ЖивотСветската програма за храна-Договорот за жито треба да се продолжи по секоја ценаДоговорот за жито треба да се продолжи по секоја цена, тврди извршниот директор на Светската програма за храна.Договорот за извоз на жито од пристаништата на Црното Море мора да биде продолжен по секоја цена, напиша денеска на својот Твитер профил, извршниот директор на Светската програма за храна, Дејвид Бизли. „Луѓето ширум светот се во голема опасност ако не ја обновиме иницијативата за извоз на жито од пристаништата на Црното Море. Житариците од Украина хранат околу 400 милиони луѓе ширум светот. Светската програма за храна со оваа иницијатива успеа да допре до само 36 милиони луѓе. Ако извозот не продолжи, ќе имаме масовна дестабилизација, миграции, глад“, предупреди Бизли, порачувајќи дека ситуацијата е критична и го загрозува целиот свет. Договорите за извоз на храна од Украина беа склучени на 22 јули за период од 120 дена и со нив се регулира извозот на жито од пристаништата Одеса, Черноморск и Јужни, кои се под контрола на официјален Киев. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска на конференцијата на ОН за неразвиените земји, што се одржува во катарската престолнина Доха, изјави дека Анкара е посветена на продолжување на договорот поддржан од ОН. Чавушоглу истакна дека со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш разговарал за напорите за продолжување на договорот за извоз на жито. Русија претходно соопшти дека ќе се согласи да го продолжи рокот на важност на договорот, доколку се земат предвид интересите на руските земјоделски производители. Рускиот извоз на земјоделски производи не е директно цел на западните санкции, но Москва вели дека ограничувањата на процедурите за плаќање, логистиката и осигурувањето се „бариери“ за извоз на руски житарки и ѓубрива. Договор за извоз на жито од Украина преку црноморските пристаништа беше постигнат во јули минатата година меѓу Москва и Киев, со посредство на ОН и Турција, откако Русија ги блокираше тие пристаништа по нападот на Украина. Договорот беше продолжен лани во ноември и ќе истече на 18 март годинава, доколку не се постигне договор за негово продолжување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џеј Ло во тесно трико ги истакна облинитеШто промени светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез во исхраната и рутината за вежбање за да изгледа вака супер на 57 години. Папарацо-фотографиите го открија нејзиното совршено тело. Мегапопуларната Џеј Ло со децении редовно вежба, но во текот на изминатата година значително ги промени својата исхрана и рутината за вежбање. Дефинитовно оваа промена вродила со плод и сега жешката Латиноамериканка изгледа подобро од било кога. Новите папарацо-фотографии од Џенифер Лопез во црно трико за вежбање и со чаша вода во рацете би можеле да бидат одлична мотивација за секоја жена. Сепак, тешко е да се поверува дека оваа жена има 57 години и е мајка на две возрасни деца. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter