ЗдравјеСветски ден на хепатитис: Превенцијата клучна за спречување на пренесување на вирусот Светскиот ден на хепатитис се одбележува секоја година на 28 јули со цел подигнување на свесноста за глобалното значење на вирусниот хепатитис, заштитата и влијанието врз здравствената состојба.– Се претпоставува дека 325 милиони луѓе во светот живеат со вирусен Хепатит Б и Ц. Во државава во 2019 година регистирани се 91 заболен од Хепатит Б, а вирусниот хепатитис Ц е регистриран кај 50 случаи, соопшти Министерството за здравство. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) годишно 171.000 лица умираат од последици поврзани со вирусен хроничен хепатитис Б или Ц. Во земјава еден отсто од населението е инфицирано со хроничен хепатитис Б или Ц. Вирусен хепатитис претставува воспаление на црниот дроб што доведува до негово оштетување. Најчесто е предизвикан од пет главни видови на вируси на хепатитис – А, Б, Ц, Д и Е. Иако клиничката слика на вирусниот хепатитис е слична независно од причинителот (пожолтување на кожа и склери, болки во стомак, тежина под десен ребрен лак, гадење, повраќање, губење на апетит, замор, темна мокрача) тие се различни вируси кои даваат спрецифични одлики кај поединечните хепатитиси во начинот на пренесувањето, различни дијагностички тестови, исходот на болеста, лекувањето и превенцијата. Хепатитис А и хепатитис Е, се вели во соопштението, обично се шират преку директен контакт и преку храна или вода загадени од столицата на заразено лице. Хепатитис Е може да се добие и со јадење недоволно термички обработено месо. Хепатитис Б, хепатитис Ц и хепатитис Д се шират преку контакт со крвта на заразено лице, а хепатитисот Б и Д и преку контакт со други телесни течности. Постојат многу начини на пренесување преку контаминирана крв или крвни продукти, контаминирани игли случајно кај здравствени работници и кај и.в. наркомани, тетоважа, незаштитен секс, при породување од мајка на новореденче. – Вирусите на хепатитис А и Е обично предизвикуваат само акутни и краткорочни инфекции кои најчесто спонтано поминуваат. Вирусите на хепатитис Б, Ц и Д може да предизвикат акутни и хронични, па и трајни инфекции. Хроничниот хепатитис може да доведе до компликации како што се цироза, слабост на црниот дроб и хепатоцелуларен карцином. Раната дијагноза и антивирусна терапија може да ги спречи или намали можностите за развој на овие компликации, наведуваат од Министерството. Хепатитис А и Е најдобро може да се превенираат со добра лична хигиена (миење раце со вода и сапун), соодветна хигиена на храната и водата за пиење, подобрување на санитарните услови. Хепатитис Б и хепатитис Ц може да се превенираат со засилени мерки на грижа кај професиите со висок ризик и сексуалното однесување (употреба на кондоми). Не треба да се делат предмети од инфицирани лица. Многу важен поединечен фактор на ризик посебно за хепатитис Ц е интравенската злоупотреба на дрога каде е потребна едукација да не се користат заеднички игли. Истражувањата велат дека со навремено информирање и превенирање, достапност до третмани и иновативни лекувања, во следните пет до 10 години, смртноста од хроничен хепатитис може да се намали и до 70 отсто. Хепатитис Ц е првата излечива хронична вирусна инфекција во медицинската историја. Хепатист Б пак е превентивна вирусна инфекција што може да се третира доколку стане хронична. Статистиките на глобално ниво покажуваат дека, 80 проценти од инфицираните со хроничен хепатит Б или Ц, доколку навремено не се третираат може да добијат карцином на црниот дроб или малигното заболување, хепатоцелуларен карцином, што претставува директна опаснот по животот на пациентот. За Хепатитис А и Хепатитис Б постои вакцина како превентивна мерка. Вакцинација за хепатитис Б во нашата земја од 2004 година се спроведува како рутинската за сите новородени, а дополнително се спроведуваат вакцинални програми кои ги опфаќаат ризичните групи како пациенти на дијализа, здравствени работници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВиш јавен обвинител под истрага за противзаконско влијание - ургирал за пониски казниУргирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК.Ургирал за пониски казни, влијаел врз носење на обвинителски и судски одлуки за осомничени или обвинети лица во кривична постапка – Виш јавен обвинител од вишото битолско обвинителство под лупа на ОЈО ГОКК, се сомничи за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание. Официјално, надлежните не го откриваат името на обвинителот, но неофицијално, станува збор за Пецо Везироски – раководителот на вишото битолско обвинителство, кое пред неколку месеци беше во фокус на јавноста откако му го врати пасошот на бизнисменот Борче Марковски, обвинет за милионски криминал во РЕК Битола. -Обезбедени се докази кои упатуваат на основано сомнение дека вишиот обвинител го искористил своето реално влијание и службената положба за недозволено да влијае врз одлучувањето на колеги јавни обвинители и судии во најмалку 4 поединечни предмети, на подрачјето на кое ја вршел својата функција. Притоа, ургирал за пониски казни или за да обезбеди поповолна позиција за осомничени или обвинети лица во кривична постапка. – ОЈО ГОКК. Сепак засега нема официјална потврда дали токму случајот со враќањето на пасошот на Марковски навистина е дел од случаите за кои се сомничи обвинителот. Од друга страна, ОЈО ГОКК побара на осомничениот обвинител да му се определат мерки на претпазливост, а не ефективен притвор. Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките, но за разлика од соопштението на обвинителството, судот во својата објава ги наведува иницијалите на битолскиот виш јавен обвинител Везировски. -Судија на претходна постапка по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерки на претпазливост против П.В – Виш јавен обвинител од Битола, по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, како и по ценење на фактите и доказите содржани во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот на ОЈО ГОКК. – Основен Кривичен Суд Скопје. Полицијата вчера извршила и претрес во домот на обвининителот, а пронајдени и одземени се 6 телефони, УСБ и еден компјутер, кои понатаму ќе бидат предмет на вештачење. Пецо Везироски е на чело на вишото јавно обвинителство во Битола нешто повеќе од 4 години, откако беше избран за виш јавен обвинител од страна на на советот на јавни обвинители на 30 септември 2022 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР Шефовите на дипломатиите Муцунски и Петрова Чамова утре и официјално ќе се сретнат во Софија, потврди премиерот Христијан Мицкоски. Бугарското МНР испратило официјален одговор на барањето за билатерална средба кое министерот Муцунски го испрати уште во петокот, а форматот и начинот на кој таа ќе се одржи дополнително ќе бидат договорени, кажа Мицкоски. Пораките со кои ќе настапи македонската страна на средбата според премиерот се јасни –добрососедски односи и дијалог да се дојде до решение за Македонија што побрзо да стане дел од ЕУ. - Дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатералка на маргините на самитот за Коридорот 8. Сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира. Пораките наши се јасни: дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба којашто во моментот се наоѓаме; дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел – да бидеме дел од ЕУ, нешто што многу одамна го заслуживме, изјави Мицкоски. Во пресрет на средбата од СДСМ немаат големи очекувања, ниту пак, како што изјави заменик претседателката Каранфилова Пановска, очекуваат ништо продуктивно. Според опозициската партија средба меѓу министрите за надворешни работи за да се разговара за преговарачката рамка не е потребна, бидејќи претседателката на ЕК јасно укажала дека не се загрозени македонскиот идентитет и јазик во европскиот процес. -Зошто има потреба откако потврди и Урсула фон дер Лајен да одиме во Софија и да разговараме одново за преговарачката рамка. Дали не е тоа напор да наместо европеизација прават билатерализација на процесот? Дали тоа не е напор да отвораат и репреговараат веќе договорени и гарантирани работи од преговарачката рамка? И дали тоа не е ризик не само по идентитетот, особено по начинот на којшто ние ќе продолжиме, односно нема да продолжиме напред, изјави Каранфилова Пановска. Мицкоски критиките од СДСМ ги оцени како незрело однесување на лидерството во опозицијата и порача дека ќе дојде ден кога, како што рече, ќе се срамат за тоа што го прават. Најавата за реформи во ЕУ и постепена интеграција на земјите кандидатки, премиерот ја оцени како охрабрувачка за земјава и направи паралела со ставот на владата за уставни измени – тие да станат важечки штом завршат преговорите. - Видете, очигледно дека таму состојбата е препознаена, дека некои од земјите-членки го злоупотребуваат своето членство во рамките на ЕУ и се обидуваат да излезат надвор од рамките на „merit-based“ пристапувањето или пристапување по заслуга, и се обидуваат да преку своето членство таму да решаваат некои прашања коишто немаат никаква врска со европските вредности. Тоа е препознаено... Она кое што охрабрува е градуалната или постепена интеграција, во којашто ние како земја ќе имаме големи шанси... изјави Мицкоски. Мицкоски и одговори и на бугарската претседателката Јотова, која пред неколку дена изјави македонските власти да ја согледаат европската политика за проширување и да не го претставуваат проблемот како билатерален. Премиерот вели јасни му се и ЕУ и европските вредности кои спред него ги заборавиле некои од земјите членки откако удобно седнале во бриселските фотелји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПрекината потрагата по екипажот на брод погоден од дрон кај брегот на БугаријаБугарија ја прекина потрагата по исчезнатиот екипаж на брод што потона откако беше погоден од дрон на околу 130 километри од бугарскиот брег, изјави за „Нова ТВ“ вицеадмиралот Румен Николов од Поморската управа.Рано утрото во вторникот, два брода беа погодени во напад со дронови во рамките на бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море. Едниот брод потона, додека другиот претрпе оштетувања. Екипажот на оштетениот брод беше спасен, додека екипажот на потонатиот брод сè уште се води како исчезнат. The crew of a merchant ship was missing on Tuesday after the vessel sank in the Black Sea off NATO member Bulgaria following a drone strike, that 🇧🇬 PM described as a gross violation of international law. "Probably a Russian attack", a maritime security source said. (Reuters) https://t.co/NkEM8ZE3wS — The Ukrainian Week / Tyzhden (@ukr_week_en) October 6, 2026 Николов изјави дека операцијата за пребарување и спасување на екипажот на потонатиот брод нема да продолжи во среда. „Нема траги од морнарите од првиот брод, ниту пак ќе ги има. Исто така, нема информации за остатоци од дроновите“, рече тој во утринската емисија на „Нова ТВ“. „Пронајдени се еден чамец, три сплавови за спасување и делови од бродската опрема.“ Сè уште не е јасно кој го извршил нападот со воздушни и поморски дронови во водите кај крајбрежниот град Бјала во источна Бугарија. Сепак, постои зголемена загриженост во врска со можни хибридни напади од страна на Русија, додека Москва води војна во Украина. URGENTE Dos navíos son golpeados por drones en el mar Negro Dos buques comerciales fueron alcanzados por drones en la zona exclusiva búlgara del Mar Negro, uno de los cuales se hundió, según los servicios de salvamento marítimo de Bulgaria. Las autoridades rumanas confirmaron la muerte de dos tripulantes y el rescate de 11 personas, mientras que varios marineros resultaron heridos durante la emergencia. — Alerta Noticias UKR 24 (@UKR_token) October 6, 2026 Николов истакна дека инцидентот се случил во рамките на таканаречената „зона на одговорност за пребарување и спасување“, а не во територијалните води на земјата, кои се протегаат на 12 наутички милји од брегот. Во посебен инцидент, романските власти во понеделникот објавија дека две лица загинале во пожар на брод во Црното Море, надвор од територијалните води на земјата. Бугарскиот претседател Румен Радев во вторникот изјави дека не е јасно дали дроновите дошле од Русија или од Украина, пренесе бугарската новинска агенција БТА. Бугарија не граничи ниту со едната, ниту со другата земја, но како членка на НАТО, таа зазема стратешка позиција на Црното Море, каде што и Украина и Русија имаат големи пристаништа. ⚡️ Zelensky accuses Russia of attacking commercial vessels off the Bulgarian coast Two ships were attacked by drones in Bulgaria’s exclusive economic zone. The Alfa Watan sank roughly three minutes after the explosions, with 15–20 crew members reported missing. The second vessel, Able, caught fire, and 18 people were evacuated. Bulgarian authorities have not publicly named those responsible. Zelensky said Ukrainian forces carried out no operations in the area and that, after contacts between the Ukrainian and Bulgarian militaries, it was established that the attack involved Russian sea and aerial drones. At the same time, Sofia said it does not currently intend to invoke Articles 4 or 5 of the North Atlantic Treaty. — NEXTA (@nexta_tv) October 6, 2026 Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видеообраќање рече дека истрагата спроведена заеднички од Бугарија и бугарската морнарица покажала оти зад нападот стои Русија. Радев во средата изјави дека, по нападот, неговата влада ќе ја одобри набавката на пет дополнителни ракетни системи за противвоздушна одбрана.Тагови: Бугарија дрон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08