Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
2Вакцините против сезонски грип до крајот на месецов - доцнат поради глобален проблем во производството
ЕкономијаСветската банка ги зголеми проекциите за македонската економијаСветската банка ги зголеми проекциите за македонската економија. Наместо претходно очекуваните 2,9 проценти, сега растот е проектиран на 3,2%. Според најновиот октомвриски извештај, меѓу главните двигатели на економската активност се наведени инфраструктурните проекти. За 2027 и 2028 година е проектиран умерен раст од по 3%, додека за Западен Балкан прогнозата е 3,4%. Но, во друг извештај за долгорочниот економски раст и создавањето работни места во Македонија, Светска банка предупредува дека без структурни реформи, растот до 2050 година би можел да забави на само 2,4%, што е само 55% од просечниот доход во ЕУ. Како главни причини ги посочуваат ниската продуктивност, слабите инвестиции, недоволната конкуренција и намалувањето на работоспособното население. Од Светската банка предлагаат повеќе инвестиции во технологија и иновации, реформи и подобро искористување на работната сила. -Ако се искомбинира овој пакет за реформски пакети што го предлагаме, ќе го зголеми порастот од 2,4 на 3,8% во просек и директно ќе придонесе за околу 190 илјади подобро платени работни места и околу 60 илјади повеќе работни места, односно зголемувањето на платата реално ќе биде околу 25% во овој период,- Сања Маџаревиќ – Шујстер – виш економист во Светска банка за Западен Балкан. Светска банка предупредува дека до 2070 година работоспособното население во Македонија би можело да се намали за повеќе од половина, поради стареењето и иселувањето. Проекциите покажуваат дека до 2040 година Македонија ќе биде земја со над 20% население на возраст над 65 години. Недостигот на работна сила веќе е предизвик за економијата, предупредува и премиерот Мицкоски. Според него, за посилен економски раст ќе бидат потребни најмалку 800 илјади вработени, односно уште околу 90 илјади во однос на сегашниот број. -Ние во моментот треба да најдеме нови 90.000 вработени коишто ќе создаваат доход во државата. Ние мораме тоа да го направиме. Се плашам дека со проекциите во, еве да речеме за 15, 20, 25 години од денеска, дека таа бројка ќе дојде под 500.000. Тогаш ќе настанат вистинските проблеми и за пензискиот систем, и за здравствениот, и за државата и во целост во економијата. Затоа, кога зборувам за просемејни политики, тогаш треба да бидам сериозно сфатен, затоа што ова е начинот на којшто ние мораме да се движиме или, или ќе треба да се увезува работна сила којашто носи со себе други предизвици,- Христијан Мицкоски – претседател на Владата. Извештајот нотира и ниска продуктивност – речиси две третини од инвестициите на компаниите се насочени кон градежништвото, а само околу една третина во машини и опрема. Ниско е и учеството на жените и младите на пазарот на труд – жените учествуваат 19 процентни поени помалку од мажите, додека само 26,9 проценти од младите се дел од работната сила. Нотираат и дека бизнисот страда од институционални слабости, во најголем дел од корупција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЕвропаПодготовки за најлошото: Системите „Патриот“ пристигнуваат границата со УкраинаПолска ќе распореди батерии од системот за противвоздушна одбрана „Патриот“ во Лублинското војводство, веднаш на границата со Украина, објави денеска полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш.„Одлуката за распоредување на батеријата 'Патриот', донесена во соработка со воената команда, има за цел да го заштити Лублинското војводство. Планот е осмислен така што на луѓето ќе им пружи чувство на сигурност. Покрај тоа, важно е да се максимизира безбедноста на воздушниот сообраќај – кој се одвива овде, но често е прекинуван поради предупредувања – за летовите да можат да се одвиваат во најбезбедни можни услови секогаш кога тоа е дозволено“, изјави тој, а пренесе Полско радио. Според Косињак-Камиш, системите за противвоздушна одбрана ќе бидат распоредени и во областа на аеродромот во Лублин. Тој исто така најави формирање нови воени единици, вклучувајќи и единици за беспилотни летала, напоменувајќи дека тие првенствено ќе бидат стационирани во Билгорај, Лукув и Поњатова. Медиумите претходно објавија дека Полска подготвува таканаречен „предвоен закон“ наменет за зголемување на подготвеноста на земјата за можен вооружен конфликт, вклучувајќи ги и „поуките извлечени од војната на Русија против Украина“. Извор: Б92Тагови: Патриот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Чаир: На Бит пазар станува збор за замена на постојните продажни боксовиВо однос на актуелните активности на Бит Пазар, Општина Чаир информира дека станува збор за замена на постојните продажни боксови, кои со текот на годините се амортизирани, со нови и современи боксови.Целта е Бит Пазар да добие целосно уреден, модерен и унифициран изглед, како што веќе има поголемиот дел од пазарот. Со обновувањето на преостанатиот дел се создаваат подобри и похигиенски услови за работа за продавачите, но и поуредна, почиста и попријатна средина за сите граѓани кои секојдневно го посетуваат пазарот. Важно е да се нагласи дека суштинската намена на просторот не се менува. Постојните продажни места остануваат, но добиваат нов и посовремен изглед, а продавачите продолжуваат да ја извршуваат својата дејност. Целта е процесот на модернизација да придонесе Бит Пазар да стане пофункционален, поуреден и попријатен простор и за оние кои работат таму и за граѓаните. Воедно, станува збор за активности на приватен имот во сопственост на „Скопски пазар“. Општина Чаир го поздравува секое уредување и подобрување кое придонесува за почиста, посовремена и поуредна средина за граѓаните. Нашата заедничка цел треба да биде Бит Пазар да го задржи своето значење и традиција, но истовремено да добие современ изглед и услови што одговараат на потребите на граѓаните и на времето во кое живееме, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода арачиновец во Липково, превезувал огревни дрва без документација (ВИДЕО)Против него ќе следува соодветна пријава.На 05.10.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А.(65) од село Арачиново. Тој во село Липково управувал товарно возило во кое превезувало дрва без жиг и не застанал на даден знак стоп од полициски службеници и се обидел да побегне. Џ.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00