Светски ден на бубрегот, во државава 1.540 лица на дијализа - Канал 5

Светски ден на бубрегот, во државава 1.540 лица на дијализа

Во Македонија се проценува дека хроничната бубрежна болест е застапена кај 10 отсто од населението, додека во краен стадиум на болеста на лекување со дијализа се 1.540 лица, покажуваат податоците на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“.

Светски ден на бубрегот, во државава 1.540 лица на дијализа

Здружението под мотото „Унапредување на пристапот до нега и оптимално лекување на бубрежно болните лица“, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на бубрегот.

Светскиот дел на бубрегот се одбележува секој втори четврток од март во повеќе од 150 земји ширум светот. Кај нас се одбележува по 19-ти пат, под покровителство на Меѓународното здружение за нефрологија (ISN) и Меѓународната федерација на бубрежни фондации (IFKF).

На настанот што го организира Здружението „Нефрон“, како што е најавено, ќе се обратат претставници од институциите и ќе одржат стручни предавања со цел едукација на членството, но и подигнување на свеста за превенција на бубрежните болести, нивно рано откривање и изнаоѓање можности за навремен соодветен третман.

Според претседателот на „Нефрон“, Душко Ѓоргиев, и покрај постигнатото унапредување во пристапот и значајно подобрените услови за лекување со дијализа во земјава, како приоритет останува зголемувањето на превентивната заштита и достапноста на соодветни нови лекови за сите пациенти.

Како најчести причини за откажување на бубрезите, од Здружението „Нефрон“ ги посочуваат дијабетесот и кардиоваскуларните болести. Велат дека превенцијата е клучна за намалување на човечките и економските трошоци за ХББ во терминалната фаза на болеста и затоа е потребен еднаков пристап до скрининг, рана дијагноза и квалитетен третман, како и едукација на пациентите и здравствените професионалци за прифаќање на новите методи и лекови.

- Трансплантацијата како од жив донор и кадавер, е, предизвик и на истата мора многу да се работи за да се одговори на потребите на пациентите, смета Ѓоргиев.

[За трансплантација на бубрези чекаат 140 пациенти во земјава, околу 15 за трансплантација на срце и околу 14 за црн дроб. Надлежните велат медицински персонал има, но, потребно е да се едуцир]

Настан по повод Светскиот ден на бубрегот организира и Универзитетската клиника за нефрологија во Скопје на кој се предвидени обраќања на директорката на Клиниката доцент доктор Ирена Рамбабова Бушљетиќ, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, деканот на Медицинскиот факултет Светозар Антовиќ, ....

Во земјава до јануари беа извршени над 500 трансплантации на Клиниката за урологија.

- Вкупниот број на трансплантации досега е 502, од кои 85 се кадаверични. Значајно е да се напоменат и трите години за време на пандемијата од Ковид-19, период кога со голем ризик за пациентите, се изведуваа трансплантациите, изјави на 31 јануари годинава директорот на Клиниката за урологија Сашо Дохчев.

Проценките се дека од хронична бубрежна болест (ХББ) се засегнати повеќе од 850 милиони лица ширум светот.

- Хроничната бубрежна болест се наоѓа на осмо место како водечка причина за смртност во светот и доколку не се преземат сериозни мерки, ХББ се очекува да биде петта причина за смртност до 2040 година. Во текот на последните три децении, напорите за лекување на хроничната бубрежна болест беа насочени кон подготовка и спроведување терапии за замена на бубрежната функција. До три отсто од здравствените буџети во високо развиените земји се трошат за дијализа и трансплантација. Сепак, од 5 до 11 милиони луѓе годишно умираат од бубрежни заболувања, особено во земјите со ниско ниво на развој, поради недостаток на пристап до бубрежно заместителна терапија, наведуваат од здружението „Нефрон“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

Има 57 години, а мажите губат глава по неа, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез видена со мистериозен маж .

Џенифер Лопез „уловена“ со мистериозен маж

57 годишната Џеј Ло е видена во друштво на мистериозен маж. Иако идентитетот на мажот е непознат, сцените од луксузна јахта поттикнаа шпекулации за нова љубовна врска на славната пејачка

Џенифер Лопез повторно привлече големо внимание во јавноста откако беше забележана на луксузна јахта во Мајами, во друштво на мистериозен маж.

На фотографиите и видеата што кружат на социјалните мрежи се гледа како 57-годишната ѕвезда ужива во слободното време на јахтата, а особено внимание привлекоа кадрите на кои таа разменува нежности со непознатиот маж.

Идентитетот на мажот – како и природата на нивниот однос – засега остануваат непознати, но тоа не ги спречи корисниците на социјалните мрежи да шпекулираат за тоа кој би можел да биде овој нов маж во нејзино друштво.

Со децении, Лопез важи за една од најпознатите музички и филмски ѕвезди во светот, а нејзиниот приватен живот привлекува внимание речиси исто толку често колку и нејзината кариера.

Секојпат кога ќе се појави во јавноста или ќе биде фотографирана со непознат маж, тоа предизвикува бројни реакции – а овој случај не е исклучок.

Додека некои коментираат за нејзината самодоверба и изглед, други се обидуваат да го откријат идентитетот на мажот забележан со неа на јахта. Засега нема потврда дека станува збор за нова љубовна врска, но снимките од Мајами веќе предизвикаа лавина коментари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, информираат од УХМР.

Утре променливо облачно време со температура до 19 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

7 Ѓуриште, 9 Попова Шапка, 10 Струмица, 11 Крива Паланка, Лазарополе, Скопје – Зајчев Рид, 12 Крушево, Скопје – Петровец, Охрид, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, 13 Битола, Штип, Претор, Демир Капија, Кавадарци, 14 Виница, Берово, Велес, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Дуваше слаб ветер од јужен правец. До крајот на денот во западните делови ќе има услови за повремен слаб дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со повремени сончеви периоди. Во западните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање. Ќе дува слаб до умерен, а во петок силен повремено многу силен ветер од јужен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литванија ќе го задржи руското и белоруското жито

Литванија ќе ги задржи пратките со жито што Русија и Белорусија ги извезуваат преку пристаништето Клаипеда, сè додека не се утврди нивното потекло, изјави за Ројтерс претставник на литванското Министерство за земјоделство.

Литванија ќе го задржи руското и белоруското жито

Тој додаде дека оваа регулатива би можела да доведе до одложување на извозот во траење од неколку месеци. Уште од септември, Литванија врши проверки на пратките со жито од Русија и Белорусија, поради сомневања дека дел од житото всушност потекнува од украински територии кои се под руска окупација.

Почнувајќи од следната недела, пченицата, 'ржта, семките од сончоглед и пченката што пристигнуваат во балтичкото пристаниште Клаипеда од Русија и Белорусија – а се наменети за други земји – нема да поминат царинска процедура сè додека не заврши проверката на нивното потекло, изјави за Ројтерс неименуван литвански функционер.

„Процесот на проверка може да трае два месеци или подолго“, истакна функционерот, додавајќи дека секоја пратка за која ќе се утврди дека има лажно пријавено потекло, ќе биде или вратена или уништена. Бидејќи Литванија не располага со лабораторија способна за вршење на вакви анализи, процесот трае подолго, бидејќи тестирањето мора да се изврши во странство.

ЕУ воведува санкции за увоз на руско жито

Извозниците ќе ги сносат сите трошоци поврзани со складирањето, тестирањето, враќањето или уништувањето на житото, додаде литванскиот функционер. Иако ЕУ воведе санкции за увоз на руско жито, неговиот транзит кон други дестинации останува дозволен. Официјална Москва не даде коментар за правниот статус на житото што потекнува од региони кои меѓународната заедница ги признава како украинска територија.

Од средината на август, испораките на руска и украинска пченица од пристаништата на Азовското и Црното Море се речиси целосно запрени, по нападите врз бродови и терминали. Во такви околности, Русија почна да ги менува своите извозни рути, при што е забележан значителен пораст на пратките со жито преку Каспиското Море.

Руските трговци ја пренасочија пченицата наменета за извоз главно кон балтичките пристаништа, преку кои во септември поминале 1,2 милиони тони – што претставува над 60 отсто од вкупниот руски извоз на жито по морски пат. Според Ројтерс, компаниите пренамениле терминали што претходно се користеле за утовар на ѓубрива и јаглен, прилагодувајќи ги за транспорт на жито.

Русија се свртува кон арктичката поморска рута

Во меѓувреме, балтичките земји се обидуваат да го запрат транзитот на руско и белоруско жито преку нивните пристаништа. Во октомври, Естонија, Латвија и Литванија предложија забрана на ниво на целата ЕУ, при што Естонија веќе воведе свои ограничувања.

Од своја страна, Русија – за првпат – се сврте кон арктичката поморска рута за испорака на пченица на меѓународните пазари. Кон крајот на октомври, комерцијалното пристаниште во Мурманск и компанијата за трговија со жито „Деметра Холдинг“ објавија дека е во тек утовар на 3.400 тони жито од „клучни земјоделски региони“.

Мурманск се наоѓа во заливот Кола во Баренцовото Море, неговото пристаниште останува без мраз, иако лежи 200 километри северно од Арктичкиот круг. Тоа е едно од најважните пристаништа во северна Русија, служи како матично пристаниште за рибарска флота и мразокршачи, а се наоѓа на западниот крај на Северната морска рута.

Кој увезува најмногу руско жито?

Податоците од консултантската фирма „ПроЗерно“ покажуваат дека, во периодот од почетокот на новата земјоделска сезона во јули до октомври, Иран бил најголемиот увозник на руско жито, со вкупно 1,716 милиони тони – кои главно се состојат од јачмен и пченка.

Египет увезол 1,35 милиони тони, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони, според „ПроЗерно“. Според истите податоци, и Нигерија се наоѓа меѓу првите пет увозници, со 420.900 тони.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер