Светски ден на контрацепција - Канал 5

Светски ден на контрацепција

На позитивната листа на лекови во земјава и натаму нема ниту еден модерен контрацептив.

Светски ден на контрацепција

Само 14 проценти од жените кои се во врска или брак користат контрацепција што проверено штити од непланирана бременост. Во периодот од 2011 до 2018 година се намалува користењето на модерната контрацепција кај нас, вклучително и на оралната контрацепција и на спиралата, а во 2018 година машки кондом користеле само 10 отсто од паровите.

Ова денеска беше истакнато на конференцијата тема „Контрацепција на позитивната листа! Зошто сè уште не сме спремни?“, организирана од ХЕРА, по повод 26 септември – Светски ден на контрацепција.

– И покрај децениските заложби на Владата, во државата ниту едно контрацептивно средство сè уште не е на позитивната листа на лекови што се покриени од Фондот. Преку програмата на Владата се обезбедува орална контрацепција, спирали или кондоми само за ограничен број на жени од социјално ранливи категории, како и за жени со повторливи абортуси, изјави Драгана Каровска-Чемерска, програмска раководителка во ХЕРА.

Каровска-Чемерска вели дека загрижува и тоа што во 2018 година оваа програма покривала околу 150 жени, а во 2022/2021 година бројот на жени е намален на 50.

– За споредба, во младинските центри на ХЕРА каде исто така е достапна бесплатна контрацепција, годишно во просек се обезбедува контрацепција за 500-600 жени, додаде таа.

Според д-р Ана Данева-Маркова финансиските и економските бариери го попречуваат пристапот до контрацепција, особено за младите или лица со пониски приходи и вели дека е потребно државата да обезбеди бесплатна контрацепција или субвенции за одредени категории граѓани.

– Кога станува збор за рангирањето на државата во рамки на Европа, од пет достапни категории на атласот, Северна Македонија се наоѓа во категоријата „слабо“, информираше д-р Данева Маркова и додаде дека пристапот до модерна контрацепција ги намалува мајчината смртност за 25 проценти, а смртноста на новороденчиња за 20 отсто.

Одредени методи на контрацепција, како што посочи таа, ја намалуваат инциденцата на ХИВ и на сексуално преносливите инфекции, а соодветната информираност и употреба на контрацепција спречува непланирани бремености.

Марија Ристевска, извршна директорка на Центарот за истражување и креирање политики и авторка на анализата „Носителите на одлуки се согласни дека кондомите треба да бидат бесплатни и достапни за секого во здравствените установи, а контрацептивните пилули вклучени на позитивната листа на лекови“, вели дека преку користење методи на интервјуа со репрезентативен примерок на пратениците во Собранието дојдено е до сознанија дека пратениците и пратеничките и покрај различните идеолошки ставови, се согласуваат дека контрацепцијата е право на жени и мажите и треба да имаат пристап до современи контрацептивни средства.

– Истражувањето покажа дека помеѓу пратениците и пратеничките, имаме консензус околу тоа да презервативите бидат бесплатни и достапни за секого во здравствените установи. Пилулите исто така треба да бидат ставени на позитивната листа на лекарства, за што исто така има консензус во Собранието, а советувањето, сметаат дека не треба да биде задолжително, туку опционално за сите оние кои ќе побараат совети за планирање на семејство, додаде Ристевска.

Од ХЕРА порачаа дека Влада и сите одговорни институции треба во најкус можен рок да пристапат кон остварување на бројните ветувања што ги имаат дадено како потписници на меѓународни документи, но и на задачите што самите си ги поставиле во рамки на националните стратегии.

Ова, како што велат подразбира отпочнување на процесот на ревидирање на Позитивната листа на лекови заради нејзино проширување со најмалку едно модерно контрацептивно средство, со што би се подобрила универзалната покриеност со здравствена заштита.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

МЗ ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес.

Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија

Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста.

Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини.

Во тек на мај и јуни, годинава, е извршена и замена на сите трансмитери согласно протоколот, а на пациентите вклучени во Програмата им се распределени количини на сензори за шестмесечен период, односно до декември 2026 година. Пациентите ги подигнуваат сензорите во инсулинските аптеки, согласно утврдениот режим.

Со сензори се опфатени лицата со дијабетес тип 1 до 25-годишна возраст, бремени жени со дијабетес тип 1, слепи лица со дијабетес тип 1, како и лица со дијабетес тип 1 кои имаат најтешки компликации и коморбидитети.

На овој начин, согласно расположливите буџетски средства, приоритетно се опфатени најранливите категории пациенти за да се обезбеди континуирано следење на нивото на гликемија и подобро управување со болеста.

Потсетуваме дека сензорите за континуирано следење на гликемијата првпат беа обезбедени во 2023 година за 650 пациенти, додека со јавната набавка во 2026 година бројот на опфатени лица е зголемен на 800.

Министерството за здравство останува отворено за комуникација со пациентските организации и ќе продолжи со напорите за подобрување на грижата за лицата со дијабетес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

Денеска во Собранието, Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

На средбата покрај претседателката на Групата, Даниела Николова, присуствуваа и членовите: Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

Претседателката на Групата, Николова, им посака добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакна добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња, се заблагодари за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакна дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

Соговорниците ја истакнаа досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, беше нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент, ја потврди поддршката за европските интеграции на Република Македонија. Тој истакна дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

На крајот на средбата, соговорниците изразија подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер