Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
2Каранфилова - Пановска: Светска банка му ја избриша таблата на Мицкоски, не сме „трета економија“ во Европа
ЗабаваСветската пливачка елита на 31. Охридски пливачки маратонВо водите на Охридското Езеро денеска ќе се плива 31. Охридски пливачки маратон, што е редовна трка од „Гран при“ серијата маратонски трки на отворени води на Светската пливачка федерација (ФИНА).На стартот закажан за напладне кај Свети Наум треба да се појават 22 пливачи, од кои 15 во машка и седум во женска конкуренција. Се очекува првите од нив патеката „Климе Савин“, долга 30 километри, да ја испливаат за околу пет и пол часа, зависно од временските прилики. Меѓу пријавените маратонци се и тројцата македонски пливачи - Евгениј Поп-Ацев, Александар Илиевски и Александар Панчевски. Охридскиот маратон се одржува под покровителство на претседателот на Република Македонија, со награден фонд од 10 илјади долари. Коорганизатори на трката се општина Охрид, Пливачката федерација на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. Минатата година најуспешен во машка конкуренција беше нашиот Томи Стефаноски, а кај пливачките победата ја понесе Олга Козлодуб од Украина. Рекордот на маратонот во Охрид му припаѓа на Аксел Рејмонд, постигнат пред две години кога, тогаш 19-годишниот француски маратонец, патеката ја исплива за 5:09:54(95) часа. Во ФИНА бодувањето се одредува според паричниот фонд, така што победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, второпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7…осмопласираниот 3 бода. Секој што ќе го исплива маратонот во предвидениот временски рок до половина час по пристигнувањето на победникот на целта добива два бода. Агенцијата за млади и спорт одлучи да издвои двојно повеќе финансиски средства за пливачкиот маратон со цел да се одржи континуитетот на оваа традиционална манифестација. Охридскиот маратон е трет и претпоследен во годинашната програма на „Гран при“ серијата на ФИНА. Светскиот маратонски куп на отворени води завршува со трката Неапол – Капри закажан за 3 септември. Охридскиот пливачки маратон континуирано се одржува од 1992 година, а првиот официјален маратон во Охрид се одржа во 1962 година на патеката Пештани – Струга – Охрид во должина од 36 километри. Победник на првиот маратон беше Египќанецот Абу Хеиф, третото место му припадна на охриѓанецот Дики Бојаџи, додека во женска конкуренција победи неговата сестра Атина Бојаџи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ЗдравјеСмрт на лабораториска техничарка во Сибир: ЕУ итно за сомневање за пневмонична чума, СЗО: Ризикот за Европа е многу низок.Додека Светската здравствена организација ја смирува паниката тврдејќи дека ризикот од епидемија на чума во Русија е мал, мистериозната смрт на млада техничарка во лабораторија во Сибир ја крена на нозе Европската унија. Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ризикот од појава на епидемија на чума во Русија е мал по ненадејната смрт на млада лабораториска техничарка во сибирскиот град Иркутск. Сепак, Европската унија внимателно ја следи ситуацијата, додека соседните земји веќе воведоа строги превентивни мерки на границите. „СЗО не регистрираше знаци за понатамошно ширење на инфекцијата откако минатата недела почина Дарија Шипилова (28). Ризикот од епидемија во Русија е мал по ненадејната смрт на лабораториската техничарка која работеше во институт за истражување на чума во Сибир“, се наведува во соопштението на СЗО, пренесено од весникот „Гардијан“. Младата истражувачка почина минатата недела, само два дена откако тешко се разболе. Извештаите на независните руски медиуми укажуваат дека Шипилова, која инаку работи во институт каде што се чуваат и проучуваат исклучително опасни патогени, можеби се заразила на работното место. Според претходните извештаи, на 25 септември таа случајно скршила епрувета со патогенот на пневмонична чума. Била примена во болница на 29 септември со симптоми на тешка пневмонија, а починала во текот на ноќта меѓу 1 и 2 октомври. Официјална Москва го минимизира значењето на овој настан, тврдејќи дека Шипилова починала од „пневмонија со непозната етиологија“. Руските власти нагласуваат дека нема докази оти нејзината болест била предизвикана од некој од смртоносните патогени со кои таа работела. Сепак, ова тврдење е во спротивност со фактот дека се воведени строги мерки на карантин во истражувачкиот центар во Иркутск, како и во неколку блиски болници. Исто така, болницата во која се лекувала младата жена е ставена под строга изолација, а околу 200 лица кои биле во контакт со неа се под строг медицински надзор. Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО, во вторникот изјави дека нема знаци за поширока епидемија. „Сите лица кои биле во контакт со пациентката се идентификувани и нивната здравствена состојба се следи, но досега никој не покажал симптоми на болеста“, рече Линдмајер. Тој додаде дека, додека руските власти сè уште истражуваат дали пневмоничната чума била причината за смртта, СЗО го проценила здравствениот ризик како „умерен до низок“ за Иркутск, „низок“ за остатокот од Русија и „многу низок“ за Европа. Сепак, стравот од можна епидемија ги принуди соседните земји – Казахстан, Киргистан и Узбекистан – итно да воведат превентивни мерки на своите граници за да го спречат потенцијалното ширење на заразата. Реакцијата од Брисел потврдува дека ситуацијата се сфаќа крајно сериозно. Европската комисија (ЕК) и земјите-членки на Европската унија денес ќе разговараат за сомнителната појава на пневмонична чума во Сибир. Оваа тема беше итно вклучена во дневниот ред на состанокот на Комитетот за здравствена безбедност, кој ги разгледува сериозните прекугранични закани, објави „Јуроњуз“ (Euronews). „Можам да потврдам дека инцидентот во Русија ќе биде дел од дневниот ред“, изјави портпаролот на Европската комисија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
ФудбалМодриќ: „Подобро е да не зборувам за тоа што му го кажав на Кукуреља“.Капитенот Лука Модриќ го одигра својот 206-ти натпревар за репрезентацијата на Хрватска на дуелот против Шпанија, со што се доближи до Лионел Меси на листата на играчи со најмногу настапи на сите времиња.Модриќ играше до 66-тата минута од мечот во Сплит, во кој Хрватска загуби со 2:1, кога беше заменет од Петар Сучиќ. Светски рекордер е Кристијано Роналдо со 234 настапи за Португалија, а пред Модриќ се наоѓа само Меси, кој одиграл 207 натпревари за Аргентина. По натпреварот, капитенот го коментираше исклучувањето на Иван Перишиќ. -„Што да коментирам? Кукуреља сам се доведе во таа ситуација. Дури и не знам што се случува со новиот ВАР... Да останевме со еднаков број играчи на теренот, сигурно немаше да загубиме“, смета Модриќ. Тој беше краток во врска со дуелот со шпанскиот лев бек. „Подобро е да не зборувам за тоа што му кажав на Кукуреља“. Тагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУченик избоде повеќе лица во училиште во Полска: Двајца се тешко повредениНапад со нож се случи во среда наутро во комплекс на стручни училишта во полскиот град Остроленка, при што се повредени најмалку седум лица, објави полскиот медиум RMF24.Нападот го извршил ученик Според првичните наоди од истрагата, нападот го извршил 19-годишен ученик. Тој со нож нападнал други ученици и еден наставник. Двајца од седумте повредени се во тешка состојба. Уапсен по бегството По нападот, напаѓачот побегнал од училишниот комплекс. Полицијата го лоцирала и го уапсила во близина на градската плажа на реката Нарев. Policjanci z Ostrołęki w pobliżu plaży miejskiej zatrzymali 19-letniego mężczyznę podejrzewanego o zaatakowanie ostrym narzędziem osób w pobliżu i na terenie szkoły w Ostrołęce. Ze wstępnych informacji wynika, że mogło dojść do zranienia 7 osób. Policjanci na miejscu wykonują czynności i ustalają przebieg zdarzenia. — Policja Mazowsze (@PolicjaMazowsze) October 7, 2026 Фото:„Policja Mazowsze“ Тагови: Полска ученик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter