Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло
2Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло
3Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
КултураСветски ден на театарот: Публиката не доаѓа да гледа совршенство, туку да препознае искреност и чиста вистинаТеатарот е потреба од човечка природа. Не е важно местото, важна е идејата и суштината. Театарот не е филм. Тој е сега и овде, жив и право в очи. Отвора важни разговори и буди теми за кои мора и вреди отворено да се зборува, се вели во македонската порака по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март, која за годинашното одбележување ја состави независниот театар „Златен Елец“, основан во 2020 година во Скопје. Како што наведува, театарот е полн магацин со крилја, исто како во соништата, а публиката не доаѓа да гледа совршенство, туку да препознае искреност и чиста вистина. -Наш „магацин“ еднаш беше една стара куќа, на улица во Скопје, сите ние верувавме дека е театар, немавме многу услови, но имавме силен мотив и голема желба за независен театар ... Театарот треба да се создава од вистинска потреба. Од радост. Од немир. Од немоќ. Од љубопитност. Од желба да се разбере светот што постојано се менува. Театарот е имитација на животот во едно општество или средина, но и негово преиспитување и треба да се искористи за преку него гласно да се зборува за промени, зашто во обичниот живот нема тонец што ќе ни пушти музика, нема брз расплет за да ги разреши работите, нема сценограф да го нацрта и оживее светот што ни е потребен. Вистинскиот живот е тежок, убав, тажен, краток или долг, театарот отсекогаш го анализирал, го лекувал и нудел утеха, посочувал кон желба за промена и носел провокација, пишува во националната порака. Во пораката „Златен Елец“ посочува и дека „да гледаш театар значи да сонуваш, да се занимаваш со театар значи да се валкаш со прашина, со шминка, со песок, со крв и пак да сонуваш.“ - Да се откажеш од нормалното за да живееш нешто ненормално, но вистинско. Тоа е љубов, пасија и начин на живот. Убава болка што те уништува и те разубавува истовремено, се наведува, меѓу другото, во пораката. Автор на меѓународната порака по повод Светскиот ден на театарот годинава е американскиот актер и театарски творец Вилем Дефо, кој денес е уметнички директор на Театарското биенале во Венеција во рамките на програмскиот комплекс La Biennale di Venezia. Во обраќањето по повод Светскиот ден на театарот Дефо се присетува на своите скромни почетоци во „The Wooster Group“ - театарска трупа со седиште во Њујорк. Како што вели, без разлика колку луѓе се присутни, публиката како сведок му дава на театарот смисла и живот и нагласува дека „социјално и политички, театарот никогаш не бил толку важен и витален за нашето разбирање на самите себе и на светот“. Во однос на новите технологии и социјалните мрежи, Дефо смета дека „интернетот можеби поставува прашања, но многу ретко создава чувство на чудо, кое театарот го буди“. -Тоа чудо се темели на внимание, ангажман и спонтано заедништво на оние присутни во кругот на акција и реакција. Како актер и театарски практичар, верувам во силата на театарот. Во свет што се чини сè повеќе антагонистичен, контролирачки и насилен, нашиот предизвик како творци на театар е да избегнеме корупција на театарот, и да го спречиме убедувањето дека театарот е комерцијален бизнис посветен на забава и разонода; или дека театарот е само сув институционален чувар на традиции; туку да ја поттикнеме неговата моќ да поврзува луѓе, заедници, култури и пред сè, да поставува прашања за тоа каде се движиме…Големиот театар го предизвикува нашето размислување и нè поттикнува да замислиме кон што се стремиме. Преку раскажување приказни, со естетика, јазик, движење, сценографија, театарот како целосна уметничка форма може да ни покаже што некогаш бил, што е и каков би можел да биде нашиот свет, вели Вилем Дефо во годинашната меѓународна порака за Светскиот ден на театарот. Светската порака и нацоналните пораки по повод Светскиот ден на театарот – 27 Март вечер ќе се читаат на сите театарски сцени во светот, пред изведбите на претставите. Светскиот ден на театарот е востановен од Интернационалниот театарски институт (ИТИ) во 1961 година и оттогаш се слави на 27 март со разни театарски настани и со читање на пораките. Првата меѓународна порака ја напиша францускиот писател, сликар и режисер Жан Кокто во 1962 година. Тагови: Светски ден на театарот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбатаПретседателката на Европската комисијата ja кажа вистината во лице. Македонскиоот идентитетот е заштитен. Јазикот е заштитен. На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции. Нема ниту поништување на Преспанскиот договор, ниту враќање на името како што ветуваше Мицкоски. Лагите со кои дојде на власт паднаа во воа. Кога нема нова лага што сега ќе може да ја продава како магла, арамијата се обидува повторно да разгорува. Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна. Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата. Сам вели: разговараме, не преговараме. Точно. Не преговара затоа што не бара исход. Бара конфликт што трае. Со Грција така. Со Бугарија така. Од кампањата до денес. Така не се оди ни кај сосед, а камоли во преговори за врата кон Унијата. Така не се доаѓа до решение. Пример што секој го разбира. Не го каниш соседот ако не сакаш да го пречекаш. Потоа да се чудите што масата останала празна. Тоа не е дипломатија. Тоа е изговор да не се влезе. СДСМ не спори со историјата. Историјата ја решаваат историчари. За државата тука се институциите, тие треба да обезбедат напредок. Арамијата ја користи првата за да ја запре втората. Затоа што ЕУ носи правила, а правилата не му одговараат на шефот на бандата. Средбата следната недела веќе е поткопана. Од Мицкоски. Од човек што, штом ќе остане без лага, разгорува тензија. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
БалканСообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ е во прекин поради истекување на масло по гаснењето на запалено товарно возило, соопшти Авто-мото сојузот на Република Српска.Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина (УИО) синоќа соопшти дека сообраќајот сè уште е во прекин на меѓународниот граничен премин Рача-Сремска Рача, откако во вечерните часови избувна пожар на камион со регистарски таблички од БиХ, додека се наоѓал на мостот меѓу Босна и Херцеговина и Србија. Камионот се запалил среде мостот откако претходно го напуштил царинскиот терминал на Управата. Во приколката се превезувал товар од алуминиумски скали наменети за извоз од Босна и Херцеговина во Романија. Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина ги повика возачите на камиони, како и останатите учесници во сообраќајот, да користат други алтернативни меѓународни гранични премини за да избегнат подолги задржувања. Противпожарните служби брзо интервенираа и го изгаснаа пожарот на камионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСедлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпреварМакедонската репрезентација вечерва ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски. Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена. „Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски. Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка. Висар Муслиу очекува од македонската репрезентација максимална тимска ангажираност против еден од најквалитетните противници во групата. „Швајцарија не е само офанзивно силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно ако сакаме да бидеме успешни“, вели Муслиу. Дефанзивецот признава дека резултатите во овој циклус не се онакви какви што очекува јавноста, но нагласува дека тимот мора да покаже реакција. „Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б е поквалитетна и тимски и индивидуално, но мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“ Муслиу упати и апел за поддршка од навивачите, особено во период кога резултатите не се на посакуваното ниво. „Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро, никој ништо не кажува, но кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари да бидеме подобри.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter