Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
АвтомобилизамСветска премиера: Ова е новиот „Alfa Romeo Tonale“ (Фото)„Alfa Romeo“ претстави освежена верзија на „Tonale“ за 2026 година.Новиот модел носи промени во дизајнот, ентериерот, технологијата и гамата на погонски склопови, со воведување на ново специјално издание и три нови бои на каросеријата. Премиерата се одржа во Пиза, град избран поради неговата симболична важност и поврзаност со уметноста и технологијата. „Tonale“ 2026 продолжува да се позиционира во сегментот на компактни премиум „SUV“ возила, каде што се натпреварува со модели како „Audi Q3“ и „BMW X1“. Однадвор, автомобилот добива нова решетка на ладилникот во стилот на „33 Stradale“, со пошироки траги на тркалата и намален преден препуст. Се нудат и нови 20-инчни алуминиумски тркала и освежени логоа во црно-бела варијанта. Внатре, промените во материјалите и деталите се забележливи - достапни се нови комбинации на бои, вклучувајќи црвена кожа со контрастни шевови. Сите седишта имаат осумнасочно електрично прилагодување, греење и вентилација, додека ентериерот е збогатен со кожа и алкантара. Палетата на бои на каросеријата е проширена на вкупно осум нијанси. Новите метални бои се „Rosso Brera“ (црвена), „Verde Monza“ (зелена) и „Giallo Ocra“ (жолта), кои се приклучуваат на постоечките тонови – „Nero Alfa“, „Bianco Alfa“, „Grigio Vesuvio“, „Verde Montreal“ и „Blu Misano“. Достапен е и опционален црн покрив со панорамски шибер. Технички, „Tonale“ 2026 ја користи познатата механичка основа, но со одредени подобрувања. Верзијата со 1,5-литарски турбо бензински мотор и благ хибрид сега развива 175 коњски сили, што е зголемување од 15 КС во споредба со претходната верзија. „Plug-in“ хибридот со погон на сите тркала нуди две конфигурации на моќност - 190 КС и 270 КС. „Alfa Romeo“ не прецизираше дали е подобрен опсегот во електричен режим, кој кај неговиот претходник беше околу 61 километар. Шасијата користи независна „McPherson“ суспензија напред и назад, со електронски контролирани амортизери и „Brembo“ четириклипни сопирачки. Системот за управување има сооднос од 13,6:1, што треба да обезбеди попрецизен одговор. Во однос на технологијата, „Tonale“ 2026 добива 12,3-инчна дигитална инструмент табла, 10,25-инчен мултимедијален екран со безжична „Apple CarPlay“ и „Android Auto“ конекција, како и поддршка за ажурирања преку интернет. Безбедносната опрема вклучува помош на возачот од ниво 2, со системи како што се адаптивен темпомат, предупредување за напуштање на лента, автоматско сопирање со препознавање на пешаци и велосипедисти, следење на мртви точки и асистент за сообраќаен метеж. Достапни се и камера од 360 степени со „поглед од дрон“ и полуавтоматско паркирање. Новата линија на модели на „Tonale“ се состои од четири нивоа на опрема: „Tonale“, „Sprint“, „Ti“ и „Veloce“. Основниот модел носи „LED“ светла, 17-инчни тркала и напредни безбедносни системи, додека повисоките нивоа нудат поголеми тркала, навигација, спортски детали и електронски контролирана суспензија. „Alfa Romeo“ планира да одржи сличен ценовен опсег како и сегашниот модел, со проширена понуда на мотори - дизел, хибрид и „plug-in“ хибрид. Извор: Б92Тагови: Alfa Romeo светска премиера Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook