игра“ да ги надополни недостатоците на драмата? - Недоразбирањата, протестите, митинзите, делбите – му ја одземаат силата на театарот. Кризата низ која минува ова овде и сега е се подлабока. Отворена е кутијата на Пандора, на улицата ни се „окотува волчица“. Трагичното овде и сега ќе бара од театарот одново и одново да ја преиспитува сопствената функција. Очебијно е дека ќе му биде потребна огромна енергија за да одговори на судбоносното прашање: Што да се прави кога реката на животот се излеала од коритото и ги поплавува сите надежи?, пишува Ставрев. Театарот, наведува Ставрев, ќе мора овие потресни библиски фрески и гротески и сите други настани од споулавениот уличен театар на нашето неспокојно катадневие да ги внесе во својот храм, каде што им е местото. - И да им го подметне старото Хамлетово огледало на природата, кое на доблеста и овој пат ќе и ги покаже нејзините црти, на презирот неговата слика, а на самиот век и тело на времето, нивниот облик и отпечаток, напиша режисерот Ставрев во годинашната македонска порака. Светскиот ден на театарот е востановен во 1961 година од Интернационалниот театарски институт (ИТИ). Се одбележува секоја година на 27 март кога пред изведувањето на претставите на сцените низ светот се читаат меѓународна и национална порака за значењето на театарот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиЕвропско првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“Елена Костадиновска и Никола Бубевски се дел од судиската елита на Европското кик бокс првенство во Скопје.Почетокот на Европското првенство во кикбокс за сениори во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје означи старт на една од најголемите спортски манифестации од овој ранг кај нас, каде што за медали во конкуренција на најдобрите ќе се борат импресивни 1.191 натпреварувач од целиот континент. Покрај македонските репрезентативци на татамите и ринговите, значаен дел од македонската делегација се и нашите меѓународни сениорски судии Елена Костадиновска и Никола Бубевски. Нивното учество на ваков престижен турнир е големо признание за нивниот професионализам, довербата од Европската федерација и потврда за квалитетот на македонската судиска организација на меѓународната сцена.Тагови: кикбокс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Фаталната русокоса е во топ формаФатална русокоса е во топ форма, комбинезонот „доаѓа до израз“ за време на тренинг, а секој дел од телото изгледа како извајан.Една од најубавите спортски новинарки на светот, Италијанката, Дилета Леота уште еднаш докажа зошто важи за една од најатрактивните жени во светот, а нејзините најнови фотографии од теретана никого не оставија рамнодушен. Популарната италијанска спортска новинарка Дилета Леота речиси секојдневно споделува активности на социјалните мрежи, привлекувајќи големо внимание. Покрај својата одлична фигура, детали од приватниот живот и емотивни семејни моменти, таа често ги прикажува и резултатите од напорните тренинзи и дисциплинираниот начин на живот – токму затоа, по второто породување, таа успеа за многу кратко време да се врати на теренот. Овој пат, таа објави серија фотографии и видео од тренинг, а најмногу внимание привлече нејзиниот атрактивен стајлинг. Убавата Италијанка носеше виолетов комбинезон што максимално ја истакнуваше нејзината фигура, а сподели и неколку фотографии на кои позираше од различни агли. https://t.co/Hu2Sxco4H5 — Likeaboss (@Instastory88) November 10, 2026 „Мама миа“ – гласи коментарот на еден следбеник, а најпознатата 35-годишна италијанска спортска новинарка на Инстаграм има повеќе од 9 милиони следбеници.Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЈакната на Мајкл Џексон од „Thriller“ повторно на аукција: Се продава за 1,8 милиони долариЦрвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби. Исто така, изложен е и костумот во крем боја што Џексон го носеше во спотот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Црвената кожна јакна од музичкиот спот за „Thriller“, костимот од „Smooth Criminal“ и други предмети што му припаѓале на Мајкл Џексон се изложени во Њујорк, во пресрет на аукцијата што ќе се одржи во Абу Даби на 7 декември. Предметите беа претставени во вторникот во Њујорк. Меѓу нив е изложен и костимот во боја на крем, кој Џексон го носел во музичкиот спот за „Smooth Criminal“ од 1988 година. Исто така, изложени се потпишана црвено-црна кожна јакна од спотот за „Thriller“, како и две јакни од турнејата „Bad“ (1987–1989): една потпишана јакна со токи и јакна со натпис „Special Officer“ (Специјален службеник) со кожни ремени. Колекцијата вклучува и две бели ракавици со светкави детали – едната од настапот на „Motown 25“ во 1983 година, а другата од турнејата „Victory“ во 1984 година. Изложени се и чевли носени за време на сценски настапи во 1990-тите години, како и ремен од периодот на „Bad“, изработен од сребро и 18-каратно бело злато, кој Џексон го носел на доделувањето на наградите „American Music Awards“ во 1989 година. Предметите се дел од аукцијата „Мајкл Џексон: Модното наследство“ („Michael Jackson: The Fashion Legacy“), организирана од аукциската куќа „Џулиенс“ (Julien's Auctions). Од аукциската куќа соопштија дека ова е најголемата колекција на сценски костими, модни додатоци и облека од музичките спотови на Џексон, која некогаш била понудена на продажба. Аукцијата се одржува во хотелот „Роузвуд“ (Rosewood Hotel) во Абу Даби и опфаќа повеќе од 100 предмети. Се очекува најголемо внимание да привлече јакната од спотот за песната „Thriller“, чиј дизајн е дело на костимографката Дебора Надулман Лендис. Од „Џулиенс“ не наведоа проценка за нејзината цена. Во 2011 година, истата аукциска куќа продаде јакна од истиот музички спот за 1,8 милиони долари. Ракавица од настапот на „Motown 25“ – за време на кој Џексон пред телевизиската публика за првпат го изведе „одењето на месечината“ (moonwalk) – е проценета на вредност меѓу 600.000 и 800.000 долари. „Џулиенс“ (Julien's) ја продаде истата ракавица во 2009 година за 430.000 долари. Јакна од турнејата „Bad“, потпишана од Џексон и подарена на фондацијата „Т. Џ. Мартел“ (T.J. Martell Foundation), се проценува на вредност меѓу 60.000 и 80.000 долари. „Јакната од ’Thriller‘ е онаа за која светот никогаш не престана да зборува“, изјави Мартин Нолан, коосновач на аукциската куќа „Џулиенс“, кога во октомври беше најавена продажбата. Покрај колекцијата на Џексон, во Абу Даби ќе се продаваат и предмети што ѝ припаѓале на принцезата Дијана – вклучувајќи фустани и лични предмети, како што е кошулата од „Ралф Лорен“ што таа ја носела за време на посетата на Босна и Херцеговина во 1997 година. На аукцијата ќе се најдат и предмети поврзани со Курт Кобејн, Брус Ли, Мадона и Ејми Вајнхаус.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16