Светска премиера: „VW Golf GTI Clubsport“ - Канал 5

Светска премиера: „VW Golf GTI Clubsport“

„Volkswagen“ ја претстави новата, подобрена „Clubsport“ верзија на моделот „GTI“.

Светска премиера: „VW Golf GTI Clubsport“

Овој автомобил има 2.0-литарски четирицилиндричен мотор кој испорачува 296 КС и е еден од најмоќните автомобили со погон на предните тркала на пазарот во моментов.

Максималниот вртежен момент е 400 Nm, а „100“ достигнува за 5,6 секунди - тоа е само 0,2 секунди побавно од конкурентната „Honda Civic Type R“.

Максималната брзина на „Clubsport“ е 267 km/h во пакетот „Race“, а стандардно 250 km/h. Остана без мануелен менувач, па сега има само седумстепен автоматски. Воопшто не постои рачна опција.

Овој модел се одликува со нов софтверски пакет, а како и претходната „Clubsport“, оваа верзија е малку пониска од стандардната „GTI“.

YouTube video

Што се однесува до надворешноста, предниот браник е уникатен, а има и огромен заден спојлер. Значката „VW“ е осветлена, додека фаровите се редизајнирани и може да се вградат со „VW IQ Light LED“ светилки.

Внатрешноста е збогатена со 12,9-инчен инфозабавен систем и 10,2-инчен дигитален инструмент табла, кој работи на најновата верзија на оперативниот систем „MIB“ на германскиот бренд.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Пратениците во парламентот во Нов Зеланд ќе го разгледува поднесениот предлог закон за забрана на користење социјални мрежи за помлади од 16 години.

Младите до 16 години да не користат социјални мрежи- нов предлог закон во Нов Зеланд

Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален идентитет.

За непочитување на обврските, платформите би можеле да бидат казнети со глоба до десет проценти од нивните глобални приходи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер