Светската оперска дива Елина Гаранча која го отвора Охридско лето пристигна во Македонија - Канал 5

Светската оперска дива Елина Гаранча која го отвора Охридско лето пристигна во Македонија

Оперската дива Елина Гаранча која вторник вечер, ќе го отвори 56-то издание на фестивалот „Охридско лето“, попладнево пристигна на скопскиот аеродромот „Александар Велики“.

Светската оперска дива Елина Гаранча која го отвора Охридско лето пристигна во Македонија
По пристигнувањето изјави дека со нетрпение чека да пристигне на охридската ривиера, место за кое слушнала дека е волшебно со прекрасно езеро.

- Само што пристигнав во Македонија и ова е мое прво доаѓање на Фестивалот Охридско лето. Едвај чекам да го видам тој прекрасен град и Фестивал. Пред извесно време настапив со Дмитри Хворостовски кој со воодушевување ми раскажуваше за неговиот настап пред три години. Се надевам дека и јас ќе ги доживеам истите мигови, изјави таа.

Љубителите на уметноста на 12 -ти, на свеченото отворање на фестивалот, ќе имаат можност да уживаат во нивниот заеднички настап во придружба на Оркестарот на Македонската Опера и Балет.

Маестро Ион Марин пак во Скопје пристигна три дена порано, а денеска допатува во Охрид.

-Многу ми е драго што сум повторно во Македонија. Во Охрид сум првпат професионално како диригент но, всушност ова е мое 3-то доаѓање во Охрид и Македонија и многу сум возбуден, рече маестро Марин веднаш по пристигнувањето.

Романскиот диригент очекува незаборавен настап.

- Ја погледнав програмата за оваа година и можам да кажам дека е грандиозна има светски познати уметници, а повеќето од нив се и мои пријатели. Години наназад слушам само пофалби за фестивалот од моите колеги но сега самиот се уверив и навистина ми е чест што сум дел од 56-то издание на Охридско лето. Особено ми е чест што ќе настапам со оперската дива Елина Гаранча која е на врвот на оперската сцена. Верувам дека заедно со Оркестарот на Македонската опера и балет ќе направиме незаборавен концерт, изјави диригентот.

Горд на фактот што е 2-ра генерација од семејството што е дел од Охридско лето, вели дека честа да се настапи на вака познат Фестивал е огромна.

- Мојот татко Константин Марин како диригент на Хорот на Романските Мидригалисти беше дел од овој фестивал во 1967 па се до 1997 година. Првиот пат бев 7-годишно, дете а потоа веќе момче и многу добро паметам дека тоа беше преубав престој. Се уште се сеќавам на плажите, на преубавата црква Света Софија каде беа концертите. Прва работа која ќе ја направам кога ќе дојдам е да ја видам црквата. Со нетрпение чекам да дојдам и да си ги освежам сеќавањата, рече Марин.

Концертот во традиционалниот термин на 12 –ти е со почеток во 21 часот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека американскиот претседател Доналд Трамп „сака да ја заврши војната“ и оти ќе стори сѐ за да успее во тоа.

Зеленски: „Подготвен сум за средба со Путин“

Во изјава за „Скај њуз“, Зеленски истакнал дека најважно е тоа што Трамп може да организира трилатерална средба на која би се разговарало за „сите чувствителни теми“ што би можеле да придонесат за завршување на војната.

На прашањето дали е подготвен да се сретне со Путин, Зеленски одговори дека е „подготвен“ и оти средбата би можела да се одржи „во секое време, кога сите страни ќе бидат подготвени“.

Зеленски изјави дека Трамп не му поставил никакви барања за време на денешниот разговор, но напомена дека двајцата лидери претходно разговарале за барањата на Вашингтон кон Киев.

Зборувајќи за разговорот со Трамп, Зеленски рече дека разговарале и за можноста за енергетско примирје меѓу Украина и Русија. Тој изјави дека Киев е подготвен за каков било формат на такво примирје, под услов Русија да не го напаѓа украинскиот енергетски систем. „Подготвени сме за каков било формат на енергетско примирје... За сè што е поврзано со енергетиката, сè“, рече Зеленски. Тој им се заблагодари на Трамп и на американските власти и додаде дека Вашингтон ќе ја пренесе позицијата на Киев до Москва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Вкупните депозити на годишна основа се повисоки за  9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. 

НБ: Во август: Годишен раст од 9,0% на вкупните депозити и од 13,6% на вкупната кредитна поддршка

Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%.

Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рубио и Лавров се среќаваат денес во Њујорк- Ќе разговараат за војната во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров  денеска во Њујорк . 

Рубио и Лавров се среќаваат денес во Њујорк- Ќе разговараат за војната во Украина

Средбата ќе се одржи на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации, соопшти Стејт департментот.

Средбата се одржува во рамките на дипломатските напори на Вашингтон поврзани со војната на Русија против Украина, пренесува „Киев индепендент“.

Еден ден претходно, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во ОН.

По средбата со Трамп, Зеленски изјави дека Украина е подготвена за енергетско примирје, под услов Русија да се согласи на истите услови. Двајцата претседатели разговараа и за поддршката за Украина во текот на зимата, за противвоздушната одбрана и за идните мировни преговори.

Руските државни медиуми објавија дека Лавров пристигнал во Њујорк за да присуствува на Генералното собрание на ОН. Рубио и Лавров се сретнале неколку пати во текот на изминатата година, како дел од напорите на администрацијата на Трамп да посредува за прекин на руската инвазија.

Двајцата дипломати се сретнале и на маргините на минатогодишното Генерално собрание на ОН во септември 2025 година, кога Рубио ја повикал Москва да го „запре крвопролевањето“ и да преземе конкретни чекори кон завршување на војната.

Пред тоа, тие одржале разговори во Ријад во февруари 2025 година – првите официјални преговори на високо ниво меѓу САД и Русија од почетокот на руската инвазија од целосен обем.

Стејт департментот соопшти дека Рубио престојува во Њујорк од 20 до 23 септември по повод 81-вата сесија на Генералното собрание на ОН. За време на посетата, тој се среќава со министри за надворешни работи од други земји за да разговараат за безбедноста, економските прашања и напорите за постигнување мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер