МакедонијаСветски ден на храната и 80 години од основањето на ФАО: Храната не е само потреба, туку и достоинство, здравје, ...Светски ден на храната и 80 години од основањето на ФАО: Храната не е само потреба, туку и достоинство, здравје, иднина, култура и идентитет.Храната не е само потреба, туку претставува и достоинство, здравје и иднина. Таа е наша култура и идентитет. Земјоделците ја креираат домашната економија и преку својата работа ни овозможуваат прехранбена сигурност. Да го негуваме македонското најдобро, да произведуваме квалитетни земјоделски производи и да овозможиме секој да има пристап до безбедна храна, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. На настанот по повод Светскиот ден на храната и 80 години од основањето на ФАО, Трипуновски напомена дека сме сведоци на бројни предизвици, конфликти, природни катастрофи, климатски промени и пандемии, но мисијата останува непроменета - да се обезбеди храна за сите, да се зајакне земјоделството и да се изгради посигурна иднина. -Владата и ФАО изминатите години изградија силно и доверливо партнерство, покажаа како со заедничка работа може да се постигнат конкретни резултати, подобри услови за земјоделците, поквалитетна храна за граѓаните и одржлив развој на нашите села. Македонија има богата земјоделска традиција - од житните полиња на Пелагонија, преку виновата лоза во Повардарието, до овоштарниците во Преспа, ги има и сите предуслови - плодна почва, сончеви денови чиста и безбедна вода за да произведе квалитетни земјоделски производи, потенцира министерот. Нагласи и дека улогата на земјоделците, посебно во ова време на климатски промени, е поважна од кога било. -Владата е посветена на поддршка на земјоделскиот сектор. Упорно работиме на модернизација на земјоделството, на подобрување на инфраструктурата во нашите рурални средини, на сигурен откуп и на олеснување на пристапот до пазарите. Нашата цел е и што повеќе млади да се вклучат во земјоделскиот сектор, истакна Трипуновски. Тој се осврна и на кампањата „Македонско најдобро” што почна пред неколку месеци. -„Македонско најдобро” е повеќе од слоган, тоа е нашата посветеност кон зголемување и зајакнување на домашното земјоделско производство, обезбедување просперитет во руралните средини, подигнување на свеста за квалитетот, автентичноста и значењето на домашните производи, обезбедување полесен пристап на граѓаните до домашните земјоделски производи и нивните преработки, рече Трипуновски. По повод јубилејот на ФАО, во Паркот на Франкофонијата беа засадени и дрвја како симбол на заедничката заложба за зелена и одржлива иднина. Како што рече Даме Димитровски, сосветник на премиерот за животна средина, овој ден не е само потсетник на минатата успешна работа на ФАО, туку и повик за иднината, за одговорноста кон генерациите што доаѓаат. -Секој чекор што го преземаме денес, секое дрво што ќе го засадиме, секоја промена што ја почнуваме е вложување во иднината на нашите деца. Тие заслужуваат да растат во свет каде храната ќе биде здрава, воздухот чист, а природата заштитена. Ставаме симбол на надеж и визија дека промените се можни и дека почнуваат со мали, но значајни индивидуални акции на секој од нас. Тие се темелот на секоја голема трансформација. Нашата задача е јасна, да продолжиме да инвестираме во иновации, зелени технологии и едукација зашто одржливоста не е само економска или еколошка цел, туку морална обврска кон идните генерации, рече Димитровски, истакнувајќи го силното партнерство на Владата со ФАО кое, меѓудругото, се фокусира и на присатап до глобални климатски фондови. Според Кристина Митиќ - Арсова, национален координатор на програмата на ФАО во Македонија, осум децении се долг период на труд и посветеност кон една цел - свет без глад и со достоинствен живот за сите. -Изминатите 80 години ФАО ја гради својата мисија врз четири столба: подобро производство, подобра исхрана, подобра животна средина и подобар живот, рамо до рамо со земјдоелците и локалните заедници. Ова е нашата универзална рамка што ја води и соработката со Македонија. Заедно спроведовме многу успешни проекти работевме како вистински партнери. Светскиот ден на храната не потсетва дека храната е многу повеќе од гориво за ќовекот, таа е темел на здравје, мир и достоинствен живот, храната е едно од основните човекови права. Овој ден е потсетник дека сите имаме одговорност да обезбедиме здрава, безбедна и достапна храна, денес повеќе од кога било треба да останеме обединети во оваа мисија. Климатските промени и загубата на природните ресурси, бараат нови, инвентнивни решенија, подвлече Митиќ - Арсова. На настанот е поставена и фотографска изложба што ја прикажува работата на ФАО во изминатите 80 години, а се одржуваат и креативни активности за деца и млади. Светскиот ден на храната и 80-годишнината од основањето на ФАО се одбележуваат под мотото „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“, а целта е да се истакне важноста на заедничката акција за создавање поодржливи системи за храна и заштита на природните ресурси. Тагови: Трипуновски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВеќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансферДали фудбалерите навистина вредат толку многу? Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот. Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра. Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл. Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано. Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери. Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона. Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи. Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц. Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра. Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид. Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо. Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера. Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери. На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони. Трансфери над 100 милиони евра: 1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ) 2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ) 3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) 4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи) 5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити) 6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид) 7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул) 8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи) 9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона) 10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона) 11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити) 12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи) 13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид) 14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи) 15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус) 16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем) 17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед) 18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона) 19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид) 20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид) 21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)Тагови: милиони Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter