Светски ден на населението - Канал 5

Светски ден на населението

 Од 1989 година 11 јули се одбележува како Светски ден на населението со цел да се подигне свеста за прашањата кои влијаат врз светската популација.

Светски ден на населението

На иницијатива на демографот во Светската банка, К. Ц. Захарија, Управниот совет на Програмата на Обединети нации за развој (УНДП) го прогласува 11 јули за Светски ден на населението. На денешен ден во 1987 година светското население достигна пет милијарди.

Според статистичките податоци, во ноември 2022 година, светската популација достигна бројка од осум милијарди луѓе.

Светскиот ден на населението има за цел да го привлече вниманието на одредени демографски проблеми со кои се соочуваат земјите ширум светот. Главните цели вклучуваат:

- Подигнување на свеста: информирање на јавноста за прашања како што се сексуалното здравје, правата на жените и девојчињата, образованието, сиромаштијата, одржливиот развој и заштитата на животната средина.

- Промоција на родова еднаквост: зголемување на свеста за потребата од еднакви права и можности за жените и девојките во сите аспекти на животот.

- Поддршка за здравствени иницијативи: нагласување на важноста од пристапот до здравствена заштита.

- Одржлив развој: поттикнување одржливи практики и политики кои ќе овозможат рамномерен раст на населението и заштита на природните ресурси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“.

Мицкоски во посета на Општина Охрид

Денес во 11:30 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на реконструкција на СОУ „Св. Климент Охридски“, а потоа и на реконструираната улица „Кленоец“ во Општина Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на Никола Груевски - човекот кој избега во Унгарија и таму продолжува да живее во луксуз, наместо да ја издржува казната во Идризово. Така изгледа кога криминална организација е на власт.

Се продаваат станови и имот во вредност од неколку милиони евра, додека Груевски и неговото семејство располагаат со имот и средства во вредност од над 2 милијарди евра.

Организираната криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски како нејзин шеф и денес го слават Груевски.

Не бараат негова екстрадиција, ниту ја осудуваат неговата политика на страв и системска кражба на државата.

Месеци наназад нема одговор на прашањето дали се испратени документите за негово испорачување.

Наместо тоа, Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор - носи скапи часовници, купува владини авиони и ја одржува културата на недопирливост и лично богатење на грбот на граѓаните.

Се сеќаваме на Мерцедесот од 650.000 евра, наочарите од 60.000 евра и луксузот во кој пловеше Груевски.

Денес истото го гледаме и кај Мицкоски, само во понова и поагресивна верзија.

Ова не е минато.

Ова е сегашноста на ВМРО-ОКГ.

Додека народот се бори да преживее, криминалците од минатото и нивните наследници и понатаму се движат слободно.

Имотот на Груевски во Македонија е само ситница.

Вистинската сума од над две милијарди евра се наоѓа надвор од земјата. Наместо Груевски да биде испорачан и да одговара за изгубените години на цела генерација Македонци, да се конфискува тој имот и тие пари, Владата продава само неколку станови. Така изгледа правдата со Мицкоски и неговата банда.

Народот не заборава. И не простува.

Наскоро доаѓа време за отчетност. Наскоро доаѓа време за правда. Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.

Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивите исти

​Секоја една опозициска политичка партија СДС, Левица, ДУИ со свои различни изговори го блокира Изборниот законик.

ВМРО-ДПМНЕ: Различни изговори на СДС, Левица и ДУИ за блокирање на Изборниот законик, но мотивите исти

Но, мотив на сите нив е ист, ниските рејтинзи и стравот од изборен пораз.

Јавноста е сведок како секоја од нив излегува со различни тези и изговори, како намерно да сакаат да креираат конфузија и збунетост кај граѓаните.

СДС не сака македонската дијаспора на полесен начин да го остварува своето уставно загарантирано право на глас, Левица прво доби повеќе пари, па после се откажа од намерата да го поддржи Изборниот закон.

А, ДУИ, пак, отвора нови услови за начинот на носење одлуки во Државната изборна комисија. Сите имаат различни барања и изговори, човек крајот да не може да им го фати.

Овие различни образложенија на опозициските политички партии не се случајни. Тие имаат иста цел, да не се донесе нов реформски Изборен законик и со тоа да се создаде алиби за нивниот се поизвесен поразот на следниот изборен циклус.

Зад ваквото однесување и политичко делување на опозицијата стојат партиски калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори. И тоа е сè поочигледно што не можат да го покријат со ниту едно соопштение, реакција или јавен настап.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потенцира дека останува доследна на својот став дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се запазат препораките на ОБСЕ/ОДИХР и да се олесни и прошири гласањето на дијаспората.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер