Светската атлетска шампионка е суспендирана поради допинг - Канал 5

Светската атлетска шампионка е суспендирана поради допинг

Светската шампионка на 800 метри , Белорусинката Марина Арзамасова е суспендирана од Меѓународната атлетска федерација, поради сомневање за допинг.

Светската атлетска шампионка е суспендирана поради допинг

Арзамасова била позитивна на анаболичен стероид лигандрол и затоа ќе го пропушти Светското атлетско првенство во Доха , што почнува на 27. септември. Стероидот лигандрол делува на андрогените рецептори и ја зголемува мускулната маса.

Арзамасова (31) ја освои светската титула пред четири години во Пекинг со време од 1: 58,03 минути, а во 2014 година беше европска шампионка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запалени два автомобила во Бутел- едниот бил на познат адвокат

Два автомобили биле опожарени во раните утрински часови во скопската населба Бутел, а едното возило е во сопственост на скопскиот адвокат Асмир Алиспахиќ. 

Запалени два автомобила во Бутел- едниот бил на познат адвокат

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата била примена околу 2:20 часот, по што на местото веднаш излегла увидна екипа. Во пожарот биле зафатени автомобил „пасат“ со скопски регистарски таблички и „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на двајца жители на Скопје.

Засега не се познати причините за пожарот, ниту дали станува збор за намерно подметнување. Полицијата извршила увид и презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сторителите. Според досегашните информации, нема повредени лица, а истрагата е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит

Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит.

СДСМ: Мицкоски веќе работи на создавање нов сателит

Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји.

Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок.

Затоа веќе започнува со создавање на ново „здружение“.

Тоа е дел од истата стратегија што ја применуваше и досега - создавање на вештачки политички субјекти чија единствена цел е да го ослабнат опозицискиот блок и да му обезбедат дополнителни гласови на следните избори.

Огромниот пад на ВМРО од 150.000 гласови, целосно урнатиот рејтинг на Мицкоски поради лаги и економски колапс, како и фактот дека граѓаните сфатија дека биле измамени на минатите избори, го принудуваат да размислува за предвремени избори.

Мицкоски знае дека СДСМ е зајакнат, дополнително, како дел од широкиот граѓански Фронт за вистина и правда, претставува сериозна закана по неговата власт.

Затоа му е потребен нов сателит, ново орудие кое ќе работи на повеќе страни и ќе се обиде да го повтори сценариото од минатите избори.

Ова е класичен пример на политичко инженерство од најлош вид.

Наместо да се соочи со реалните проблеми на граѓаните, Мицкоски продолжува да гради паралелни структури чија единствена мисија е да ја одржат неговата власт преку манипулација и поделба на гласовите.

Мицкоски не прави нова политичка сила. Тој прави нов механизам за контрола на изборниот процес и за поделба на опозициските гласови. Исто како што го правеше и со ЗНАМ.

Двапати истата лага нема да помине. Граѓаните не се наивни.

Доаѓа времето на вистината и правдата,с е наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотен бран и во Македонија: Температурата и до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. 

Топлотен бран и во Македонија: Температурата и до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Според прогнозата на УХМР, под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе достигне до 39 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер