Светски ден на семејната медицина – со какви предизвици се соочуваат лекарите? - Канал 5

Светски ден на семејната медицина – со какви предизвици се соочуваат лекарите?

„Семејните лекари се ограничени за препис на голем број лекови“ – вели претседателот на Здружението на лекари по општа медицина, Драган Ѓорѓиевски на одбележувањето на Светксиот ден на семејна медицина. 

Светски ден на семејната медицина – со какви предизвици се соочуваат лекарите?

Според него, голем дел од семејните лекари се компетентни за давање упат на пациентите, сепак таа можност им е ускратена и, како што вели, тие не можат да го валоризираат својот труд.

-Се спуштија одредени лекови на примарно ниво, но се уште имаме лекови како еден инхалаторен спреј за нос, а ова е земја на алергиски реакции и хронични риносинусити, ние мораме да добиеме препорака од специјалист по ОРЛ. Тоа е шеткање на пациентите низ системот. Значи, семејниот лекар треба да опфати 70-80% од популацијата и да се спуштат ингеренциите и услугите за да можеме да закажеме една компјутерска томографија,- Драган Ѓорѓиевски – Претседател на ЗЛОМСМ.

Од здружението велат дека Македонија е единствена европска земја која нема закон за докторска дејност во кој би било дефинирано како ќе се градираат платите на лекарите. Ѓорѓиевски како дополнителен проблем наведува и дека е финансирањето поради застарениот модел на капитација.

-Малите ординации, ординациите во малите места и во селата веќе доаѓаат и до отпуштање на вторите тимови бидејќи не можат да извршат плаќање бидејќи моделот на капитација е направен пред 20 години кога Македонија имала многу повеќе популација него сега,- Драган Ѓорѓиевски – Претседател на ЗЛОМСМ .

Во изминатата деценија бројот на матични лекари во Макеоднија, според податоците, се намалил за неколку стотици - од 1.800 во 2014 година на под 1.400 денес, а како главни причини се наведува малиот интерес кај младите лекари да отворат ординации, како и големиот одлив во странство, а недостигот е најсериозен во помалите градови и селата...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запален автомобилот на познат српски пејач

Запален е џипот Ауди на популарниот српски пејач Урош Живковиќ . Жителите на населбата Чукарица во Белград ги разбудила силна експлозија, луксузниот автомобил е скоро целиот уништен во пожарот. .

Запален автомобилот на познат српски пејач

Пожарот во кој изгоре скап автомобил „Ауди Q8“, сопственост на познатиот пејач Урош Живковиќ, избувна рано утринава, околу 4 часот, во белградската населба Чукарица. Жителите на околните згради беа разбудени среде ноќ од силен тресок, сличен на експлозија, по што низ прозорците видоа пламен што го зафати луксузниот џип.

Се сомнева дека пожарот е подметнат. Двајца непознати мажи му пришле на паркираното возило, истуриле запалива течност врз него, по што автомобилот веднаш пламнал. Напаѓачите со молскавична брзина побегнале од местото на настанот во непознат правец.

Пожарникарите-спасувачи брзо пристигнаа на местото на настанот, го изгаснаа пожарот и спречија негово ширење кон околните возила. За среќа, во овој инцидент немаше повредени, но возилото претрпе сериозни оштетувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Јануарската плата ќе биде зголемена за 10 проценти ова утринава го најави министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Мисајловски: Јануарската плата на војската ќе биде зголемена за 10 проценти

Кој се обрати на прес-конференција посветена на покачувањето на платите во Армијата и одбраната од почетокот на следната година.

На конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите во одбраната и армијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Во вторник (27.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Павлина Горгиева.

„Гответе со Дракче“ - Пица со шунка

Состојки за денешниот рецепт:

1 готово тесто за пица

100 гр. доматен сос

150 гр. шунка

150 гр. кашкавал

150 гр. печурки

50 гр. маслинки без семка

малку оригано и др. зачини по избор.

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер