3ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
ЖивотСветска програма за храна: Гладот зема се поголем замав во светотНад 45 милиони луѓе во 43 држави во светот се на работ на гладување, а несигурноста меѓу луѓето за тоа дали ќе биде обезбеден следниот оброк нагло се зголеми низ светот, предупреди Светската програма за храна (WFP).Скокот од 42 милиони на почетокот на годината на 45 милиони луѓе во опасност од глад денес е последица на ситуацијата во Авганистан, каде што дополнителни три милиони се соочуваат со глад, соопшти агенцијата на ОН со седиште во Рим. – Десетици милиони луѓе се на работ на понорот. Судири, промена на политика и Ковид-19 го зголемија бројот на гладните, истакна извршниот директор на Програмата за храна Дејвид Бизли по патот во Авганистан, каде беше донирана помош за околу 23 милиони луѓе. – Цените на горивата растат, цените на храната вртоглаво пораснаа, ѓубривата стануваат поскапи, сите овие фактори поттикнуваат нова криза како онаа што сега се случува во Авганистан заедно со веќе старите кризи како оние во Јемен и Сирија, рече тој. За да се спречи гладот во светот, потребни се седум милијарди долари, што е зголемување во однос на побараните 6,6 милијарди долари на почетокот на годината. Светската програма за храна истакнува дека семејствата се соочени со ужасни избори, па така принудени се да ги повлекуваат децата од училиште, сè помлади девојчиња да се мажат, или своте деца да ги хранат со кактусови лисја или скакулци. Медиумските извештаи од Авганистан предупредуваат дека семејствата се „принудени да ги продаваат своите деца во очајнички обид да преживеат", според ОН. Во Сирија, 12,4 милиони луѓе не знаат како да го обезбедат својот следен оброк и таа несигурност за храната е најголема од почетокот на војната пред десет години во таа земја, соопштува WFP. Гладот е присутен во Етиопија, Хаити, Сомалија, Ангола, Кенија и Бурунди, додава Светската програма за храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
СветИнцидент со авионот на Трамп (ВИДЕО)Воениот персонал случајно активирал надувувачки тобоган за евакуација во претседателскиот авион непосредно пред американскиот претседател Доналд Трамп да се качи во авионот и да се упати кон Далас за Националната конвенција на Републиканците.Неговото заминување беше одложено, изјави денес извор запознаен со ситуацијата. Изворот изјави за „NBC“ дека инцидентот го натерал Трамп да остане во хеликоптерот неколку минути, наместо веднаш да излезе од претседателскиот хеликоптер за да се качи во авионот, како што обично прави. Трамп на крајот искочил на пистата додека службениците го проверувале тобоганот, по што им рекол на новинарите дека само „го проверуваат тобоганот“ и дека нема безбедносни проблеми. What if the plane you were about to board had a mind of its own?#AirForceOne #Trump #Military #Boeing #Malfunction #BreakingNewsUSA pic.twitter.com/efqdbeZo2n — JQJO USA Politics English (@teamjqjo) September 10, 2026 „Не, го провериле порано и само сакале да се уверат. Сакаат да се осигурат дека сè работи совршено“, рече Трамп. Кога го прашале дали верува дека авионот е безбеден за лет, Трамп одговорил: „Да, инаку не би бил во него“. Авионот слета безбедно во Далас, неколку часа подоцна од очекуваното. Американскиот претседателски авион беше подарок од катарското кралско семејство, кое минатата година му подари на Трамп суперлуксузен џамбо џет авион Боинг 747-8.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаСДСМ: Нови 1,3 милијарди евра задолжување за подготовка на предвремени избориПокрај веќе 2,5 милијарди евра што ја задолжи Македонија за две години - како ниту една влада досега, Мицкоски планира уште нови задолжувања.За 35 години сите влади заедно ја задолжија Македонија со околу 8 милијарди евра. Сега, за две и кусур години, Мицкоски ќе ги задолжи нашите деца и внуци со 4 милијарди и ќе го подигне вкупниот долг на 12 милијарди евра. Сè ова заради лично богатење и останување на власт. Мицкоски дал налог за нови задолжувања. Мора да обезбеди пари за да прикаже „успеси“ на Владата преку започнати проекти и да обезбеди средства за избори - преку криминални тендери. Покрај изборниот закон што сака да го протурка за да обезбеди модел за изборна кражба, подготвува и пари за купување на изборите. Веќе сме сведоци, сега веќе јавни, на договори за предвремени избори. Се спомнува пролет - како веќе договорен термин со ДУИ. Мицкоски без пари во касата и без ниту еден резултат мора да смисли нови измами. Повеќе не поминуваат лагите од претходната кампања. Време е за нови. Статистиката повеќе не му поминува. Приказните за „трета економија“, „први во туризмот“, „најевтино гориво“ и останатите бесмислици не можат да ги убедат празните фрижидери и празните паричници. Сега мора да смисли „хеликоптер“ пари. Парите ќе паѓаат од небо - наскоро. Прво поделба по моделот на Ванчо Михајлов на „елита“ и „талог“. Потоа анти-ЕУ кампања преку постоечките ВМРО-Орбанови медиуми и оние нови што ги увезува од Вучиќ за да му објаснат на народот дека ЕУ „не чини“. Тука началник Латас и неговата Ивона ќе имаат многу работа. Единствено што нема да го има е Вучиќ. Почнуваат избори во Србија и се очекува крај на таа криминална власт. По падот на главниот ментор Орбан и истрагата за кинескиот кредит, Мицкоски нема да може да издржи пад на вториот ментор - Вучиќ. Мицкоски е прочитан. Народот не е наивен. Ниту со музиката на Дејвид Гета, ниту со „нула денари“ за настап, ќе може да ги убеди дека живеат добро. Доаѓа пролет. А тогаш сè се менува. Граѓаните тоа веќе го знаат. Власта мора да се земе од рацете на криминалната организација. Македонија мора повторно да биде слободна. Македонија треба да биде европска. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска наставаИзминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок. Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема. ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар. Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците. Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава. За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи. Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара. Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината. Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook